Број 2374  петок, 04 мај 2007
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Шарена
Некролог
Време
Хороскоп
Што прават денеска


Site Meter
Хороскоп
Дневен хороскоп



Овен

Грижете се за партнерот и за децата. Ви се јавува желба да се дистанцирате од се' и да почнете да ги средувате проблемите што ги имате со околината. Загрижени сте поради разочарувањето од некого на кого безрезервно сте му верувале.



Бик

Погрешно ја проценивте моменталната ситуација, можни се извесни киксови. Штом работите малку ќе го променат правецот, почнувате да се нервирате. Ви се советува да се консултирате со лице што може да ви помогне. Реализирајте го планот за патување.



Близнаци

Наидувате на вообичаена препрека кога станува збор за работата. Не нервирајте се, така само го одложувате решавањето на проблемите. Партнерот се труди да ви укаже на грешките. Нови случувања ви го привлекуваат вниманието.



Рак

Во свој елемент сте. Се занимавате со она што го сакате, а имате и многу слободно време. Моментално единствено непријатно може да ве изненади тотална беспарица. Емотивната состојба е сјајна, може да очекувате да биде уште подобра исто како и здравјето.



Лав

Во овој период, пред се', ви недостасува виталност. Премногу сте чувствителни, а тоа ве спречува да тргнете во конкретна акција. Доколку ги одложувате обврските, ситуацијата може да стане претешка. Пораз поднесувате тешко, но никој не ви е виновен поради тоа што сте премногу суетни.



Девица

Денес треба да поведете малку повеќе сметка за здравјето. Не се чувствувате најдобро, затоа и не можете да ги остварите своите цели. Понекогаш имате чувство дека сите ве искористуваат. Грешите, околината ве почитува, само што понекогаш и' пречи вашата себичност.



Терезија

Имате впечаток дека заслужувате многу повеќе отколку што добивате. Проблемот е во тоа што ви недостасува објективност во увидувањето на својот придонес. Како и да е, сте го згрешиле системот на вредности. Крајно време е да почнете да размислувате за нова работа.



Скорпија

Повторно на сцена настапува љубовниот проблем. Не сте начисто кога станува збор за емоциите. Подготвени сте на верност и на промени. Бидете среќни, и партнерот сака да ви возврати исто. Ако сакате да успеете, потиснете ја љубомората.



Стрелец

Лесно се нервирате, а тоа може многу да се одрази на вашето здравје. Непрекинато му наоѓате мани на партнерот и покрај тоа што не можете без него. Среќа е што и тој е свесен за сето тоа, па не ви забележува. Најдобро би било во моментите на напнатост да се насочите на работата.



Јарец

Денес релативно добро се чувствувате и покрај тоа што, како и секогаш, не сте многу комуникативни. Колегијалните односи понекогаш може да бидат и нестабилни, но не треба да се грижите. Мора да бидете потолерантни кога станува збор за партнерот.



Водолија

Чувствувате страв за својата егзистенција. Не сте рамнодушни кон партнерот, но мора да размислувате малку потрезвено и да најдете компромисно решение. Се советува смиреност и реално согледување на проблемите.



Риби

Имате чувство дека некој постојано ви подметнува замки кога станува збор за работата. Никој не ве остава намира и покрај тоа што си ги исполнувате задачите, никогаш не е доволно. Мора да сфатите дека луѓето се суетни и не дозволувајте провокациите да влијаат на вас.
Најди! во Утрински

"""