Број 3648  петок, 05 август 2011
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Екон��мија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Онлајн вести








Site Meter
Анализа

Си велам

Македонија темен вилает

Ерол Ризаов

Кадифената диктатура прераснува во режим

Македонија се претвара во темен вилает каде што граѓаните живеат во страв. Навидум демократските избори и вревата во повеќепартискиот парламент се само покритие за прикривање пред домашната и светската јавност на нашата кадифена диктатура, која непречено од никој помина во тоталитарен режим со сериозни огран��чувања на човековите права и слободи и со смртен удар врз медиумските слободи.

Правната несигурност на граѓаните и злоупотребата на партизираните судови и полицијата заедно со сите институции на системот се драматично секојдневје. Еве докази за овие тврдења за кои како и секогаш досега ќе бидам обвинет од партиските војници и од разни други трабанти. Станува збор само за најтазе примери кои се' уште ги памети нацијава склона кон амнезија. На 6 јуни, на нецели 100 метри од македонскиот премиер, на градскиот плоштад „Македонија“, во центарот на Скопје, човек во најблиското опкружување на претседателот на Владата, припадник на специјалната полиција, брутално до смрт го претепа Мартин Нешковски, момче на 21 година кое сакало да ја прослави изборната победа на својата партија и да се качи на бината. Најмалку пет лица во високата хиерархија на Министерството за внатрешни работи знаеле дека станува збор за убиство на млад човек од специјалец, но молчеле речиси два дена. Со тоа станале соучесници. Досега, според критериумите на македонското обвинителство и судство, никој не е обвинет за обид за прикривање убиство, освен директниот убиец кој на социјалните мрежи веќе има обожаватели. Арогантниот и лицемерен однос на власта кон ова злосторство, а особено кон обидот за забошотување ги има сите елементи на застрашување на јавноста. Со специјална војна е уништено нешто најдрагоцено што го има едно општество. А тоа е бунтовниот дух на младите, нивното чувството за правда, нивната слободоумност и природен отпор кон загрозата на демократијата.

Кои се другите одлики на режимите. Сите што знаат да читаат весници без ничија асистенција гледаат дека критички пишуваат кон злоупотребите на власта само два-три дневни весници и еден неделник. Само две телевизии со национална концесија се со видлива неутралност. Во македонските редакции никогаш немало ваков некрофилски амбиент. Во ниту еден систем во ниту една криза новинарите не биле изложени на таков жесток притисок како сега. Веќе сите новинари и уредници соочени со својата егзистенција и со интересите и определбите на газдите знаат што проаѓа, што не проаѓа, што може, што не може да се пишува. Како еден заеднички главен уредник да ги подготвува вестите и ставовите на сите медиуми.

Најгледаната телевизија во Македонија згасна во директен трауматичен пренос. Возбудите траеја додека имаше слика и тон. Сега владее вселенско спокојство и катастрофална тишина. Од целата оваа рашомонијада на политика и криминал, најзагрижувачки е неспорниот факт што го знаат и децата во Македонија - А1 телевизија и нејзиниот газда Велија Рамковски до 2008 година немаа проблеми ниту со неплатени даноци, со неплатените долгови и со незаконската концентрација на медиуми. Власта на Никола Груевски, како и претходните, не само што го толерираа сето ова туку и дебело го плаќаа македонскиот медиумски магнат. Откако се раскина бракот од интереси, почна војната, во која досега сите битки ги добива власта. Повеќе пати јавно прашувавме зошто кога имаше чиста позиција да се санкционира кршењето на законот, тоа не се направи иако на очиглед на целата јавност Велија Рамковски беше сопственик на телевизија и на печатени медиуми. Тоа не е направено ни тогаш ни сега, само од една единствена причина. Власта ќе мораше да ги казни своите апологети што имаат и телевизија и весници. Кај Груевски не поминува тоа.

