Домашните телевизии и Бум ТВ ја расипаа калимерата
Канал 5, Телма, Сител и Алсат-М донесоа одлука за исклучување на своите програми од платформата на Бум ТВ
Миркица Поповиќ
Четири национални телевизии не сакаат веќе да се дружат со Бум ТВ. Канал 5, Телма, Сител и Алсат-М донесоа одлука за исклучување на своите програми од платформата на Бум ТВ. Директорите на овие телевизии вчера испратија писмо до „Oне“ и „Диги плус мултимедија“, кои се одговорни за Бум ТВ, во кои ги предупредуваат дека доколку продолжат со нерегуларно преземање на нивните телевизиски сигнали без одобрение, тоа ќе се смета за акт на пиратерија со легални последици според македонското законодавство.
Телевизиите преку објавувања на своите интернет-страници го осудија однесувањето на Бум ТВ, и покрај нивната забрана. „Иако Бум ТВ нема потпишан договор за реемитување на програмските сервиси на највлијателните телевизии, ниту има техничка можност за емитување на дигиталниот сигнал, словенечката компанија спротивно на легислативата за авторски права го пресретнува аналогниот сигнал на Канал 5 и се' уште бесправно го емитува и го продава како дел од своите пакети“, беше истакнато вчера на веб-страницата на Канал 5, кои се оградија од одговорност за информациите, според кои, корисниците на Бум ТВ ќе можат да ја следат програмата на националните телевизии. „Ги информираме сегашните и идните претплатници на овој сервис дека нема да бидат во можност да ги следат Лигата на шампиони на УЕФА, англиската Премиер лига, италјанската Калчо лига и другите програми на Канал 5, Сител, Алсат-М и Телма“, се наведува во објавата.
Според заедничкото соопштение на телевизиите, тие се одлучиле на овој чекор поради нерасчистени деловно-технички односи со Бум ТВ. Како што наведуваат, повеќе месеци се обидувале да ги усогласат условите и начинот под кои ќе се емитуваат на Бум ТВ. Сепак, во писмото испратено вчера до операторот, директорит�� на телевизиите истакнуваат дека се подготвени да ги продолжат разговорите за продолжување на соработката и усогласување на условите за реемитување на нивните програми преку платформата на Бум ТВ.
Од „Диги плус мултимедија“ преку соопштение информираа дека се изненадени од изјавите на овие четири национални телевизии. „Сакаме јасно да потенцираме дека „Диги плус мултимедија“ како правен субјект во чија сопственост е Бум ТВ, има согласност од сите национални телевизии и има потпишано договор со ТВ Телма за реемитување на нивните програми“, се вели во соопштението. Од „Диги плус“ велат дека комплетната документација за ова е прописно регистрирана и доставена до Советот за радиодифузија, каде што може да се провери дека програмите на македонските национални телевизии се емитуваат на Бум ТВ според пропишаната законска регулатива. „Диги плус мултимедија ќе биде активна во решавањето на ова недоразбирање, кое, се надеваме, ќе заврши за задоволство на сите страни“, стои во соопштението.
Несогласувањата меѓу овие четири телевизии и Бум ТВ се појавија откако А1 телевизија влезе во платформата на Бум ТВ и склучи договор за дистрибуирање на овој пакет, иако претходно овие две страни беа речиси завојувани. Канал 5, Телма, Сител и Алсат-М и пред извесно време реагираа и предупредија дека ќе истапат од Бум ТВ поради нарушена конкуренција на пазарот и доминантна застапеност на А1 телевизија во пакетот на Бум ТВ.
Ova sto BUM TV odnosno Slovenecki telekom go pravi vo Makedonija neka se obide da go pravi vo maticnata drzava nego najdoa selo bez kucinja pa kje ne teroriziraat so velija...
Од: majka
Датум: 13.05.2010 11:14:55
od Mesecinata se gleda deka ima tezok kriminal (najblago-kriminalno neznaenje!) vo Sovetot za radiodifuzija. Toj e osnovniot generator na SITE problemi vo ovaa oblast. Znae li da objasni, na primer-koja dejnost ja vrsi TV Bum? Se drzi li Sovetot do Strategijata za radiodifuzija i pravilata za digitelizacija? NE! Od rakav trese dozvoli, izjavi, resenija bez osnova...Aman!
Од: јас
Датум: 13.05.2010 11:20:04
Што ТВ ќе да е тоа БООМ , кога од 40 канали , 15тина се домашни ТВ-канали. А другите канали се „ситна боранија“.И сето тоа да го плаќам 400-500 ден./месечно..
НЕ, ФАЛА !!!350 ден за кабловска тв со 60-70 канали и предоволни се , а тука е и сателитска та ТВ ( РТЛ , ТВ НОВА и сличните ).Па сега удрете математика...
Од: Nasite TV na najniuski grani
Датум: 13.05.2010 12:30:54
Nasite tnr nacionalni TV se sramota, samo goli suvoparni vesti od stabovite na SDSM i VMRO, kupeni hrvatski i turski sapunici, razni ekskluzivi bez nikakva inventivnost - kopija na hrvatskiot ekskluziv, neinventivni tnr tok sou so nabodubni i neobrazovani i netralentirani voditeli, i so polno prepotentni nedoobrazovani tnr novinarcinja. A gi imama nad 20 TV, sto nikade go nema, ama site po 12 saati emitoraat samo reklami, a sopstvena prrodukcija nula. Hrvatska i Srbija imaat samo po 3.4 TV, ama v redat, produciraat i imaat navistina obrazovani voditeli i novinari,
Од: vesna
Датум: 13.05.2010 14:22:15
синока го слушав Латас како кажуваше дека Бум тв нема право да ги пренесува македонските тв. Прашувам зашто ТВ Сител сеуште ја рекламира Бум тв. Синока во една серија имаше да не претерам две или три реклам иза Бум