Хороскоп
ОВЕН
Брачните недоразбирања и оние во јавниот живот се последица на Вашата преголема чувствителност и перфекционизам. Кога овие две особини ќе се здружат се добива нешто што може да Ве уназади. Никој не е совршен, научете како да се коригирате.
БИК
Одеднаш се' Ви изгледа потешко отколку што претпоставувавте. Опкружени сте со луѓе што се поинакви од Вас и кои го потенцираат Вашето нерасположение. Загрижени сте за здравјето на некој од Вашите блиски, но и за своето.
БЛИЗНАЦИ
Доколку имате проблеми со авторитетите, верувајте дека се од минлив карактер. Не се нервирајте. Расправиите се чисто рутинска работа. Здравствените проблеми може да се сериозни, особено кај постарите припадници на знаков.
РАК
Во Ваша близина се наоѓа потенцијалниот партнер, кој може многу да Ви помогне, но, за жал, Вие не се согласувате најдобро. Добро ќе биде да размислите и заедно да ги определите работите за кои и двајцата сте сложни. Само на тој начин ќе успеете.
ЛАВ
Време е да почнете да размислувате посериозно. Пред Вас стои ново задолжение и препорачливо е да го сработите. Подобро е да го сторите тоа или ќе се соочите со некаква казна. Докажете дека можете да работите добро и навреме, без задоцнувања.
ДЕВИЦА
Работите почнуваат да се подобруваат, а малата нервоза може да ви помогне и за поконструктивно решение. Тешко е да бидете пасивни кога некој постојано Ве нервира. Набрзо работите ќе си дојдат на свое место и ќе го добиете она што го посакувавте.
ТЕРЕЗИЈА
Пријатната ат��осфера ви влева нова сила и енергија. Ќе бидете презадоволни со новостите - партнерот ќе ја потврди исправноста на Вашите идеи, а тоа ќе Ви даде дополнителен поттик за работа. Ако сте сами, ве очекува убаво изненадување.
СКОРПИЈА
Слободните скорпии не треба далеку да ја бараат љубовта. Таа се наоѓа во нивната непосредна близина, треба само да ја препознаат и да ја прифатат, бидејќи ѕвездите им овозможуваат пријатни мигови минати во прегратките на новиот партнер.
СТРЕЛЕЦ
Прецизирајте ги своите цели зашто само на тој начин ќе успеете да внесете ред во животот и да се чувствувате задоволно. Вашата организираност ќе резултира и со финансиска поткрепа, а тоа дополнително ќе Ве израдува.
ЈАРЕЦ
И натаму сте под влијание на страстите. Љубовта, уживањето во уметноста и другите убави работи ги прават Вашите слободни моменти уште повозбудливи. Претерувате во исхраната и пијалакот. Планирате нешто спектакуларно со некоја Терезија.
ВОДОЛИЈА
Субјективно гледате на работите, па можни се киксеви, кои се однесуваат на нештата кои ви значат: партнерот, работата, парите. Може да се почувствувате злоупотребено. Не Ви е добра здравствената ситуација. Бидете објективни.
РИБИ
Ќе донесете сопствен, но болен заклучок за одредена работа. Се обидувате да функционирате како што сакате, но тешко ви оди тоа од рака зашто наидувате на разочарувања и ограничувања во околината. Никој не може да ги сфати Вашите желби и да Ви излезе во пресрет.
|