Број 3625  петок, 08 јули 2011
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Онлајн вести

Насловна








Site Meter
Втора страница

Состојбата во мaкедонските медиуми забрзано се влошува

Во Македонија е неподносливо да се работи како новинар, оценуваат меѓународните федерации на новинари

И Меѓународната и Европската федерација на новинари вчера се огласија за лошата состојба со медиумите во Македонија. Остри критики дојдоа од претседателот на Меѓународната федерација на новинари, Џим Боумела. 

„Македонските новинари се под огромен притисок од политичарите и од сопствениците на медиумите и неодамнешните настани покажуваат дека државата ја достигнала точката на која едноставно станува неподносливо да се работи слободно во новинарството“, вели претседателот на Меѓународната федерација на новинари, Џим Боумела.

Со реакција излезе и Европската федерација на новинари, која пред еден месец на годишното собрание усвои изјава против нефер работните договори во македонските медиуми.

„Во последните години Македонија покажува лоши резултати во однос на  слободата на новинарството и ние сме загрижени што држава-кандидат за членство во ЕУ не работи сериозно на основните права, како што е слободата  на печатот“, нагласува претседателот на Европската федерација на новинари, Арне Кониг. Bildunterschrift:

„Се надеваме дека Европската комисија ќе ја земе предвид нашата загриженост при процената на напредокот на земјата кон ЕУ и ги повикуваме македонските власти да ги почитуваат стандардите за слободата на печатот и новинарските права“, додава Кониг.

Меѓународната и Европската федерација на новинари бараат од властите во Македонија да преземат итни мерки за подобрување на законодавството и примена на законите на неселективен начин за да се спречи новинарите да бидат отпуштани од сопствениците на медиумите со заобиколување на стандардните процедури.

Вкупно над 200 новинари и медиумски професионалци можат да ги загубат своите работни места во наредните месеци. Голем број новинари се под постојан притисок да работат за политички или бизнис-интереси, стои во дописот од двете организации. (Дојче веле)


#
Статијата е прочитана 940 пати.

Испрати коментар

Од: USA
Датум: 08.07.2011 02:49:31
I sto sega?? Rece rudarot i se spusti vo rudarskoto okno.
Од: k2
Датум: 08.07.2011 03:21:44
Pa gospodo od mediumite vie sami ste si krivi zasto dolgi godini bevte okupirani so FABRIKI i pogoni.....stanavte kako kucinja koj za evro plus pisuvavte se i sesto.....se pretvorivte vo plateni kurvi a ne novinari koj imaat gordost....Mozebi ovie redovi nema da gi objavite ama nekoj mora da vi go plesne vo lice......Vistinata boli.....ama ako vie sami ne se osvestite i pocnete pred se da bidete "lideri" a ne "sledbenici" se dotogas ke stradate.......
Од: Чича Мите до USA
Датум: 08.07.2011 10:16:12
А бе вморонче кое се претставуваѓкако USA, седи си таму у штабот на локалниот комитет и не пишувај саде глупости. Твојот интелектуален капацитет н е дозволува да сфатиш за што се пишува, што сакал писателот да каже. Тоа си е до „секирчето“ , а тебе „слабо ти сече“...
Од: bitola troa skolovan
Датум: 08.07.2011 10:27:52
Ako se pocna so slucajot Pero Nakov bb nie si kutevme kako toa vo Afrika da bese koga ni dojde vo dvorot lele sega nema koj za nas da pomogne taa cena ovaj narod sekogas i za se ke si ja plaka.
Од: Трпе
Датум: 08.07.2011 11:27:20
Нека е за арно во ова време,невреме во овој систем на владеење,каде нема потреба од новинари и разни пишани и електронски медиуми.Информаците ке си ги добиваме директно преку гласници.Така полека полека ке се надоградуваме и ке се унапредуваме па како и да е некако ке стгнеме до 21 век.
Од: dragan
Датум: 08.07.2011 12:17:49
Mene mnogu me zanima kade bea ovie Megunarodni faktori da se interesiraat koga se raspagase NIP-NOVA MAKEDONIJA, koga i Pande Kolemishevski davase pari na race, isto kako sega i Velija Ramkovski, i koga site ostanavme otposle na ulica??? Taka sto....ovie sega otpustenite kolegi neka ne ni glumat ludilo, ova e kapitalizam i ako gazdata nema profit, logicno e deka ke te ukine, kako i vo sekoja druga rabota....koj ke prezivee, ke raskazuva....a, vie od Utrinski ne gi krattete komentarite, neka citaat ovie od Evropa zasto i tamu e istata situacija so mediumite, a ovde kaj nas tie samo ni "dolivaat" i pravat guzva!!!
Од: davidov
Датум: 08.07.2011 12:36:52
Абе влезете и во СИТЕЛ и КАНАЛ 5 ако сакате уште пари, таман ќе ни остане да правиме чаршиски муабети, а не да плаќаме штампа и РДТ. Нека ни е Господ напомош од ова лудило!
Од: trpe od gradsko
Датум: 08.07.2011 13:27:30
Sitaucijata so mediumite e stvarno zagizuvacka i vo kriza...kako sto pocnaat da se zatvaraat ke ostaneme samo na onie provladinite i koi ja falat vladata isto kako vo kominizmot...bez nikakva demokratija i kritisko razmisluvanje...sto ke me nateraaat da ne kupuvam voopsto vesnici vo koj gledat vladini reklami i populizam bez nikakvo kricko razmisluvanje...neka kupuva onoj sto saka komunizam vo koj imase ednoumie i sega ni se zakanuva...
Од: В. Кратовалиев
Датум: 08.07.2011 16:11:46
Не ке да е проблем антивладината уредувачка политика, туку непочитувањето на законите. Има медиум, кој редовно, во континуитет, петнаесетина години е против Владата, без разлика чија била, па гајле си нема.

Најди! во Утрински
Втора страница
Продолжува лекарскиот егзодус
Психолошки тестови
Вербатим

"""