Прашањето со името не смее да биде игри без граници, порачуваат албанските интелектуалци
Светлана Унковска
По пехот што го доживеа Македонија на НАТО-самитот во Букурешт со грчкото вето, сега е потребно да се смират емоциите за да може да се продолжи со студени глави, но, од друга страна, и политичко-државниот врв не може веќе да си дозволи бесконечност во носењето одлуки. Прашањето со името не смее да биде игри без граници, поради кое и останавме надвор од НАТО и затоа е потребно да се изгради еден заеднички консензус по ова прашање за колку што е можно поскоро да ја отстраниме пречката за влез во Алијансата, порачуваат албанските интелектуалци. Со тоа би се пресекла во корен и најмалата идеја или можност од какви било радикализми, а дополнителна гаранција за безбедноста во државава е и специјалниот билатерален договор со кој Вашингтон ни ја гарантира безбедноста.
„Сега не смее да се остави вакуум простор и потребно е во наредниве денови побрзо да се реагира со една заедничка платформа на македонскиот и на албанскиот фактор во државава и да се изгради консензус врз основа на некои принципи. Албанците, досега, беа конструктивни и дадоа целосна поддршка за спорот со името, само да се успее да се влезе во НАТО. Но, таа идеја старее, нема крајни рокови, што може да значи дека повторно ќе имаме некакви игри без граници и повторно ќе ја тераме прикаската. Предолго се чека и ние мораме во овие шест месеци да го решиме овој проблем и веќе еднаш да станеме членка на НАТО“, вели Ризван Сулејмани од Институтот за политички и интеркултурни студии. Изјавите и на македонскиот претседател и на премиерот дадени пред нивното заминување од Букурешт, според него, оддаваат впечаток дека се сака да се најде оправдување за целата ситуација.
„Мора да се крене нивото на одговорност, зашто во политиката нема неодговорност. Како да не знаевме дека ние се граничиме со Грција и имаме одреден проблем, но во политиката е ако не знаеш - зошто не знаеш, а ако знаеш, зошто си дозволил да дојде до тоа и политичарот не смее да бара оправдување, туку да најде начин да го реши проблемот“, категоричен е Сулејмани.
И политичкиот аналитичар Мерсел Биљали смета дека поскоро мора да се изнајдат сили и решенија за побрзо излегување од оваа состојба и побрзо да влеземе во глобалните процеси на НАТО и ЕУ, каде што се креираат развојните политики.
„Од причина што НАТО за Албанците во Македонија има многу големо значење, тие го доживеаја ова како голем удар и своевиден пораз. Но, секако е погрешно она што се пласира дека сега ќе се искористи ситуацијата за некакви радикални идеи кои ќе ја нарушат безбедноста. Договорот што ќе го потпише Македонија со САД со кој ќе се гарантира стабилноста на државава не имплицира ништо ирационално, туку има за цел да ни даде поддршка за нови странски инвестиции“, смета Биљали.
„Ваквиот договор со САД е најдоброто нешто за нас што произлезе од Букурешт“, вели Алберт Муслиу од Асоцијацијата за демократска иницијатива. Тој во ова препознава знак на пријателство и помош од САД за да се продолжат демократските процеси, но, сепак, смета дека не смее да се пролонгира решавањето на проблемот со името што и натаму би го одложило членството во НАТО.
„Периодот не е ограничен, туку се предлага да биде пократок поради нас. Во извесна смисла имаме условена покана за која не треба да чекаме самит, туку таа ќе стане валидна кога ќе се реши спорот со името“, вели Муслиу.
Sve shto barash kje napravime jimmy, samo da se vratis vo RM
Од: Obie do jIMMY1
Датум: 07.04.2008 10:00:48
Kosova bilo i ke bide na Kosovarite. Sme bidele i ke bideme vo ovie prostorii sakale vie Srbomani ili ne.
Од: jimmy1
Датум: 07.04.2008 06:49:29
Pregovorite za imeto se minato i treba da se prekinat. Za Grcija ne e problem imeto, tuku postoenjeto na Makedonija, narodot makedonski koj sekogas go negirala. Grcija se plasi od srusuvanje na balkanskiot zid odnosno ponistuvanje na Bukureskiot dogovor od 1913, se plasi da ne gi izgubi zlatnite polinja vo egejska Makedonija od koi cela Grcija se hrani.
Drugo treba da se prestane so prodazba na Grcite nasi pretprijatija i kompanii. Iako nudat najpoveke nisto da ne i se prodava, bideki seto toa ke odi na nasa steta, kako sto toa se slucuvase vo Kosovo uste vo 80tite godini, koga albancite nudea 5 pa duri i 10 pati poveke od vrednosta na imotite od srbite, samo za da go albaniziraat Kosovo i da gi iselat Srbite. Vo toa uspejaa i Kosovo od srpsko stana albansko. Istoto kaj nas go pravat Grcite, i ne e cudo ako eden den recat deka cela Makedonija e Grcka. Na komsija ne treba nisto da mu se prodava, zosto so toa komsijata se siri a nie se poveke se stesnuvame, postanuvame bezimotni.
Од: Od Kicevo
Датум: 07.04.2008 03:51:35
Pocituvana od nekade mie poznato prezimeto,navistina ubavo i mislite na Makedonija,mora vo alijansata,sto preti albancite nema da e napadnat vo nato se i eu,ke bidat,bugarite isto taka,srbite i tie neznam vo paket izgleda cekaat,no jaas imam eden predlog,da se obratite vie kako narod do g.dja Bakojani i g.Karamanlis i da go zamolite,da mu recete deka se custvuvate kako grci i da vi dade pasosi,ili drzavjanstvo,ne e losa ideja,ama mislam na site predanivi pocnuvajki od vrvot,posto i tie se spremni sega pazarat nesto vo paket i nesto da ulovat,vakvi politicari,neznam za Kiro jadea trici, so firom,ama ovie i identete nekat,pa ajde da se pogrcime sto velite,vo nato i eu vednas,ama posle Dora,posto e Pandora Atanasova i Kostas e od Proti-seres tamu makedonci se,znam deka ke ve stavat vo nekoj logoj na smrtta i da umirate poleka,nemase pirova pobeda,grcite se losi,kolku sto mozev po likot na dora i kosta mislam deka ve sozaluvaa,jas toa im go vidov vo ocite,pusti predavnici,mislam i na tie