Кај што нема можности за обвинување, за непријателско здружување, како кај претседателот на Уставниот суд, Трендафил Ивановски, и кај невладиниот сектор, предводен од Владимир Милчин, ќе се применат методите на јавен линч со злоупотреба на Законот за лустрација. Оттогаш нема противуставни закони, а мирно е и во невладиниот сектор. Владее пакс - отомана. Жигосаните сами се бранат. Восхитувачка храброст на интелектуалните елити.

Еве едно наградно прашање. Дали некој нешто ќе му уриваше на Фијат Цановски дека украл метар и пол во висина кога дошол до седум ката, а има да се гради уште 20 ката, ако останеше во коалиција со власта. Боже пази, инспекторите да сонуваа таква работа, ќе се разбудеа во кошмар. Сега кога Цановски помина во опозиција, тоа е борба против криминалот. Тоа е битка на правната држава која не се води за метар и пол над земја, туку под земја, додека не се погреба противникот.

Или што мислите во кој општествено-политички и правен систем судските одлуки наместо судовите, ги носи парламент. Амнестија, како политичка одлука, е можна по судска пресуда. Таков случај на амнестија без судење имаше во Јужна Африка, но злосторниците мораа јавно, на радио, пред комисија, да сведочат и да го признаат злосторството. Во спротивно, нема амнестија. Во кои политички системи партиски се контролира работата на советите за радиодифузија? Каде се инсталираат невладини институти и организации со пари од буџетот за да ги напаѓаат медиумите дека треба балансирано да известуваат за власта и за опозицијата? Во која демократска земја кој професионален медиум прави баланс меѓу власта и опозицијата? Се знае сегде, освен кај нас, колкава е одговорноста на актуелната власт, а колкава на опозицијата.

И уште еден најтазе пример за мецедонише цуштенде. Видете ја интонацијата на Мартин Протоѓер кон „Утрински весник“. Зошто толкава лутина, бес и јавна нетрпеливост за една сосема професионална новинарска љубопитност, но и на целата јавност каква што е оставката на генералниот секретар на партијата на власт. Се согласувам целосно со Мартин Протоѓер дека е неопходна должна внимателност кога се известува јавноста за оставка од здравствени причини. Но, сепак, мора да признае дека збунува големата мистичност и штуро соопштение до јавноста. Чуму камења по колегите со кои Протоѓер до вчера работеше заедно и кои секогаш професионално и би рекол со респект ги третирале неговите политички активности. Каде ваква оставка поминува молкум без оглед кои се причините. Тоа е можно само во тоталитарни општества. Зошто лага дека „Утрински“ има 1.500 примероци тираж. Ич не е за фалење, ама тиражот на „Утрински“ во слободна продажба е трипати поголем од некои омилени весници на власта, а посетеноста на интернет на „Утрински“ е над 50.000 влеза дневно. За жал, од тоа се' уште не се живее. Но, во Македонија многу добро се живее од пеење оди, од апологетство и величање на власта. Тоа и Протоѓер, и јас и голем дел од јавноста добро го знаеме.


