Број 3401  четврток, 07 октомври 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Вести








Site Meter
Писма
Како ВМРО-ДПМНЕ не' излажа три пати за четири години

Иван Ѓорѓевски
Во изминатиот период кај ВМРО-ДПМНЕ реченицата „За 20 години во Македонија не е направено ништо“ стана традиција. Ја користат секогаш кога треба да се најави некој голем проект или некоја нова реформа на власта. Секогаш кога треба нешто да се промени во здравството, образованието, економијата, кога не' критикуваат за судството... Кога се зголемува сиромаштијата, кога нешто ќе тргне наопаку, тогаш повторно се употребува таа реченица. Прашање е колку има вистина во неа?

По некоја моја логика, за денес Груевски да може да работи, требало нешто да наследи. За да може денес Груевски да менува одреден систем, некој претходно требало да го изгради. Со еден збор, во изминатите 20 години се работело, не дека не се работело, па сега некој за четири години треба да направи се'. Прво, да се направи сето тоа за четири години е невозможна мисија. Второ, никој од ВМРО-ДПМНЕ не побара да ги средува дупките од пред 20 години, туку да работи за следните 20 години. Како и да е, ДПМНЕ самите си го заиграа тоа оро и сега нормално е дека нема да знаат како да излезат од тоа оро.

Бидејќи ВМРО-ДПМНЕ вели дека во изминатите 20 години нема направено ништо и дека тие сега треба се' да направат и да оправат, ајде да видиме што направиле и што оправиле или преродиле. Дваесет години никој не вложил во здравството, никој не го реформирал, ВМРО сега го направи тоа. Што направи Груевски? Нарушување на здравствениот систем со реорганизацијата на клиничкиот центар. Како реформа во здравството беше прогласено растурањето на клиничкиот центар на 30 клиники, за по две години, 4 клиники да се спојат во една. Празни аптеки и експеримент со земањето на лековите со проектот „шарени рецепти“.

Во делот на образованието имаме учебници во кои се напишани тешки небулози и грешки. Законот за високо образование е трипати сменет во рок од две години, што докажува дека оној што го предлага не знае ни самиот што сакал да каже. Се воведе задолжително средно, се купија компјутери со проектот „компјутер во секој подрум“, сега на ред е воведување на едно-две и тригодишно средно образование. Во образованието како никогаш досега во овие 20 години немало толку експерименти. Во делот на економијата за овие четири години цените на основните производи не престанаа да растат. Го достигнавме највисокото ниво на сиромаштија досега. Македонија за овие четири години е оттргната од целиот свет, внатре изолирана и потисната.

Господа од ВМРО-ДПМНЕ, ако во Македонија никој ништо не сработел за овие 20 години, можам слободно да кажам дека вие за само четири години ја уништивте и ја распарчивте Македонија. За само четири години ја вративте земјата назад 20 години.

Сега Македонија е земја со лош углед во светот, земја на која и' се исмејуваат кога претседателот ќе каже некоја зелена. Земја, која е најсиромашна во регионот и во светот. Земја во која нема инвестиции, а благодарение на „добрата“ економска политика, и македонските фирми, малите и средни претпријатија се' почесто се затвораат.

Токму тоа успеавте да го направивте, премиере. Токму така успеавте да не' преродите, а на сите нас што изминативе 4 години три пати ви ја дадовме власта, ни е дојдено преку глава од вашите лаги, ветувања и уништувања.


