Број 2863  вторник, 16 декември 2008
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Фељтон

Претходен број


Site Meter
Спорт

Фудбаслки вести

Манчестер јунајтед против Осака за финалето во Јапонија

Европскиот шампион Манчестер јунајтед отпатува на Далечниот Исток, по ремито со Тотенхем во Лондон (0:0), и ќе биде голем фаворит да се врати во Англија со пехарот, кој го добива светскиот клупски шампион. Јунајтед во полуфиналето в четврток ќе се сретне со првакот на Азија, Гамба Осака. „Не е вистинско време да се патува толку далеку, но ако ме прашате дали сакам Јунајтед и следниот декември да учествува на ова првенство, ќе одговорам позитивно. Тука игра само еден тим од Европа и привилегија е што сме ние тој тим“, изјави Алекс Фергусон. Во второто полуфинале ден пред тоа ќе играат Пачука и Лига де Кито.

Тошиќ не прифаќа 150.000 евра годишна плата од Јунајтед



Најдобриот фудбалер на Партзан, суперталентот Зортан Тошиќ, се врати како попарен од Англија без потпишан договор со Манчестер јунајтед. Проблем била сумата која „бебињата“ решиле да му ја дадат на Тошиќ. Неговиот менаџер Зоран Павловиќ потврди дека станува збор за 150.000 евра годишно, што, според него, е смешна сума за неговиот клиент.

„Ако Јунајтед не ја крене цената ќе бараме нов клуб“, вели Павловиќ. Сепак, Тошиќ се надева дека до крајот на годината ќе се најде заеднички јазик. „Импресиониран сум од условите таму. Сум играл и на поголеми стадиони, како на пример на „Сантајо Бернабе“ ама „Олд Трафорд“ ми остави најсилен впечаток. И односите во клубот се феноменални. Се' фукнционира како големо семејство. Постои голема почит меѓу играчите без оглед дали некој игра за кадетите или за првиот тим“, вели Тошиќ, кој бил поздравен од Алекс Фергусон: „Тој е пријатен и забавен човек. За еден час се видовме пет пати и секогаш имаше некој убав збор“, додава Тошиќ.

Севилја ја стигна Валенсија преку Вилјареал



Резултати од 15. коло во Примера: Севилја - Вилјареал 1:0, Атлетико Мадрид - Бетис 2:0, Гетафе - Мајорка 4:1, Хуелва - Осасуна 1:0, Билбао - Спортинг 3:0, Алмерија - Сантандер 1:1, Малага - Нумансија 2:0, Валјадолид - Депортиво 3:0.

Табела: Барселона 38, Валенсија 30, Севилја 30, Вилјараел 29, Атлетико Мадрид 27, Реал Мадрид 26, Депортиво 24......

Петриќ преживеал хорор-лет во расипан авион



Напаѓачот на Хамбургер, Младен Петриќ, гостуваше во студиото на ЗДФ, меѓутоа на патот за Мајнц, каде што се снима емисијата, преживеал хорор лет. Имено, ЗДФ му овозможила на Петриќ приватен лет до 550 километри оддалеченото студио. Но, половина час по полетувањето пукнал вентилот што го регулира притисокот во авионот, па летот од 10.000 метри височина бил спуштен на 3.000. „Падна притисокот и беше застрашувачки ладно. Мислев дека главата ќе ми експлодира. За момент водата за пиење, која беше покрај мене, замрзна. Кога дојдов во студиото ужасно ме болеше главата и морав да пијам апчиња“, раскажа хрватскиот репрезентативец.

Сколари: Ме боли срцето повеќе од бубрегот



Луис Фелипе Сколари има проблеми со камен во бубрегот и пред мечот со Вест Хем поради напад заврши во болница, но самиот вели дека повеќе се плашел од срцев удар, откако неговиот тим одигра само 1:1.

„Многу ме боли. Велат дека тоа е посилна болка од онаа кога жената се породува. Можеби ќе морам на мала операција, ако каменот сам не излезе. Но сега повеќе ме боли срцето. Мораше да победиме“, изјави Сколари, чиј Челзи пропушти шанса да избие на првото место на табелата.

Од друга страна, пресреќен беше тренерот на Вест Хем Џанфранко Ѕола, кој е еден од најголемите играчи на Челзи на сите времиња. „На крајот можевме да победиме, но добро е и вака. Не можев да славам, пред навивачите на Челзи. Поврзан сум со тој клуб“, призна Ѕола.

Табела: Ливерпул 38, Челзи 37, Манчестер јунајтед 32 (-1), Астон Вила 31, Арсенал 30.....

Хофенхајм есенски првак!



Чудото на Германија во својот привремен дом во Манхајм го пречека Шалке и на своите навивачи им приреди уште еден интересен натпревар. Иако, Шалке дојде до водство во 40 минута преку Асамоа, Хофенхајм заигра како што игра цела полусезона и од слободен удар преку Тебер израмни на 1:1. Пред самиот крај Ибишевиќ имаше добра шанса за победа, но топката ја удри со грбот наместо со главата, па таа пројде покрај стативата на Ноер.

Табела: Хофенхајм 35, Баерн 35, Херта 33, Баер Л. 32, Дортмунд 29, Шалке 27......


Статијата е прочитана 515 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Барај со НАБУ
Спорт
ШАХ- Победнички потег
Семејството Костовски демантира дека останува во Вардар
Вкупно 50.000 евра за ракометарките
Јуве го надигра Милан, Пандев инспиратор на Лацио за бод во Удине
Партизан ја доби Цибона во „Пионир“
Вардар ја продолжи својата серија, ја прекина на Пелистер
Русевски падна 161 место на АТП-листата!