|
|
|
|
|
|
Мислења
Да преживееме за да живееме!
Гордан Георгиев
2011 ќе биде година на преживување, но и одлучност дека сакаме да живееме. Бидејќи оваа власт без малку ни го одзема правото на нормално живеење
ОЧИ ШИРУМ ОТВОРЕНИ
Во целиот очај што не' заплисна изминатава година, која на политички план ќе остане запаметена како година на разбеснетиот бик, се обидувам да најдам оптимистичка тема за 2011 година. И ја наоѓам. 2010 ќе ја (зло)паметиме по целосната деструкција на системот наречен „македонско општество“, по смислените тектонски удари по институциите, вредностите на луѓето, иднината на овој народ... и, секако, по уништувањето на илјадници лични и семејни животи на знајните и незнајните јунаци во оваа држава.
Нема да правам ретроспектива на настаните, бидејќи оние што се подготвени и натаму да мижат пред ова насилство и да се потпираат на својата куса меморија, не се достојни за спомнување. Тие се веќе отаде црвената линија. А поетот убаво кажа: кој не помни, одново ги доживува работите. И додека ние што помниме ги преживуваме настаните, „преживарите“ од власта полека ги мласкаат и последните росни ливади со детелина и киселец. И тоа ќе го издржиме, да не берат гајле. Така, 2011 година ќе биде година на преживување, но и дефинитивна одлучност дека сакаме да живееме. Бидејќи оваа власт без малку ни го одзема правото на нормално живеење, граѓаните на следните избори ќе бидат исправени пред проста дилема: сакам да живеам или сакам да преживувам?
Без дилеми, и 2011 ќе биде историска година за Република Македонија, колку и да изгледа излитена оваа фраза во изминативе „години на опасно живеење“. Мојата антиутопија за следните месеци е дека ни претстои период на денацификација, деконтаминација, па дури и дератизација во одредена смисла. Во овие аспекти јас сум оптимист. Воздржан оптимист сум на темата „преживување“. Колку и да изгледа нестварно за некои луѓе, но контрастот на новогодишните лампиони и елки над Собранието на Република Македонија и изгладнетите тутунари пред Собранието е слика и прилика на нашата држава изминативе години. Се чудат случајните минувачи, разулавено трчајќи низ скопските бутици и шопинг- центри, кога ги гледаат тутунарите пред парламентот (без вода во очите) како го бараат она што им следува и она што им било ветено: леб, леб, леб.
За жал, ќе има уште многу поводи за чудење во наредниот период, се' дури некои луѓе не сфатат дека во Република Македонија постојат повеќе Македонии. Едната, онаа речиси во ексклузивен посед на власта и на криминалците, каде што се живее убаво и богато, под „стаклено ѕвоно“ и без никакво чувство за реалноста. Другата Македонија, земја на депресивни луѓе, неслободни луѓе, сиромашни луѓе, кои едвај се борат да преживеат и да задржат минимум достоинство во нивните животи. И третата, Македонија на крајно бедни луѓе, кои ретко ги гледаме, ретко не' гледаат, кои буквално од дома не можат да излезат, бидејќи немаат ни по 100 денари на ден. Можеби има и четврта, петта, шеста Македонија... „Истражи ја Македонија“- вели скапата реклама на Владата.
2011 година ќе биде тешка и за опозицијата. И за власта и за нас, повеќе од извесно, е дека на следните избори ДПМНЕ ќе биде поразена и ќе имаме нова влада. Груевски имаше подадена рака да го распушти парламентот и да се обиде да извлече минимален пораз на предвремени избори. Сега веќе е доцна. Сега поразот ќе биде убедлив. Но, тоа веќе не е поентата. Тешкиот предизвик за опозицијата е како да овозможи минимални услови и да му помогне на народот да го преживее периодот до следните избори, кога и да бидат распишани. Можеби ви звучи невообичаено опозиција да прави планови како да преживее народот, но тоа е реалноста во државата пет години од владеењето на Груевски. Власта секојдневно покажува дека воопшто нема интерес да ги решава секојдневните проблеми на граѓаните. Нивната неспособност и алчност за правење лични богатства комплетно ги заслепи. И не само тоа, власта не покажува ни елементарна емпатија и сочувство кон оние категории граѓани што се најзагрозени. Порано барем правеа нажалени лица дека им е многу тешко кога граѓаните страдаат. Сега останаа само гримасите и иронијата.
