Број 3471  петок, 31 декември 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Македонија
Економија
Хроника
Анализа
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Дипломатски магазин
Фељтон








Site Meter
Хороскоп
Хороскоп

ОВЕН

Неверојатно е како деновиве се обидувате по секоја цена да бидете поинакви од она што сте. Но, внимавајте малку, зашто тоа може да Ви се врати кога се во прашање Вашите домашни. Релаксирајте се, Нова година е!



БИК

Луѓето од Вашата непосредна околина ќе бидат неверојатно тврдоглави во спроведувањето на своето. Обидете се да се издигнете над целата ситуација и да им простите за нивното однесување. Празниците го бараат тоа!



БЛИЗНАЦИ

Имате сила, па не е лошо да ја искористите за средување на некои работи во домот. Без оглед дали станува збор за генералка неколку часа пред Нова година, ќе успеете во своите намери куќата да ви блеска!



РАК

Генијални сте! Се наоѓате во љубовна врска што воопшто не Ви одговара, но се однесувате како статист - само стоите и посматрате. Па, добро, што мислите? Обидете се во Новата година да ги средите чувствата!



ЛАВ

Викендов ќе слушнете вест што ќе Ве замисли. Иако имате поддршка од својата подобра половина, тоа нема да биде доволно за остварување на Вашите цели. Вечерта уживајте. Од понеделник решавајте ги проблемите!



ДЕВИЦА

Имате страшна потреба да ги остварите своите деловни планови во што пресудна улога ќе имаат поддршката и соработката од Вашето сакано лице. Затоа, дозволете му да влезе во Вашата душа. Се' друго само ќе се појави.



ТЕРЕЗИЈА

Ако некој ви се допаѓа - земете ги работите во свои раце. Вечерашната прослава ќе биде во Вашиот знак. Ќе анимирате друштво, ќе ширите добри вибрации. Слободните Терезии вечерва ќе доживеат катарза!



СКОРПИЈА

Празничниот викенд е идеален за исправување на љубовните грешки и пропусти. Уживајте со сакото лице што го запоставивте во последно време и верувајте - нема да Ви биде потребно многу труд за да го орасположите.



СТРЕЛЕЦ

Преполн празничен викенд со разни средби и дружење. Се' е в ред, но имате еден мал проблем- не сте расчистиле со своите емоции. Новите познанства се базирани исклучиво на физичката привлечност, а старите почнаа да Ви стануваат здодевни.



ЈАРЕЦ

Не се оптоварувајте со она што би можело да се случи во иднина. Сконцентрирајте се на сегашноста и имајте на ум дека иднината ја прави сегашноста. Затоа дајте го максимумот од себе во овој момент, а задоволствата ќе следуваат потоа.



ВОДОЛИЈА

Моментно имате речиси болна потреба за самодокажување, а тоа ќе Ве доведе до проблеми во љубовната врска . Но, и за тоа има решение: бидете малку поприродни на дочекот и се' ќе ви оди од рака.



РИБИ

Не се излудувајте во обидите да ги забрзате работите врз кои немате конкретно влијание. Убаво и смирено завршете го она што е во Ваш домен, а оставете го останатото. Празници се, престанете да барате влакно во јајце!


#
Најди! во Утрински
 

What will 2011 bring for the Western Balkans?
Last news update on WAZ.EUobserver
Croatia moves closer to concluding EU accession talks