#
Статијата е прочитана 1353 пати.

Испрати коментар

Од: mite
Датум: 07.10.2010 12:13:31
Ivane alal da ti e!Ama badijala e grabaat gadovive DPMNE-ci!
Од: Гоце Делчев, Питу Гули
Датум: 07.10.2010 12:32:14
Ah Ivane, Ivane.....sega i tebe gandza kje ti najdat vo dvorot.....
Од: deli
Датум: 07.10.2010 12:52:22
Sto pati kažana laga se pretvara vo vistina - toa go znaeme site, neli?
Од: Пак ли да гласаме за Минхаузен???
Датум: 07.10.2010 12:53:24
Г-не Ѓорѓевски, следниот пат гласај за СДСМ, ако мислиш дека тие не ја упропастија Македонија. Гласај за Црвенковски, ако мислиш дека тој не лаже.
Од: Жарко,Ресен
Датум: 07.10.2010 13:27:36
Е не,пак ќе гласаме за Чарли Чаплин.
Од: b
Датум: 07.10.2010 14:15:32
Bravo G-dine Ivan!!!
Од: gv
Датум: 07.10.2010 14:23:20
Za 20 godini ne vladeel SDSM tuku od toa polovinata vladel VMR-ovci .Odlicna statija.
Од: Kavadarcanec
Датум: 07.10.2010 14:33:36
Ne mozam da ve svatam. Kako prvo se pobivate samiot sebe vo nekoi delovi na tekstot. Velite-Nikoj ne pobral od VMRO da gi sreduva rabotite tuku da raboti za slednite 20 god. a koga raboti nisto ne vi se dopaga. Proverete kolku nebulozi i greski nie ucevme od nasite ucebnici, a sega koga se menuvaat pa imalo greski. Glasajte za SDSM naredniot pat, pa ke ni bide mnogu podobro izgleda koga nema da se raboti nisto.
Од: dimi61
Датум: 07.10.2010 14:46:06
Иване провери си го дворот а за секој случај ако имаш деца види да не имаш некој дечки пиштол дома оти овие од портоколавите што работат по устав и закон не е чудно да дојдат до кај тебе.
Од: odi setaj
Датум: 07.10.2010 18:40:17
od 1991-2010god nema 20 godini;a DPNE veli nema nisto izgradeno.Sto znaci nema i tie da gradat,tuku i ponataka ke demoliraat,demontiraat.
Од: ФЕЛИКС
Датум: 07.10.2010 19:29:24
Држи логиката за да владееш треба нешто да наследиш и толку.Ако нешто сме наследиле да речеме 2002-06 год. (да не се враќаме поназад оти ќе има Татови,штедилници,приватизации и др.)зошто народот небеше задоволен од тоа наследство,па мораше дури 4 пати да ви го повтори изборно.Дури ни сега неви верува, барем по анкетите.Тука ви лежи одговорот. Инаку и овие не се сјајни ако ве теши ова.
Од: toni
Датум: 07.10.2010 21:47:03
narodot si ja izbra vlasta, ako ne e dobra ke ja smenat...zosto tolku se zamarate???
Од: Разочаран
Датум: 08.10.2010 02:52:43
Добро, ќе речеме буквално ништо не се правело претходните години, макар што Грујо беше министер неколку години, а и омилениот му вујче. Прашањето не е дали пак ќе гласаме за Бранко, оти тој моментално не е на власт, прашањето е дали пак ќе гласаме за Грујо.
Од: Stojko
Датум: 08.10.2010 08:46:34
Ovakvo kradenje direktno od budzet nikogas nemalo. Toa e isto kako zaradi sopstveniot keif, ili frustracii, de, jas da si go zadolzuvam sopstvenoto dete!, ? Druga sporedba ne e potrebna..
Од: Pero od Australijai
Датум: 08.10.2010 09:12:52
Bravo za komentarot od TONI
Од: zoki
Датум: 08.10.2010 09:34:03
Ivane izvini ama navistina mnogu suhoparen tekst. Nisto poveke, nitu pomalku imas izneseno, a za analizite koj si gi zemal da gi pravis-detska rabota. Drug pat koga ke napises ili iskomentiras nesto, gledaj malku poopsirno zafati go celiot proble, zaradi toa sto klinicki centar i ucebnicite ne se problemot sto kazuvaat i objasnuvaat za blagosostojbata na edna drzava, ako moze taka da ja nareceme, so ogled na toa deka nemame ime!!! Pozdrav
Од: milko
Датум: 08.10.2010 09:38:22
avtorot napamet ja ima nauceno pesnata i si ja povtoruva.ako imase barem malku vistina vo sogleduvaneto nekoj ke te podrzese vo misleneto gledaj koj komentira istite pak istite kako dase plateni od nekoj da komentiraat koga se pisuva protiv vmro.poglednete naokolu kolku posilni ekonomii padjaat,amerika ima 11%oficijalno a povece od 18%neoficijano nevraboteni. kaj nas taa brojka e mnogu pogolema a znaete zosto i koj ja napravi.pozrav
Од: spire
Датум: 08.10.2010 11:20:29
Не не излажа 3 пати, туку 300 пати...... и има уште да не лаже............ нели Феликс????????? На здравје да ни е, за тоа си заслуживме..........

Најди! во Утрински
Писма
Последниот удар за магот на адвертајзингот






Pollution from Hungarian toxic sludge disaster spreads
Merkel to follow the Pope as honorary doctor at Romanian university
Macedonian name issue in a coma