Број 3126  среда, 04 ноември 2009
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Хороскоп
Што прават денеска
Фељтон

Site Meter
Хороскоп
Дневен хороскоп


Овен

Својата љубов претерано страсно ја изразувате, па запаѓате во расправии. Бидете малку понежни и партнерот ќе знае да го цени тоа. Неочекувана финансиска тешкотија. Денес избегнувајте да повлекувате важни деловни потези.



Бик

Необично сте нервозни во комуникацијата. Малку се повлекувате од активностите додека не ви помине лошото расположение. Ни финансиската ситуација денес нема да се подобри. Радоста доаѓа од децата.



Близнаци

Имате најдобри намери, но не успевате да ги реализирате на дело. Саканата личност е нерасположена за љубов, што дополнително ве фрустрира. Внимателно во сообраќајот и во комуникацијата со блиската околина. Проблеми со забите.



Рак

Трошоците што ги имате денес ги надминуваат вашите можности. Финансиска поддршка може да очекувате од партнерот. Неочекувана можност за заминување во странство. Бидете внимателни во возењето.



Лав

Нагласено сте осетливи, па денес лесно можете да бидете емотивно повредени. Склони сте кон бес и кавги. Креативноста ви нуди излез, па на работното место ќе постигнете добри резултати. Проблеми со личност од спротивниот пол.



Девица

Чувствувате некоја внатрешна нервоза со која не знаете како да се носите. Ви се чини дека работата со која се занимавате премногу ве заморува. Потребен ви е одмор или добро спиење. Изненадување во љубовта.



Терезија

Не владеете доволно со емоциите и сте склони кон недоразбирања. Побарајте поддршка во партнерот. Паричната состојба покажува знаци на подобрување. Соработката со пријателите е тешка. Потребна ви е релаксација.



Скорпија

Многу сте зборливи и денес ненамерно можете да ја повредите личноста која ви е претпоставена на работното место. Можете да очекувате сигурна добивка. Среќа во љубовта.



Стрелец

Желно очекувате некоја промена во својот живот. Партнерот ви се чини недоволно интересен. Изненадната посета од пријателите ви го разубавува денот. На повидок ви е добивка преку една стара личност.



Јарец

Денес не сте добро расположени. На работа сте нервозни, а во љубовта не се чувствувате исполнето. Контролирајте го незадоволството за да не ги повредите најблиските. Проблеми со стомакот, но и со белите дробови.



Водолија

Односот со саканата личност е незадоволувачки. Морате да бидете внимателни и стрпливи, инаку постојано ќе се карате. На работа ќе имате интересна понуда од вашите претпоставени. Извонредна можност за патување.



Риби

Љубовниот живот ви е нестабилен, а за тоа најмногу сте самите одговорни. Парите ви доаѓаат од продажба на недвижности или преку членовите од семејството. Обрнете внимание на исхраната, бидејќи ќе почувствувате стомачни тегоби.

 


#
Најди! во Утрински