Број 3645  понеделник, 01 август 2011
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска








Site Meter
Политика

Интервју

Нашите банки не се засегнати од кризата

Тони Стојановски, член на Управен одбор во Стопанска банка

Растот на каматата на еуроиборот ќе креира притисок
за нагорна корекција на каматните стапки во домашната економија, вели Тони Стојановски, заменик-генерален директор за управување со ризици, член на Управен одбор во Стопанска банка

Соња Маџовска

Должничката криза ја зафати цела Европа. Дали новиот пакет на ЕУ за Грција влева оптимизам и какви ќе бидат реперкусиите од грчката криза врз македонската економија и банкарскиот сектор?


Справувањето со економските кризи во пазарните економии, по правило, бара зголемено трошење на државата, а во крајна линија тоа води кон нејзина зголемена задолженост. Притоа, имајќи ги предвид интензитетот и распространетоста на последната голема економска и финансиска криза што ја погоди светската економија, очекувано беше зголеменото трошење на државите за санирање на последиците од кризата да доведе одреден број земји да се соочат и со проблемот на задолженост. Во такви услови, неминовно следи повеќегодишен процес на намалување на задолженоста, како на приватниот, така и на јавниот сектор во овие земји, а во крајна линија тоа ќе резултира со намалени капитални приливи во земјите во развој. Сепак, со оглед на фактот дека банките во Македонија ја финансираат својата кредитна активност од домашни извори на финансирање и не зависат од странските финансиски пазари, не се очекува должничката криза во ЕУ позначајно да влијае на кредитниот и депозитниот раст на домашните банки. Дополнително, македонските банки немаат изложеност спрема долгот на земјите што се соочуваат со должничката криза и од тој аспект не се засегнати од зголемениот кредитен ризик на овие земји. Секако, негативните ефекти од процесот на намалување на задолженоста во засегнатите земји врз нивната економска активност може да има ефект на намалена извозна побарувачка за македонските производи, кој не се очекува да биде значаен, имајќи ја предвид структурата на македонскиот извоз. Во однос на одобрениот нов пакет мерки за Грција, сметам дека Европската унија направи храбар чекор и со тоа докажа дека доследно стои зад фундаменталните вредности во економијата што ги застапува Унијата – единствена валута и единствен европски пазар.

Стрес-тестот што европските супервизорски органи го спроведоа укажа дека, сепак, некои грчки банки треба да се докапитализираат. Какви се резултатите на НБГ?

Стрес-тестот што неодамна беше спроведен врз 91 банка од земјите од ЕУ покажа дека најголем дел од нив или 82 банки се доволно капитализирани и отпорни на негативни екстерни шокови. Тестот не го поминаа девет банки, од кои пет од Шпанија, две од Грција (АТЕ банк и ЕФГ еуробанк) и по една од Германија и од Австрија. Според резултатите што ги објавија институциите на ЕУ, Националната банка на Грција располага со капитална сила што е за околу две милијарди евра над лимитот одреден од европските супервизори. Со тоа НБГ, како најголема банка во Грција, е една од најдобро капитализираните банки во Европа.

Следејќи ги најдобрите банкарски практики, Стопанска банка во текот на првата половина од 2011 година, исто така, спроведе стрес-тест што ја потврди нејзината стабилност и сигурност, поткрепена со најголемиот капитал во Македонија од близу 200 милиона евра.

Колку беше очекуван потегот на Европската централна банка за зголемување на каматните стапки и како тоа ќе влијае врз домашните банкарски камати?

Да, ваквиот чекор на ЕЦБ можеше да се очекува. Имено, забрзаното закрепнување на водечките европски економии во услови на засилени инфлаторни притисоци наметна потребата од затегнување на монетарната политика во еврозоната. Секако, со оглед на фактот дека Македонија е мала и отворена економија, со високо ниво на евроизација, овие трендови во еврозоната ќе креираат притисок за нагорна корекција на каматните стапки во домашната економија.

Гувернерот Богов најави дека ќе има промени во насока на ослободување на ликвидноста кај банките, дали тоа може да влијае врз зголемувањето на кредитната активност ?

