Што прават денеска
Милорад Цајиќ - Цајо
менаџер
Секое утро, па и ова, ја носам ќерка ми Ана Петрула в училиште. Во текот на претпладнево имам неколку состаноци врзани околу спонзорствата на „Леб и сол “. Остатокот на денот е исполнет со тековните работи на порталот на Мај фешн“. Во 16,15 часот ја земам ќерка ми од училиште и заедно ја чекаме мама да се врати од работа.
Даница Митиќ
стоматолог
Почетокот на работната недела - утринско кафе во „Броз“, читање на дневните весници, а прв е „Утрински“ како најомилен. Потоа одам на работа, вообичаена рутина и средба со клиенти, сите до еден пријатели и луѓе што во десниот џеб ја носат насмевката и позитивната мисла. Ако ми влијае инспиративно, вечерта ќе ја поминам во некое кафуле.
Ана Шутиноска
водител
Мислам дека рано утрово ќе пристигнеме од Охрид во Скопје, и јас стандардно, понеделнички сум на работа во радио Антена од 10 до 12 часот. Денов ми е посебен по тоа што ќе присуствувам на коктелот што го приготвува бендот „Bei The Fish“, по повод пуштањето на нивниот спот на регионалниот канал МТВ. |