|
Хороскоп
ОВЕН
Финансиска стабилизација. Ако сте во брак, ќе има расправа, но ситуацијата брзо ќе се среди. Ако не сте, очекувајте повик од бившиот партнер. Одеднаш ќе почувствувате знаци на грип. Можна е зголемена температура.
БИК
На работното место ситуацијата ќе биде напната. Лоша соработка со колегите. Ќе имате помали трошоци и нервози поради пари. Во љубовта ќе дојде до повторување на некои ситуации отпорано. Изборот е ваш. Мигрена.
БЛИЗНАЦИ
На работа е добро. Можна е кавга со некој пријател. На емотивен план сте во неизвесност, па денес ќе бидете нервозни поради тоа. Сфатете го тоа како еден вид проверка од страна на потенцијалниот партнер.
РАК
Концентрацијата ви е лоша. Ве очекуваат несогласувања и проблеми во семејството. Таквата ситуација ќе биде актуелна само денес и утре, па немојте да се грижите. Доколку сте планирале кратко патување, одложете го.
ЛАВ
Направивте некои промени во вашиот изглед, па вашиот шарм ќе биде во прв план. Финансиската ситуација е променлива. Ќе мора повеќе да се потрудите за да дојдете до парите што ви ги должат.
ДЕВИЦА
Започнете со решавање на деловните проблеми колку што е можно побрзо. Најмногу мака ќе ви задава комплетирањето на документацијата, од која поголемиот дел недостасува. Финансиите се солидни, но ќе имате помали трошоци. На повидок е љубовна афера.
ТЕРЕЗИЈА
Денот ќе го започнете нервозни и нерасположени, но тоа нема долго да трае. Ве очекуваат неколку интересни и убави средби со пријателите. Финансиите се нестабилни. Во љубовта има и љубомора. Здравјето е добро.
СКО��ПИЈА
Забрзано се подготвувате за пат. Многу сте исцрпени, па потрудете се добро да се одморите. Заборавете на се' и уживајте во она што следува. Финансиските тешкотии ги решивте благодарение на пријателите.
СТРЕЛЕЦ
Доколку не сте во врска, ви претстои забава со личност која ви се допаѓа. Некој ваш пријател ќе биде присутен и може да се случи да ви каже нешто што нема да ви се допадне. Подобро сменете го планот.
ЈАРЕЦ
На работа ве очекуваат непријатни изненадувања, особено ако сте приватник. Некој ќе се обиде да ве излаже. Можни се неочекувани трошоци. Односот со партнерот уште денес ќе биде напрегнат. Здравјето е стабилно.
ВОДОЛИЈА
Постои можност да слушнете нешто што нема да ви се допадне, а има врска со партнерот, или со некого со кого би сакале да започнете врска. Здравствено сте се' почувствителни. Немојте да ги трпите тегобите.
РИБИ
Партнерот не е искрен со вас и тоа често се повторува. Во прашање се невини лаги, па не правете од тоа некој посебен проблем. На работното место некој ви се додворува. Финансиската состојба е нестабилна.
|
#
|
|
|