Ќе го браниме ридот и со своите животи
Дебар - Повеќе од двесте жители на дебарското село Долно Косоврасти вчера протестираа, незадоволни од односот на Министерството за економија, кое не го стопира тендерот за давање на ридот под концесија, кој е на стотина метри од селските куќи. Тие обвинуваат дека станува збор за лични бизнис-интереси, а претседателот на Месната заедница, Аџија Куртоски, им порача на министерот за економија Фатмир Бесими, како и на евентуалниот концесионер дека жителите ќе ги бранат ридот и селото ако е потребно и со своите животи. „Кој и да го добие подарокот од министерот, ќе биде спречен да влезе во селото. Единствениот мост што претставува влез во селото и ридот ќе бидат симбол на нашиот отпор поради самоволието на министерот Бесими“, порача Куртоски. (МИА) |