#
Статијата е прочитана 3459 пати.

Испрати коментар

Од: Perec Kifla
Датум: 05.08.2011 00:11:15
Jas samo bi kazal deka Makedonija poleka poleka zalicuva na Kratovo. Tamu vaka se vladee veke 20godini.
Од: pola BT pola VE
Датум: 05.08.2011 00:14:54
Sakam da komentiram ama nekako mi e strav da ne jadam po mucki . Samo napred G. Rizaov
Од: mene
Датум: 05.08.2011 00:30:00
demohristijanite prashtaat samo na voeni zlostornici. za zal sve sto si pisal erole e tokmu taka. zaboravi samo da spomnes i gjuner deka go iselija a ljube uste e vo pritvor i bil prislusuvan
Од: Betoven
Датум: 05.08.2011 00:30:12
Neka plukaat G-dine Erol, ke doplukaat eden den, ama izgleda ke bide kasno za ovoj NENAROD, na koj nemozam da mu se iznacudam, deka nema ama bas nikakva reakcija na sve ova sto se slucuva, kako hipnotizirani idioti odat niz ulici i mrmorat. Stravot vo koski im vlegol. Ajde ovie od opozicija nemozat da reagiraat zatoa sto odma se lepi etiketa deka sakaat da politiziraat. Arno ami ovie sto glasaa za "prerodbava" a se slucuva AMNESTIJA ( so politicka odluka) presedan vo istorijata na covestvovo, kade se da mu ukazat na firerot (liderot) do kade mu e crvenata linija. Posle amnestijata na zlostornicite, gasnenjeto na najdobrata televizija vo mk i red drugi idiotski potezi VERUVAJTE deka vo Makedonija e sve mozno.
Од: srebre
Датум: 05.08.2011 00:32:30
erol zaboravi edna rabota ....politika na poteklo od posebna rasa koja e superiorna nad drugite....nesto kako hitlerovata teorija za germancite oti bile po poteklo arijci i so toa podobri od drugite...ili kunaovci sto bi rekle za grujo r`dja me napinja r´dja me sapinja.....
Од: Marija Ognenska
Датум: 05.08.2011 00:48:35
Ви се восхитувам на храброто ипрофесионално презентирање на македонските состојби и искрено се плашам дека наскоро не че ги читам вашите текстови оти можно е да се пресметаат и со вас.Познавам огромен број луѓе кои веќе не гледаат ТВ програми оти Гебелсовиот систем има само една цел - да ги глорифицираат „големите успеси“на вождот и неговата клика.Срамно молчат интелектуалците за се што се случува во земјава, но и да сакаат да се огласат нема медиум кој би објавил критички текстови за власта.Кога кодоши се избираат по желба, кога бизнисмени се рушат по нарачка за освета, што друго ни останува освен да тониме во во молк и ужасна тишина.
Од: Коста Стоименовски
Датум: 05.08.2011 00:51:42
Авторот мошне реално ги прикажува состојбите во државата. Целосно сум согласен со него дека завлегуваме во опасна фаза од развојот на (не)демократијата, кога пресметката со политичките неистомисленици добива загрижувачки размери! Авторот мошне добро знае дека во периодот на владеењето на СДСМ јавно ги изнесував своите критички забелешки за гафовите и грешките на власта. Она што можам да му забележам на авторот е тоа што веесникот во кој тој беше на важна позиција не сакаше да објавува мои написи. Сепак, среќна околност беше тоа што во тоа време постоеја печатени медиуми кои тоа го правеа! Загрижува тоа што сегашните состојби со слободата на говорот/мислењето се полоши отколку пред петнаесетина години!
Од: antonio
Датум: 05.08.2011 01:20:28
Едно големо браво за анализата! Се што сте кажале се е така, но за жал во Македонија живее народ од сортата „празноглавци“. За нив и црното е бело ако така им наредил да кажат диктаторот. За жал, последните 6 години се најодвратните и најцрни години во историјата на Македонија. Денес во Македонија владее диктаторски режим како тој на комуњарот Лазар Колишевски, а денешните нео-колишевци од ДПМНЕ себеси се прикажуваат како „вмровци“ и „жртви на комунизмот“. Каква трагикомедија, каква пародија, невидена, нечуена.
