Што прават денеска
Адријана Алачки
пејачка
Утрото секогаш го посветувам на ритуалот со јога-медитација, како и на семејно кафе-дружење. Веќе во 9 ч. одам на фризер, па на предновогодишна забава во Етносело од 11 ч. Се надевам дека попладнево ќе имам време за одмор, пред да продолжам на настап, на една семејна веселба во „Холидеј ин“.
Бранко Ајтов
претседател на ОФС Неготино
Пресреќен сум што повторно ќе се дружиме со нашите добри пријатели од ОФС на Гази Баба од Скопје. Овие средби меѓу нашите два сојуза се одржуваат веќе 24 години, наизменично во Скопје и Неготино. Сега е нашиот ред да ги пречекаме нашите пријатели од Скопје, да одиграме пријателски меч во мал фудбал, а потоа заедно да се дружиме.
Борче Начев
актер
Конечно, еден слободен викенд пред мене. Откако завршивме со премиерата на претставата „Немој ти мене Фауст“, сега останаа да се завршат само некои отпорано заостанати ситни обврски. Сепак, викендов се ��увствувам слободен да се препуштам на предновогодишното расположение. |