Петар Мирчевски
актер
Летово го минувам најмногу во мојата Битола, зашто не љубам баш многу по горештиниве да патувам и да се мачам низ плажите. Одвреме-навреме одам во Охрид, но најмногу за да видам нешто на „Охридско лето“, како вечерва, за премиерата на „Калигула“ во режија на Томаж Пандур.
Билјана Петровска
пијанистка
Во Охрид сум, но без обврски за настапи и проби, туку сосема одморски. Деновиве во Охрид се колегите од Македонската филхармонија, кои утре имаат концерт на „Охридско лето“, па покрај вообичаените активности - кафе, плажа - практикувам и дружење со нив. Утре, секако, ќе одам на концерт.
Роберт Насков
продуцент
Главно се приспособувам на животот во Скопје, бидејќи неодамна се вратив од одмор. Всушност, се трудам да влезам во работна форма, бидејќи во недела треба да снимам еден ТВ-спот. Па така, денов најмногу го трошам за подготовки за неделното снимање. |