Што прават денеска
Андријана Јаневска
пејачка
Завршија обврските во МОБ и во Музичкото училиште за годинава, па што се однесува до тие дневни активности, можам да здивнам. Всушност, веќе го чувствувам празничното расположение, особено што вечерва ќе имаме новогодишно дружење со колегите од Операта. Инаку, на 30, 31 декември, како и на 6 јануари, ќе имам настап во ТЦ „Зебра“ со детски божикни песни.
Нино Леви
актер
Веќе го трчаме финишот на годинава, а мора да се привршат и подготовките за новогодишната прослава со пријателите. Во театарот до крајот на го��инава немам обврски, но затоа денеска треба да завршам една синхронизација на серијата „Долина на волците“.
Емилија Вучиновска
ПР-асистент во „Пристоп МК“
Продуктивен хаос пред новогодишниот концерт на Градскиот плоштад во Скопје. Целиот ден буквално ми е исполнет во координација со тимот на „Пристоп МК“ и завршување на сите организациски детали околу настанот. Во вечерните часови со колегите одиме на пиво и германски колбаси на Новогодишниот базар. |