Клиниката за дигестивна хирургија обезбеди квалитетен оперативен материјал за наредните три месеци. „Новата набавка е наменета за повеќе од 90 отсто од пациентите, а нејзината вкупна вредност изнесува 126.000 евра“, истакна директорот на Клиниката за дигестивна хирургија, Никола Јанкуловски. Материјалите се набавени со итна постапка откако министерот за здравство, Имер Селмани, пред еден месец ја посети клиниката, а пациентите се жалеа дека немаат одредени материјали. (Ј.Ј.)