Од: gimi
Датум: 05.08.2011 01:52:34
Како може Македонија да биде темен вилает кога имаше демократски избори. Понатаму убиецот на Нешковски е уапсен и ќе биде санкциониран,за разлика од атентаторот на Глигоров,убиецот на Диме поштарот и тн.За медиумите кои се проопозициски наклонети велите дека биле со видлива неутралност. Бре мајката тие кои јавно се ставаат во функција на опозицијата се неутрални, а другите се партиски мегафони. За А1 и за Велија демек според Вас не требало да се превземе ништо иако имало криминал, затоа што биле најгледани и со проопозициски ставови.Исто е и со Фијат и самиот велите дека украл метар и пол до седмиот кат,ако стасал до 20кат можеби ќе украдел и 15 метри.Каква е таа новинарска љубопитност за Протоѓер базирана на инсинуации и шпекулации?Велите дека во Утрински има над 50.000 влеза дневно. Во А1 тврдеа дека имале над 700 000 потписи за подршка,па сепак отидоа јабана.Очигледно е дека Вашето мислење го дели ПОМАЛ дел од јавноста, поголемиот дел мисли малку поинаку.
Од: Lazo Stefanov
Датум: 05.08.2011 02:12:15
A znaeme kako zavrsuvaat totalitarnite rezimi, a posbno vodacite.
Од: Do gimi
Датум: 05.08.2011 04:27:51
Pogolemiot del ne misli. Toa e problemot drag moj gimi. Na zdravje neka ti e mnozinstvoto. Mozes da si gu vramis i na zid da si go zakacis i da si go gledas sekoj den i da si povtoruvas: Super ni e, super sme, super ni e, super sme...
Од: Do Gimi
Датум: 05.08.2011 05:03:53
Gimi - kade odis na spremanje sto si tolku glupav!
Од: afganistan
Датум: 05.08.2011 06:09:47
Citjki gi vasite analizi me raduva faktot deka vo Makedonija se uste ima luge so j....(znaete na sto mislam bidejki ne sakam da bidam vulgaren kako urednikot na vecer)i javno da kazat sto mislat no mislam deka i za vas eden den ke izleze nekakvo si dosie ili afera za koja ako treba i ke ve osudat ama ke ve zamolcat.Iskreno se nadevam deka nema da im uspee i deka ovoj narod eden den ke vidi so kogo ima rabota duri ne stane docna.
Од: Jovo
Датум: 05.08.2011 06:43:13
Не е страшен недостатокот на слобода, страшно е умирање на волјата за слобода
Од: Александар М.
Датум: 05.08.2011 08:22:29
До коментаторите. Со толку идиоти во една држава, тешко се оди напред.
Од: seirdzija
Датум: 05.08.2011 08:32:56
Gimi ne pokazuvaj sto se covek moze da napravi za sendvic i sokce...Siguren si deka ovie izbori bea fer i demokratski???So 220 milioni evra kredit?Gimi ne samo moite ama i tvoite deca ke treba da gi vracaat tie pari,pa ti objasnuvaj im zosto imas 200 evra plata,a i toa ke go izgubis.Znaes Gimi deka sekoja gradba ima nadzoren organ?Ili sega u vreme koga se legaliziraat divogradbite po edno evro,treba da se rusi legalnoto za koe komunaliite ne se po 1 evro,taka?I so koj mozok sporeduvas atentat so ubistvo pred svedoci(javno ubistvo) i pritoa prikrieno od policajci.I vo seta bolka koj normalen bi otisol kaj semejstvoto da im kaze da ne davaat izjavi?Samo jadi go ti sendvicot i pij si od sokceto,ne si go arci mozoceto po vakvi proopoziciski vesnici...
Од: jaco
Датум: 05.08.2011 08:46:53