Се урнал мостот во село Ногаевци, селаните се комплетно отсечени од цивилизација, министрите никаде ги нема да најдат некакво прелиминарно решение за тие луѓе. На социјалните случаи не им се исплатени пари, функционерите молчат и се подготвуваат за прослава на Нова година. Тутунарите на 30 декември беа пред Собрание, вицепремиерот раскажува од собраниската говорница дека на истите тие луѓе никогаш не им било подобро. Здравството се распаѓа, министерот вели дека реформите биле од епохално значење. Заштитен знак на оваа власт е негрижата за „малиот“ човек.
А бидејќи една од главните идеолошки определници на социјалдемократијата е солидарноста, СДСМ ќе се обиде да поведе иницијативи и акции за помагање на граѓаните да ја преживеат оваа елементарна непогода до следните избори. Настрана меѓупартиските препукувања, ние мораме солидарно да се свртиме кон граѓаните, да им подадеме рака и заеднички да се обидеме да ги минимизираме катастрофалните последици од владеењето на ДПМНЕ. Да ја направиме 2011 година на солидарноста. Веќе не е предизвик да се победи катастрофалната политика на Груевски, вистински предизвик е да се преживее до следните избори, за потоа да можат граѓаните да здивнат и да почнат да живеат.
П.С. Најсоодветна честитка за Нова година Владата доби токму од тутунарите. Цела година власта се китеше со сопствените „заслуги“ за субвенциите на тутунот, две години ги тераше кутрите луѓе да садат што повеќе тутун, за фактурата од тутунарите да пристигне на крајот од годината. Нека им служи на чест и оваа манипулација.
(Авторот е потпретседател на СДСМ) |
#
|
Статијата е прочитана 1801 пати.
|
|
|
|
|
|
Од: Крт |
Датум: 31.12.2010 12:31:42 |
|
Како прилог на вашата колумна би додал и уште нешто. Го прочитав интервјуто на министерката за култура, во еден дневен весник што ,,прв дознава,, ама изгледа дека последен ги разбира работите, во кој изјавува дека не ја интересирало што мисли Ивановски,туку што мислат граѓаните за нејзината работа.Малку ми е незгодно да го напишам тоа што го мислам за неа како граѓанин. На министерката Канческа Милевска и посакувам многу блокови каса-прими, затоа што кога-тогаш следуваат и многу непроспиени ноќи. |
|
|
|
|
|
|
Од: gimi |
Датум: 31.12.2010 12:46:56 |
|
Во едно се согласувам со тебе сакаме да живееме, а не да преживуваме.Само што тоа живеење на чело со Бране и неговите „слепи“ следбеници е утопија. Се уверив во тоа досега во два наврати.
|
|
|
|
|
|
|
Од: Трпе |
Датум: 31.12.2010 16:05:23 |
|
Македонија е земја како болесник кој се заразил од тешка заразна болест во последните четри години.Незнам дали ке има доктор кој ке може да ја излекува или да ја оставиме да си умре.Причината е во тоа што ,овој кој ја зарази,трошоците ги направи толку големи што и неколку генераци нема да може да му го исплатат лекувањето на болниот. |
|
|
|
|
|
|
Од: Nova 2011 |
Датум: 31.12.2010 17:05:23 |
|
Se dodeka Niklolce ne moze da vidi podaleku od nosot i od sopstveniot djep so ovaaa vlada ke se propaaaga realno. Treba da se sedne na masa i da se napravi eden vozrasen muabet so opozicijata isto taka i so Grckata diplomatija se dodeka ogledaloto e na vesterkata od Crvenkapa nema da se resi nisto - Ali sepak sigurno ima nekoja sila i ja gleda borbata za opstanok na stecajcite na tie sto prezivuvaat den za den na toj´malecok Makedonec koj sedi i place vo sobata i se cudi sto se pravi so negovata rodna zemja. Se nadevam deka Egejcite ke si gi dobijat svoite imoti vo Grcija i se ke trgne na POARNO!!! Se nadevam dedo mraz postoi posto uste Gospod i dedo mraz se tie sto ke mu pomognat na obicniot maliot Makedonec. |
|
|
|
|
|
|
Од: jovan |
Датум: 31.12.2010 18:02:55 |
|
2011 ke bide ista kako i site izminati dvaesetina godini, so isti problemi, samo sega mnogu,mnogu zgolemeni. Ako ja preziveeme,ke bide dobro, ako ne, svetot i onaka odi napred, nikogo ne ceka, pa ke se snaogame koj kako znae i umee vo toj svet.Nesakam da zvucam pesimisticki,no mesto za optimizam realno gledano veke nema.Ostanuva nekoe cudo da se sluci sto ke bide vo nasa polza,pa da se vrati optimizmot.Realnosta e:prezadolzenost,osiromasen narod,oslabnata drzava prevzemena od nekolku kriminalni familii,tivka izolacija....seto ova e ogromen problem koj ne vetuva nisto ubavo,a samo cudo moze da go promeni ova,ili pa da dojde"nekoja budala"i da pocne da im kine glavi na tie nekolkumina koj dobro ja zgrapcile vo kandzite ovaa drzava.Grujo e nikoj i nisto,barajte gi onie koj se krijat pozadi nego.Toj i onaka na kraj ke go zrtvuvaat kako najgolem krivec,a siromaskiot poima nema vo kakva mreza(mafija)e vpletkan. |
|
|
|
|
|
|
Од: karokan |
Датум: 31.12.2010 18:15:04 |
|
E,g-dine Gimi,vcera dobi preodna ocenka po matematika,no denes ne ja dobivas istata za makedonski jazik.
