Хороскоп
Овен
Вложувате голем напор и фанатично и' приоѓате на работата. Морате да водите сметка за тоа да не ги прецените сопствените можности и да не предизвикате контраефект. Посебно треба да внимавате кога се во прашање неморалните постапки. Ве поддржува семејството и саканата личност.
Бик
Доколку ги убедувате другите, ќе постигнете успех. Нагласена е смислата за дипломатија, способноста на подучување, но и признанието отстрана - сето тоа ви влева сила и влијае врз вашето добро расположение. Предност давате на работата и на меѓучовечките контакти.
Близнаци
Вие сте со променливо расположение и нарав, намуртени и незадоволни, и тоа без особена причина. Полесно ви е да паднете во депресија и од се' да кренете раце отколку нешто конкретно да превземете. Не давајте се! Разменете го искуството со пријателите, па ќе најдете излез.
Рак
Иако имунитетот е на долната граница, а нервниот систем благо протресен, сепак сте активни. Знаете да одолеете на предизвиците. Пречувствителноста и чувството дека никој не ве сака е само субјективно. Сите всушност ве сакаат, само тоа тешко допира до вашето срце.
Лав
Иако на прв поглед сте срамежливи и смирени, вашите чувства се многу бурни. Во емотивната врска многу од вас се чувствуваат повредени, па се обидувате нешто конкретно да направите и да ја промените состојбата. Тешко ќе успеете во тоа, бидејќи ви недостига одлучност.
Девица
Убави вести и многу пријатни, незаборавни моменти со партнерот. Ако сте осамени, овие денови можете да доживеете љубов каква што не сте доживеале никогаш. Излегувајте што повеќе и дружете се. На некои случувања малку можете да влијаете, но не секирајте се, се' ќе се среди.
Терезија
Не дозволувајте нервозата да ја доведе во прашање вашата емотивна врска. Обидете се да се смирите и да не реагирате импулсивно. Однесувајте се разумно, практично и мудро. Почекајте ги своите пет минути и ќе биде токму онака како што сакавте.
Скорпија
Многу од вас ќе имаат главоболки и конфликтни ситуации. Контролирајте ја нервозата бидејќи можете да бидете склони кон ексцентрични постапки. Бидејќи по природа сте перфекционисти, константно сте незадоволни со постигнатото и се стремите кон повисоки цели.
Стрелец
Се колебате меѓу повеќе понуди. Ќе бидете во ситуација долго да размислувате и повторно да не бидете начисто како да постапите. Повеќето случувања денес се врзани за домот и семејството. Доколку некој ви понуди дополнителен извор на приходи, прифатете
Јарец
Смислата за натприродното е комбинирана со интуиција. Искористете ја оваа состојба на вистинскиот начин. Бидејќи менталната конституција ви е чувствителна, подложноста на негативни влијанија е изразена, но не барајте утеха во седативи, туку свртете се кон духовна еволуција.
Водолија
Причината поради која сте нервозни навистина е индивидуална. Бидејќи сте личНост која највеќе се нервира на работа, најверојатно е дека ќе бидете незадоволни од соработниците. Бидејќи се работи за променлива состојба, издржете го предизвикот и обидете се да бидете издржливи.
Риби
Мислите дека работите не се одвиваат во саканиот тек, па нервозите се неминовни. Обидете се на ваш својствен начин да ги санирате, да сочувате здрав разум и од кризата да излезете како победник. Начинот не е едноставен, но е возможен. Смирување побарајте кај пријателите.
|