replika za gimi.Ocigledno i ti kako i vlasta uzivas vo totalitarniot rezim sto vladee vo makedonija po se izgleda i ti imas nekoja korist od vlasta ili pak se hranis so zloto sto se pravi na opozicionerite iako mozebi gladen si legnuvas no nahranet od kako sto rekov od zlodelata na vlasta.Ova sto se slucuva vo makedonija ne e na arno treba site d a ne zagrizuva
Од: tatoo
Датум: 05.08.2011 08:48:01
Е па Gimi тоа што го напиша е твое мислење . Голема жалост за државата и нејзиниот просперитет со народ кој мисли како тебе. Дали ја оправдуваш амнестијата? Имаш ли малку совест во себе, самокритичност и здраво расудување (без пристрасности) за состојбава во која се најдовме како држава? Не верувам и никогаш нема да имаш, зошто за такви луѓе како тебе фирерот длабоко го отвора кесето. Со такви луѓе за жал ќе ја изгубиме државата. Тој процес веќе започна одамна, а со основањето на новата влада зема галопирачки замав. Времето ќе покажи дали бев во право и дали Ерол само ломоти или ја кажува вистината која ти никогаш не ќе можеш да ја разбереш. Зошто комплексот “Македонија“ не дојди на ред за увид? Се знае. Зошто Зелениково не дојде на увид? Се знае. Ете тоа ти е мој Gimi. Знаеш што. Многу е тешко на учен-недоучен да му докажуваш нешто кое ни самиот неможе да го разбере.
Од: bitola troa skolovan
Датум: 05.08.2011 09:05:43
Do Jovo: Go kaza ona sto e najstrasnoto sto se slucuva so dva zbora nemoram da pisuvam nisto.Tragedija.
Од: sime
Датум: 05.08.2011 09:05:58
Edina uteha vo vremevo vo koe "ziveeme"se tvoite kolumni i za toa od mene golema blagodarnost.
Од: Anonimen
Датум: 05.08.2011 09:08:42
Vo ovaa drzava veke nikoj ne treba da se zali za nisto. Se imase sans ada se napravat izmeni, ama ne. Izgleda na ovoj narod mu e najubavo vaka, vo vakov totalitaren haos, vo kakov sto se naogjame sega. Prost narod silna drzava!!! NE SAKAM NI DA CITAM NI DA SLUZAM ZALENJE ZA SOSTOJBITE VO MK! Trazili ste-gledajte!
Од: realist
Датум: 05.08.2011 09:11:23
Sramota za vakov napis. Se slozuvam so gimi. Da e taka kako sto pisuvate ne bi imale sansa da gi drobite site gluposti sto gi iznesuvate. pogledne te se postojano ste na stranata na kriminalcite
Од: Миле - Охрид
Датум: 05.08.2011 09:25:15
Македони��а полека но сигурно ја освојува демократијата. Медиумите се полни со критички обраќања кон власта и кон сите нејзини преставници со име и презиме. Дел од демократијата се и плукањата по сопствената држава, лагите, клеветите, етикетите и навредите на Македонците кои се борат за своето право да постојат и кои се практикуваат во голем број на медиуми кои слободно ги застапуваат интересите на странските пропаганди во Македонија. Оние кои „немаа проблеми ниту со неплатени даноци, со неплатените долгови и со незаконската концентрација на медиуми“ полека сваќаат дека мора да се однесуваат патриотски (патриот е оној кој редовно си ги подмирува обврските кон сопствената држава). Оние кои кодошеа за да можат со помош на власта стекнуваа материјална корист се разобличуваат и нема да бидат слободни да ги малтретираат и уценуваат способните и успешните. За среќа, лажно обвинетите, имаат можност да се бранат пред судови и со помош на домашни и меѓународни организации и медиуми.
Од: ivona
Датум: 05.08.2011 09:36:03
strasno kolku covek moze da si ja otsaka drzavata ,i sekoj mig da ima pomisla da moze da izbega nekade od ovaa bedotija od drzava, vo koja se funkcionira po partiska zapoved ,a nikako po zakonite koi vo sekoja drzava se pocituvaaat ,se otide vo nepovrat ,a za kratko vreme inaetot za neresavanje na imeteo ke ne razbiti i ke ne snema ,pa ide 2012 100 godini od bukureskiot dogovor za podelba na Makedonija a sega za unistuvanje na Makedonija.treba da se javi intelektualnata sila vo makedonija protiv ovoj nenaroden rezim ama stravot e golem odma se kodosi kako si gi donesoa zakonite za da vladeat 100godini so vakov narod nenarod.
