Вандали кршат градежни машини во Карпош
Вандали со гранитни коцки завчеравечер ги искршиле ветробранските стакла на градежните машини паркирани на улицата „Женевска“, а се користат за нејзина реконструкција. Машините се сопственост на фирмите ангажирани од општината Карпош.
Искршени се стаклата на два багера, а на еден е целосно испукано. Ова се случува втор пат, тврдат од општината, по случајот на улицата „Нереска“. Тие се прашуваат кому му пречи реконструирањето на улиците со пари од граѓаните. Од Карпош ги повикуваат надлежните од МВР да го заштитат имотот на фирмите што се ангажирани на проекти платени од парите на граѓаните. (Сн.К.)
|