Ce mora da podnaucis i povtorno na polaganje!!! Na popraven!!!
Osobeno si zag;lavil so gramatikata,ednina i mnozina
Koga,da receme.ce zboruvas za tebe ce upotrebuvas ednina,a ne mnozina.
Primer; Ne nie ziveeme dobro,tukui jas ziveam dobro.Poradi takvoto nepoznavanje na gramatikata i ti se slucila onaa posledna recenica vo tvojot
komentar!!!! .
|
|
|
|
|
|
|
Од: Читател |
Датум: 31.12.2010 19:47:56 |
|
E мој господине Вие навистина сте храбри штом излегувате да пишувате колумни.Јас мислам оти Вие сте го изгубиле компасот и сте во некоја Ваша виртуелна реалност.Можеби оваа влада не е добра се согласувам,но што направивте Вие сите овие години освен криминал,а што е најлошо и јавно го поддржувате.Не сум партиски војник ниту мислам да бидам само од страна ги гледам работите.А Вие мој драг господине треба или да направите нешто револуционерно во СДСМ или да се скриете во глувчвска дупка. |
|
|
|
|
|
|
Од: ФЕЛИКС |
Датум: 31.12.2010 21:13:58 |
|
Сосема накратко,се додека имате во своите редови високи функционери со ,,канибалистички,,однесувања знајте дека сосема сте лоша алтернатива за оваа власт.Не дека овие ептен ги ,,бива,,туку вие сте како опозиција никакви,безидејни,дури и опозициски ветувања не ги спроведувате (програма,влада во сенка).Се додека вакви индивидуи егзистираат како ,,канибалистот,, народов ќе нема избор. |
|
|
|
|
|
|
Од: nacional-patriot |
Датум: 31.12.2010 21:42:18 |
|
Bravo za grizata za siromasnite gragjani sto vrzuvaat kraj so kraj i bravo za vasata zelba da im se pomogne.Samo zosto dodeka bese na vlast,SDSM ne se grizese za tie gragjani?Gi ograbuvase i zatoa nekoi od niv se siromasni.Ne im bese gajle za nivnata polozba i zatoa povekjeto od tie lugje gledaat koj e najgolemiot vinovnikot za nivnata beda.Gordane,vasata partija nema namera da im pomogne na tie lugje,bidejki koga mozese da im pomognete ne im pomognavte,tuku prodolzivte da gi ograbuvate.Namerata na SDSM e da im napravi uste edno zlo na tie lugje,da gi obezlici so toa sto saka da prifati dodavka na imeto na drzavata.so toa bi im go smenile i identitetot,no narodot toa nema da vi go dozvoli i pak SDSM ke bide ubedlivo porazen na izborite. |
|
|
|
|
|
|
Од: девичанецот |
Датум: 01.01.2011 02:00:03 |
|
Гордане!
Сите убаво видовме аир од владеењето на СДСМ и нема смисла понатаму да не убедуваш.
Туку ако си паметен, одбери си друга партија или оформи си партија, направи економска програма која би се реализирала, без разлика на личните интереси.