Од: Do Gimi po vtor pat
Датум: 05.08.2011 09:40:48
Kaj bese da dades komentar koga parlamentarcite na VMRO sramno ja prifatija amnestijata na hagskite slucai. Tuku vie vmrovcite ke si go date i g.... samo da ja zadrzite vlasta.
Од: Црна се чума зададе
Датум: 05.08.2011 09:51:48
Ова нашево Македонско ропство излезе потемно од досегашниве: Турско, Српско, Бугарско, Византиско ...
Од: Do kade ce odi ova?
Датум: 05.08.2011 09:55:57
Seto ova me potsetuva na germanija vo 1936 godina ili Srbija vo vremeto koga apsolutno vlkadeese vozdot Slobo, golem intimus na koalicioniot partner na Grujo, Singo i na " golemiot mediumski telal Latas.Za zal gebelstinata i stalinizacijata stana manir i nacin na odnesuvanje vo Makedonija. na sto seto toa ce izleze ce vidime,
Од: Janakiev Nikola
Датум: 05.08.2011 09:56:31
Kole 5.8.2011god. Erol mnogu dobar comentar se naogame vo losa polozba.Napiisi kako misles da se izbavime od ovaja dereze.Dali probavte i dali mozevte da napravete da ne dojdese do PLACKANE NA MAKE. NAROD.ILI ZA VAS NEPOSTOESE.
Од: Vinci
Датум: 05.08.2011 10:10:04
Bravo maestro!!Bi go dodal slednovo i bi postavil prasanje do opozicijata i intelektualnata elita,zosto site molcat na poslednive zbidnuvanja!!???Site dobro znaat i gledaat deka potpolno e naruseno vladeenjeto na pravoto vo RM.Pa nemoze samo od parlamentarnata govornica (iako so ogromno pravo), da se dejstvuva i kritikuva, bidejki obicniot graganin nema nisto od toa!!Kako mislite se cuvstvuva normalniot graganin, koga gleda kako fasizoidnite vlastodrzsci se spravuvaat so neistomislenicite od rangot na pogolemite "zverki",belki ne ocekuvate narodot da Vi kazuva sto treba da pravite, a najmalku da spiete vo "tikvi"!!!!!A za "mozokot" Gimi ke mu poracam bidejki e ocigledno portokalov moron, deka malku ke ni bide i "Mubarak" da ni se sluci!!!???
Од: Zagor
Датум: 05.08.2011 10:33:27
a,tebe ako ne ti se dopagja Makedonija,imame otvoreni granici-mars od tuka
Од: demokrat
Датум: 05.08.2011 10:36:29
Najstrasno od se e podelbata vo narodot , megu prijatelite, rodninite ,komsiite na nasi i drugite. TOA E NAJGOLEMATA GRESKA sto ja pravi ovoj rezim.Ova mora da se izdrzi. Mislam deka e edno od resenijata , da ne se gleda Sitel i Latas,koj e sluga na nekoj ne nasi - mracni sili. Da ja gledame ALFA i citame UTRINSKI. Tamu e vistinata i borbata za demokratija vo Makedonija.
Од: star Kocanec
Датум: 05.08.2011 11:34:41
Da se nadovrzam na kometarot na Afganistan,imeno go poznavam Erol ushte kako dete vo nishto se nema smeneto vo negovite hrabri demokratski stavovi.Denot se poznava po utroto(kako shto rekle nashite stari),Erol si ostana Erol i vo minatoto i denes e istiot, DOSTOINSTVEN i HRABAR kako novinar a pred se kako covek.
Од: B. Betinski
Датум: 05.08.2011 11:53:02
Celta na sekoja diktatura e grabez po site osnovi. Imame dobri iskustva od sosedstvoto. Grabez napravi Tugman, grabase Milosevik, grabaat site dektatori so koi ja plakjaat lojalnosta na svoite poslusnici, no ne se zaboravaat i - sebesi! Nesrekjata e vo toa sto Zapad i SAD indirektno go odobruva toa spored logikata: podobro diktatura otkolku haos vo nestabilni, mladi demokratii. Kako sto se gleda, ne moze nisto da se nauci od istorijata (Hitler, Stalin, Musolini, Franko, Pinoce).
