Сузана Спасовска пејачка
Денот ќе ми започне малку порелаксирано, со масажа. Подоцна продолжувам на снимање во студио, каде што со дуото „Бакрдам“ работиме на заеднички проект. Се надевам дека ова ќе биде последниот ден од снимањето, па по напорната работа ќе следува добар одмор.
Илија Талев дир. на Агенцијата за мода, уметност и култура „Метрополис“
Најпрво имам состанок со матурскиот одбор на Средното медицинско училиште во Битола во врска со проектот ,,Мис и мистер матура 2007“, потоа со претседателот на Македонско-украинското пријателство во врска со некои проекти. Остатокот од времето ќе го искористам за состанок со фирмата „Божиновски“ во врска со модната ревија што ќе се одржи во клубот „The end“, Прилеп, в сабота, секако, сето тоа откако ќе ги завршам своите работни обврски во Пиварница - Битола.
Маја Саздановска пејачка
Ова е малку порелаксиран ден од другите. Наутро треба да завршам некои секојдневни обврски, а подоцна ме очекува малку поголем предизвик - одам на интервју за работа. Вечерта ќе ја посветам на дружење и прошетка низ градските кафулиња. |