Број 2923  петок, 27 февруари 2009
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Претходен број


Site Meter
На прво место

Има проблеми, но Македонија ги почитува човековите права

Во земјава најслаба алка во човековите права, според Стејт департментот, се полицискиот и судскиот систем

Тамара Грнчароска

Македонија, генерално, ги почитува човековите права на своите граѓани, иако постојат проблеми во некои области, стои во годишниот извештај за почитување на човековите права на американскиот Стејт департмент, објавен вчера.

Извештајот на 23 страници го „чешла“ почитувањето на човековите права во земјава каде што американската администрација ги лоцира проблематичните области во судските и во полициските процедури, вклучувајќи ги тука и апсењата за сторен криминал, но и во одолжувањето на судските реформи и политичкиот притисок и заплашувањата кои негативно влијаат врз ефикасноста на судството.

Во делот од извештајот за слободата на медиумите се наведува дека острите критики од власта за медиумското известување кое го смета за „непатриотско“ негативно влијаеле врз слободата на печатот, додека за меѓуетничкиот соживот оцената е дека „напнатоста меѓу македонското и албанското население продолжува да влијае врз разни области, како што се образованието, вработувањето и политичкото учество“.

Поединечно по области, извештајот во делот посветен на тортурата, казнувањето и нехуманиот однос наведува дека постојат проверени извештаи дека полицијата повремено употребува прекумерна сила при апсења, но и злоупотреба на затвореници.

Условите во затворите во Македонија „едвај ги исполнуваат меѓународните стандарди“, се наведува во извештајот. Како проблем во извештајот се забележува и етничкиот дисбаланс во полициските сили, со 20,3 проценти припадници на етнички малцинства, што не ја исполнува пропишаната квота од 25 проценти. Проблем во полициските сили останува и „недопирливоста“ на нејзините припадници за сторени незаконски дела, иако е забележано подобрување во тој дел. За разлика од другите години, во 2008 година не се забележани случаи на полициско насилство врз ромското и врз албанското малцинство, иако Албанците продолжуваат да се жалат на дискриминација во институциите, особено во делот на правичната застапеност. Македонците во тој дел се жалат на „повратна“ дискриминација.

Во извештајот за Македонија во делот за судството се наведува дека и покрај неговата прокламирана независност, Владата, политичките притисоци, заплашувањата и корупцијата влијаат врз судството. Проблем во таа област е лоциран и во делот на неимплементирањето на бројните судски реформи од страна на Владата. Забележано е и неефективно имплементирање на законот за казнување официјални претставници за корупција, со забелешка дека загрижуваат случаите на корумпираноста во судскиот и во полицискиот систем.

Во делот за медиумите се наведува дека тие се поделени по етички и политички линии, особено кога станува збор за битни политички прашања. Владата, генерално, во практика ги почитува правото на слобода на говор и на медиумите, иако има обвинувања на сметка на Владата за притисок, па дури и закани против медиуми кои не ја фаворизираат во своите извештаи. Во делот на слободата на пристап до Интернетот, се наведува дека пристапот е слободен без какви било владини мониторирања.

Македонија во извештајот е опишана како земја во која постојат предрасуди спрема хомосексуалците, при што тие се навредуваат и дискриминираат од страна на работодавците и од официјалните претставници, додека медиумите, главно, објавувале антихомосексуални стории.

Што се однесува до македонското малцинство во соседните земји, во извештајот за Грција стои дека грчката влада „не признава постоење словенски дијалект, наречен македонски“ од страна на лицата кои го говорат во северозападниот дел на земјата. „Мал број лица кои говорат на словенски инсистираат да се самоидентификуваат како ’Македонци’, термин што наидува на жестоко противење од страна на другите Грци“, стои во извештајот. Американската влада го наведува тврдењето на овие лица дека грчката влада спроведува политика чија цел е да ги обесхрабри да го користат сопствениот јазик. Според Стејт департментот, владата во Атина и судовите го отфрлаат барањето на словенски групи да се идентификуваат како Македонци, со образложение дека околу 2,2 милиона етнички и лингвистички грчки граѓани, исто така, го користат терминот за нивно идентификување.

Во извештајот за Бугарија, под одделот „слобода на здружување“, се наведуваат проблемите со регистрирањето на ОМО „Илинден“-ПИРИН.


Статијата е прочитана 467 пати.

Испрати коментар

Од: nekoj
Датум: 27.02.2009 03:01:57
Sto se odnesuva do sudstvoto mislam deka izvestajot, odnosno toa sto e preneseno vo ovoj napis ne e nisto od stvarnosta vo praksa. Pa za tuzbi protiv drzavata, politicarite, novinarite i meguetnickite zavrzlami nie nemame sudstvo tuku vo tie oblasti sudi Vladata odnosno politikata. Dokaz VMRO gi p[ovlekuva site tuzbi protiv novinarite poradi izborniot ciklus.
Од: K.J. Kavadarci
Датум: 27.02.2009 10:55:18
Грција не ги почитува човековите права па е земја членка на ЕУ, врши терор врз Македонија со непризнавањето на името и отфрлање на секакви тези дека постои македонски народ и македонска Држава, зошто ЕУ не пишува извштај и за земјите членки во ЕУ па да се превземе нешто.

Најди! во Утрински
На прво место
Лустрацијата опасно оружје во изборната пресметка