Број 2936  сабота, 14 март 2009
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Фељтон

Претходен број


Site Meter
Македонија

„Утрински весник“ во „Курие интернационал“

Колумната на Ерол Ризаов " Античкиот македонизам поопасен од заушки", објавена во "Утрински весник", е преземена во последниот број на неделникот "Курие интернационал", еден од најугледните и највлијателни неделни весници во Франција ( 5-11 март). Текстот е пренесен речиси целосно на страницата "Европа", со наднаслов "Македонија" и со наслов "Опасност од еден нескротлив национализам". "Курие интернационал" е неделник чиј главен акционер е "Ле монд" и објавува избрани текстови од целиот светски печат за што има над сто консултанти во исто толку земји.

Најпосетените Интернет-портали во повеќе француски и шпански весници го објавија и отвореното писмо на Ерол Ризаов до претседателот Никола Саркози под наслов "Мисје Саркози, дојдете во Македонија". Текстот предизвика голем број реакции на Интернет-порталите.


Статијата е прочитана 534 пати.

Испрати коментар

Од: Flaster siti
Датум: 14.03.2009 01:19:53
А и тие Французите појма немаат. Зошто не преземат нешто од Вечер, на пример Латас?
Од: Dr Stojadin B.Naumovski - Coci/POMNI
Датум: 14.03.2009 03:35:35
Pa da, so vakov tekst da pisuvaat za Makedonija!? Hartijata nema da se vcrvi vo liceto! G-din Rizaov preteravte. Da ne bese ovoj tekst tendenciozen i antimakedonski mozebi ke imase nekakva smisla da go objavuvate, no vaka samo dolivate maslo vo megju-makedonskata delba po politicki linii i sirite omraza. Kolku za subverzino djstvuvanje dosta bese. Vo ovaa prilika baram od vas izvinuvanje do site Makedonci, osobenon za Dijasporata od kade sto vi pisuvam.Sto se odnesuva do vaseto poznavanje na zauskite - pokazuvate deka znaete dobro da "ispitate "odredeno prasanje, a pokazuvate i deka svesno go pravite (ne)deloto opisano od pogore.Iskreno zalam sto poleka no sigurno kako novinar odite vo sosema pogresna nasoka vo zivotot. Ete vazno go objavija napisot vo Francija. I so mene Francusko Radio napravi intervju vo 2001 godina (za "Ramkoviot Dogovor")a izrazija potpolna poddrska za nas (POMNI) zatoa sto "iznenadeni sme sto nikogo ne napagjate, no samo ja branite Makedonija..."
Од: Ace od Avstralija
Датум: 14.03.2009 12:24:10
Ne e Erol za falenje, tuku za zalenje. Tekstot e prezemen po naredba na Grcite, demek realen novinar koj realno kazuva deka nema Anticki Makedonci i dava "bozestvena " kritika. Samo ne pominuva trikot zatoa sto im upativ zabelska preku internet deka avtorot e Turcin, clen i simpatizer na SDSM i lesno se fascinizira $$$.
Од: Do StoJADIN i ACE
Датум: 14.03.2009 14:49:17
Ne, ne nie sme najispravni, nikako ne smee da si ja kritikuvame MAKEDONSTINATA. Ajde luge vidite vo kakvi fasisti se pretvorivme! Tekstot bese odlicen, i Curier International ne e nekoj "SH" kategorija vesnik da ne znae sto objavuva. Nemoj da mislite deka od svetot ne sledat sto se slucuva kaj nas i kako se zanimavame do DNK analizi za da se dokazeme direktni potomci na Alexandar. I toa stana main streem kaj nas, a ne ideja na dva-tri ludaka kako sto vo sekoja drzava gi ima. Da bea dva-trojca ce kazea "ok, normalno", ama cela vlada, cela propaganda, stanuvame fashisti dragi moi i toa go pravime so nasmevka na liceto! Strashno.
Од: Mile
Датум: 14.03.2009 22:11:58
Честитки до Ризаов. Ако во Македонија системот на вредности е сеуште анестезиран, во светот фала богу не е. Браво мајсторе!
Од: Ранко од Пуздерци
Датум: 15.03.2009 10:06:55
До АЦЕ од Австралија. Браво бе Аце од Австралија! Како ли само се сети да им испратиш на ФРАНЦУЗИТЕ интернет порака дека Ерол бил Турчин и од СДСМ! Мозоклија момче си, нема што. По мене, Ти си еден од најпаметните Македонци (имаш и мала конкуренција од д-р Стојадин-Помни), АМА САМО КОГА СИ САМ ВО СОБА!

Најди! во Утрински
Македонија
За десет години двојно повеќе заболени од рак на дебелото црево