Дневен хороскоп
ОВЕН
Доколку некој има забелешка на вашата работа, прифатете ја добронамерната критика. Побарајте добар совет од лице што има доволно практично искуство во работата. Без оглед на улогата што сте ја одбрале, вашето однесување верно ви го отсликува емотивното расположение.
БИК
Изнаоѓате вистинска смисла или задоволство во различни ситуации што ви влијаат позитивно на расположението и го збогатуваат вашето животно искуство. Не треба да се криете зад лажната скромност пред своите соработници или во друштво на саканото лице. Не дозволувајте некој да трпи поради вашата лоша процена или емотивна илузија, затоа постапете како што вели совеста.
БЛИЗНАЦИ
Информациите до кои доаѓате имаат практично и корисно значење. Обрнете внимание на средбите и идеите кои во иднина ќе имаат големо влијание на работата. Испланирајте некоја средба и потрудете се да го зачувате своето оптимистичко расположение. Некој пријатно ќе ве изненади.
РАК
Кај себе ја поттикнувате креативната љубопитност и упорност, но само до онаа граница која нема да претставува проблем успешно да ги остварите своите финансиски намери. Имајте на ум дека вашите соработници или пријатели имаат различни критериуми, затоа внимателно избирајте го друштвото, независно дали ве водат професионални или емотивни чувства.
ЛАВ
Во својот типичен манир реагирате премногу гордо и категорично одбивате да разговарате со своите соработници. Важно е да ги контролирате лошите навики, односно да се ставате во супериорна позиција во однос на другите. Сето тоа влијае и на односот со партнерот кој подолго време реагира на вашето однесување.
ДЕВИЦА
Не ви се допаѓаат нечии идеи, па затоа бирајте ситуации во кои можете да ги изразите своите интелектуални или практични способности. Употребувајте ги само проверените комбинации за да добиете подобра позиција. Не се согласувате со нови отстапувања во љубовниот живот, меѓутоа ќе најдете начин да го привлечете вниманието на саканото лице.
ВАГА
Инсистирајте на вистина или на детална проверка која нема да наиде на одобрување од колегите. Потребно е да ги одбраните своите ставови, без оглед на сознанието дека претпоставените многу често го менуваат мислењето. За вас е најважно правилно да расчистите со лажните илузии. Не можете да добиете се' што посакувате од саканото лице, но бидете трпеливи.
СКОРПИЈА
Важно е да ги употребите своите дипломатски манири во средба со вашите соработници. Понекогаш треба да го зачувате вашето знаење за покомплицирани ситуации или за некоја заедничка акција. Во однос на љубовта периодот не ви е наклонет, па затоа имате чувство дека работите не ви одат како што треба. Потребни ви се упорност и самодоверба.
СТРЕЛЕЦ
Реагирате вешто во различни ситуации, но без нечија подршка или асистенција целата приказна би имала поинаков тек. Затоа не дозволувајте да ви ги потценат способностите. Важно е да ја зачувате самоконтролата или да влијаете сугестивно на околината. Нема потреба да ги потиснува��е емотивните желби пред саканото лице. Партнерот сака искрено да ве изненади.
ЈАРЕЦ
Контактирајте со лица што имаат проверени информации околу работата кои ќе бидат од особено значење за вас. Своите интереси не треба да ги врзувате само со еден тим соработници туку дајте си шанса за поголеми погледи кога станува збор за работата. Нема потреба да се тешите со лажни надежи или емотивни фантазии. Сигурно е само она што е проверено.
ВОДОЛИЈА
Некој дополнително ве тера да се сомневате, па затоа мудро молчете пред да кажете нешто што не треба. Сега сте принудени да се соочите со вистината која ги отсликува сите неправилности, односно неодредени влијанија на околината. Во средбите со саканото лице важно е да ги дефинирате своите емотивни желби и интереси.
РИБИ
Средбата со едно лице неделава нема да ви го олесни работењето. Ќе очекувате многу повеќе, но на крајот ќе се разочарате од понуденото. Во ситуација кога сте принудени да ја кажете вистината, реалноста изгледа многу мрачно. Сепак, никогаш не заборавајте дека семејството е на ваша страна и со него работите може да изгледаат многу поубаво.
|