Тогаш некој можеби во нешто ќе ти поверува,а на овој начин само се трошиш за џабе самиот себе си, а ги малтретираш и читателите. |
|
|
|
|
|
|
Од: flying-monaco |
Датум: 01.01.2011 12:55:27 |
|
Abre Gordan prekinete so negativnonastroeni videte malce vie sto mozite da storite, ama izgleda nisto i od vas ne biduva ostavetegi neka rabotat...a vas srekna 2011-ta godina |
|
|
|
|
|
|
Од: Boban |
Датум: 01.01.2011 16:05:35 |
|
Vo tekstot samo zaboravivte da navedete koga predviduvate deka ke dojdete na vlast "na prolet" ili "na esen" odnosno ke bide zeska politicka prolet ili esen....ha, ha, ha |
|
|
|
|
|
|
Од: До Flying Monaco |
Датум: 01.01.2011 18:57:07 |
|
Пет години се оставени да работат!Ништо не сработиле,туку го „работат“ народот!Доста им е! |
|
|
|
|
|
|
Од: strumica |
Датум: 01.01.2011 23:42:05 |
|
Edna Mirka poveke ja citaat od tebe GORDANE taka da ne se nadevaj mnogu na pobeda iako ke te razocaram sum clen na SDSM. |
|
|
|
|
|
|
Од: неутрален опозиционер |
Датум: 02.01.2011 12:29:36 |
|
Да Горане, постојат повеке Македонии денес, но за тоа и партијата на која припаѓаш придонесе бајаги! Нпр. 10 години Владите на РМ ги држеа платите на образованието замрзнати сметајки ги како државна админстрација (!), па денес, еминентни универзитески професори, со сите потребни "нишани", се борат да го зачуваат своето достоинство со понижувачки ниски плати, па при контактите со колегите од другите земји се срамат да ја кажат вистината по тоа прашање. А воведуваме европски и светски критериуми за кфалификација и оценување работата на професорите! Каква иронија и цинизам и понижување за професорите, каква неинформираност, некомпетентност и незрелост на политичките елити во нашата земја... |
|
|
|
|
|
|
Од: Neutralen glasac |
Датум: 03.01.2011 07:46:35 |
|
Odlicna kolumna, no so edna golema zabeleska... SDSM da razmisluvase vaka i da gi gledase problemite na sekojdnevnite gragjani koga bese na vlast, ke bese super... sekogas ucime otkako ke zgresime ili veke nema da sme na vlast, neli e taka? Kako i sekogas se potvrduva pogovorkata: Sit na gladen ne veruva!! Site vie pratenici si imate odlicen zivot i bas vi e gajle za gragjanite osven koga gi koristite da dojdete na vlast, neka ima nekoj hrabrost da priznae konecno. Ne se igrajte so drzavata, ne mozete protiv 2 milioni ludje da odite, koga togas ke eskaliraat rabotite i ke se soocite so besot na gragjanite. Definitivno potreben e nov politicki sistem i celosno novi partii i lica, a bidejki toa nema da se sluci za brzo vreme, Makedonija ke tapka vo mesto... edinstveno resenie e napustanje na ova malo bedno parce zemja i zaminuvanje vo normalniot zapaden svet, kade sto se ceni trudot i soodvetno se plaka! |
|
|
|
|
|
|
Од: ivo |
Датум: 03.01.2011 11:05:29 |
|
Ako ja tuzam RM ,za izgubeno gragjansko pravo na rabota, za nevrabotenost zaradi drzavno -partiski intervencionizam, zaradi opstopoznati sostojbi na opsta i masovna nevrabotenost i ako baram da mi plati osteta, bi go izgubil sporot!"Vo imeto na gragjanite".... Sudot bi me odbil so obrazlozenie deka samiot sum vinoven, ne sum se borel, ne sum baral, molel, ne sum brkal vrski, ne sum formiral partija ili firma za da si se vrabotam.... i t.n, itn, bla, bla ,bla ...! Taka bi odlucil sudot , i bi presudil vo imeto na gragjanite , no taka mislat samo onie sto se vo kastata " vraboteni vo zadadenite uslovi" Ostanatite , a toa se poveke od 50% od gragjanite , bi rekle deka imam pravo na osteta od drzavata , i deka sudot ne e pravicen! Vo vakvi "de jure i de fakto situacii" za da ne dojde do besmislen anarhizam , partiite ili treba nesto da prezemat i da storat so opstestveno politickiot sistem vo koj se ostvaruvaat - neostvaruvaat gragjanskite prava, ili da se samoukinat kako stetni |
|
|
|
|
|
|
|
|