Од: realen
Датум: 05.08.2011 11:54:33
G-dine Rizaov, sekoja cest. Vi se voshituvam na elokventnosta, elaboriranjeto na ovaa nasa dupka od drzava i ednostavno uzivam vo vasite kolumni. Ve molam, ostanete dosledni.
Од: od citatel
Датум: 05.08.2011 11:56:51
Bravo Erole mnogu dobra statija. Vistina e deka vo Makedonija vo ovaa vlada najmnogu se sepka. Ljugjeto diskutiraat so sepot da ne gi cue nekoj a koj, od kogo se plasat - se razbiraa od tie sto vladeat so sila,sto moze da gi nakodosot na lustratorite, sto se na vlast. A za zal na vlas se kriminalci i bolno izopaceni ljuga bez moral i moralni normi,veciti dosegasni gubitnici,isfrustrirani odmetnici, koj edinstveno umeat da mrazat.Tie se spremni da storat se za da ja zadrzaat ovaa pozicija koja VMRO mu ja pokloni kako zasluga za gadot koj go pravat vrz posteniot i dostoinstven narod. Samo ovie od vlasta treba da se zaprasat sto ponataka- tie ne zapiraat samo na onie sto mislat poinaku- toa se monstrumi bez kraj.
Од: До Миле - Охрид
Датум: 05.08.2011 12:01:00
До Миле и до сите испрани мозоци и корумпирани следбеници на власта. Треба да се провери каде отидоа парите кои власта ги одзема од народот и ги задолжи идните генерации. Проверети ги сметките во странство на членовите на фамилијата. Сите кои ги изнесоа овие работи во јавноста се затворени. Дали е ова демократија? Се спрема затворање на сите медиуми кои не се под контрола на власта. Но тоа нема да се случи постои кај народот сеуште желба за слобода.
Од: deli
Датум: 05.08.2011 12:20:08
G. Erole, vašata karikatura me potsetuva na mojot omilen heroj Cyrano de Bergerac... Pozdrav :-)
Од: mile
Датум: 05.08.2011 12:36:49
После овој во делови некрофилски напис разбирам зошто најголемиот дел од граѓаните на Република Македонија се среќни што вашиот фаворит е во опозиција и како се движат работите таму ќе остане подолго. Споредбата на демократските процеси во негово и во ова време е ко магаре и војна музика. Поздрав
Од: do Zagor
Датум: 05.08.2011 12:44:59
Ne ti e sram? Ako custvuvas frustirarnost sto obicno e pricina za losotilok, ima lek i za toa. Raboti na sebe mesto da davas soveti na drugi.
Од: kaznet
Датум: 05.08.2011 13:10:36
go citav Protuger i mi dojde na pamet ena ubava MAKEDONSKA pesna ,rno mu bilo pisano na UTRINSKI VESNIK,
Од: zoro
Датум: 05.08.2011 13:17:43
Ova sto sega se slucuva vo Makedonija posleden pat e videno od 1948-50.Malite diktatorcinja treba da znaat deka odmazdata ke bide zestoka.
Од: Трпе
Датум: 05.08.2011 13:31:48
Владата не треба да се плаши кога народот е гласен,вика и се буни.Власта треба да се уплаши кога народот ке замолчи.Познавајки ги манирите на власта ,моето друштво по вино си земавме по една членска карта од нашите патриоти.
Од: Читател:
Датум: 05.08.2011 14:26:51
Ако навистина сакаме да дадеме вистинска порака до власта и да ја натераме таа да се плаши од народот е да гледаме Алфа ТВ и да читаме Утрински. Новиот повик за отпор гласи: Гледај Алфа, читај Утрински. Ќе ја откриеш вистината.
Од: x
Датум: 05.08.2011 14:38:55
sto ste zapnale be tolku protiv GIMI neli vie kako demokrati go poddrzuvate pravoto na razlicno mislenje?
Од: nacional-patriot
Датум: 05.08.2011 15:59:49