Намалувањето на потребата за држење ликвидност, главно, ќе влијае на трошоците поврзани со финансиското посредување на банките, а со тоа и на цената на нивните услуги и во крајна линија на вкупната кредитна активност. Сепак, битно е да се напомне дека нивото на кредитирање на приватниот сектор, како и досега, најмногу ќе зависи од понудата на издржани и профитабилни проекти за финансирање. Во тие рамки, Стопанска банка Скопје во текот на првата половина од 2011 година одобри 20 илјади нови кредити во вкупен износ од 220 милиона евра.

Како ја заврши Стопанска банка првата половина на 2011 година? Дали растот на нефункционалните кредити покажува дека ликвидноста се' уште е главен проблем кај македонските компании и дали тоа влијае врз профитабилноста на банките?

Следејќи ја својата стратегија за балансиран раст поставен на здрави основи, каде што нивото на капитал и сигурноста на банката има приоритет пред нивото на профитабилноста, Стопанска банка за првите шест месеци од 2011 година оствари добивка пред резервации од 8,7 милиони евра, односно пет милиони евра по издвојување на резервациите. Притоа банката успеа да го зајакне квалитетот на своето кредитно портфолио, при што нивото на нефункционални кредити на крајот на јуни е пониско во однос на истиот период минатата година и пониско во однос на просекот на банкарскиот сектор. Со ваквите резултати, Стопанска банка и натаму останува банка што нуди стабилност и сигурност и таа секогаш е блиску до своите клиенти.


#
Статијата е прочитана 641 пати.

Испрати коментар

Од: jovan
Датум: 01.08.2011 00:22:10
Nasiot bankarski sistem e skoncentriran kaj 5-6 banki.Tri"golemi"koj drzat nad 80% od"bankarskiot pazar"i uste 3-4 koj go delat ostatokot i se borat da se priblizat kon"golemata trojka"Site drugi banki se"propala rabota"i ziveat od kamatite sto im gi plaka drzavata za obvrznici/zapisi(do koga ke plaka drzavata,i toa e znak prasanje)Da ne gi spomenuvam bankite od"dnoto"koj ne ispolnuvaat ni osnovni kriteriumi za bankarstvo,ama ete poradi"vrski i prijatelstva"(i politicki pricini)se toleriraat.Vo drzavava se uste nema"rang lista"da se vidi koja banka kakva"ocenka"ima i kolku vredi.Bankarskiot sistem ni e siguren,ako gi gledame samo ovie prvi 6-7 banki.Ako gi pogledneme poslednite 2-3 banki,toj e teska katastrofa no voedno i humoreska,kako seto toa opstanuva i na koj nacin(nekade ima i kriminal,perenje pari i slicni zavrzlami)Koj e prosekot,tesko deka moze tocno da se odredi.Inaku nasite banki pretezno rabotat so parite od domasnite stedaci za razlika od drugite koj imaat i"stranski"pari.
Од: Трпе
Датум: 01.08.2011 10:24:30
Нормално дека банките нема да бидат засегнати со криза,кога нашата влада се бави се непромислени мерки.Тие работат во интерес на банките.Еве и со последната социјаслна мерка за субвенционирање при купување на стан.Наместо да се бават со обезбедување на стандард и работни места.Тие народот го учат да им јаде од рака.Кој има гаранција дека ке има сигурно работно место од 20 години.Кога ке го изгуби едното да пронајде друго.Баките ке станат дилери на станови од неможност на плакање на ратите.Но на овој народ му требат уште повеке такви лаги.
Од: jimmy1
Датум: 01.08.2011 19:44:28
Sto deka bankite (ako e tocno) ne bile vo kriza, koga nie veke sme vo kriza os samoopstojuvanjeto, ali posledniov bran od koga se na vlast VMRO-DUI odnosno fasisticko teroristickata vlada ni nema spas od krizava sto e imame.

Најди! во Утрински
Политика
Раздор меѓу здруженијата на Егејците
Потомците го чуваат споменот на Даме Груев
На патот до АСНОМ (2)

"""