Gledajte i citajte.Erol,novinarot koj recisi bese glasnogovornik na predavnickiot rezim na SDSM vo negovite dva i pol mandati i togas na Erol ne mu smetase nedemokratijata,sega roni krokodilski solzi za demokratijata.Sekako deka prikrivanjeto na ubistvoto na Martin e zlostorstvo i treba da bidat sankcionirani i prikrivacite na ubistvoto,no protestite vo cest na Martin i mladeskiot duh ne gi potisna vlasta,tuku onie sto bea tamu za da gi zloupotrebat mladite kako Frckovski,Milcin,Gerovski...i ostanatata predavnicka bagra.
Од: Patriot
Датум: 05.08.2011 16:00:27
Erole,ja kazuvash vistinata,no treba malku da pomislish za Tvojata sigurnost.Ili na Utrinski ke mu najdat nekoja ujdurma ili ne platen danok za toa shto go dishat vozduhot makedonski ili ke ti namestat nekoja soobrakajka.So siledjii i mafijashkata vlast da si nemash mnogu rabota.
Од: PB
Датум: 05.08.2011 16:08:18
Koga ke sfatime deka kritikata e korektor, a ne zakana e duri togas mozeme da kazeme deka sme ja pogodile celta, vaka mozeme da kazeme deka sme promasile vo centar.
Од: Виктор
Датум: 05.08.2011 16:29:39
Читајќи го написов и кометарите сфаќам дека има во оваа земја луѓе кои ми��лат. И се прашувам кај се и кај беа досега. Кај сме кога ни ги газат правата, кај сме кога прават неправди. Зашто „се што е потребно за злото да успее е добрите луѓе да не прават ништо.“
Од: респект
Датум: 05.08.2011 17:20:50
Дека Македонија е во темен вилает го гледаат и чуствуваат сите граѓани на РМ пост6ари од 18г.освен ментално ретардираните и кој друг, освен--корумпираните.До таму отиде оваа власт, што навлезе и во синдикатот, па дури и улуцата ја контролкира!!! (да испаднат гладните да бараат леб со пароли ,,бараме леб,, веднаш испаѓаат контра протестанти со пароли ,, Бранко го изеде целиот леб,,,)Се плашам, дека на ред за пресметка на власта сте Вие г-дин Ризаов и уште неколку храбри интелектуалци.Очекувам да ви смислат некој дисквалификувачки скандал.Забеганоста нема граници.
Од: orde
Датум: 05.08.2011 21:04:04
gospodin rizau hrabar si no so ovij nema hrabros neme cudi utre dave snajde istoto,ali nekoj mora dago kaze.Jas sm obicen gaganin ,sobrav sila date podrzam
Од: Od Lexus
Датум: 05.08.2011 21:18:18
Se slagam so gimi zosto tolku kleti luge nemozete da bidete demokrati kogaste na strana na kriminalcite i tranzicijata ne unistuvajtese samite so pozdrav........................
Од: девичанецот
Датум: 05.08.2011 22:00:49
Ероле! Навистина претеруваш! После два вонредни парламентарни избори, кога власта фактички беше поклонета на опозицијата гледаш темен вилает? Тоа што опозицијата не е кадарна да ја освои власта....кој е крив по тебе? Припомни си каква беше Власта со Верушот во УБК, со Џанго и компанија во МВР....какви криминални работи се вршеа...И дали тие барем еднаш беа кадарни ��а и ја препуштат Власта на опозицијата со распишување на вонредни парламентарни избори??? Навистина не ми е јасно за каква демократија зборуваш..или како ти неа ја подразбираш!!
Од: vlatce
Датум: 06.08.2011 00:26:27
Ako nekoj ima citano za Vanco Mihajlov.Na osnova na ovaj e patriot drugiot sto mi smeta(predavnik) ke go ubieme(,vo denesno vreme ne mozat tolku lesno fizicki da ubivaat,megutoa moralno i psihicki ne e problem).Taa taktika na Vanco Mihajlov ja koristi i Nikola Gruevski.
Од: George
Датум: 06.08.2011 00:34:19
А бре Ероле, Ероле, ти си темен и си за во темница, а не Македонија. Тоа го знаел и Константин. Тргни ги очилата, види ги убавините, просветли си ја душата ... така ќе се избавиш од темницата.

Најди! во Утрински
Анализа

"""