Број 3024  среда, 01 јули 2009
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Претходен број


Site Meter
Втора страница

Како Анџелина Џоли ги насанка нашите медиуми

На завчерашните вести на Сител телевизија во 21 часот беше објавена „ексклузивна“ вест дека луксузната јахта на Анџелина Џоли потонала во близина на Азурниот брег кај Сан Тропе, Франција, и дека од суперѕвездата нема ни трага ни глас.

Два часа подоцна А1 телевизија ги почна доцните вечерни вести со истата „ексклузивна“ вест, а на „Фејсбук“ веќе се поставуваа прашања за тоа дали е вистина или не, иако двата мејнстрим-медиуми не изразија сомнеж во вистинитоста на информацијата кога ја објавија.

По кратка дискусија на „Фејсбук“ и со помош на линк од блогот golemataslika.crnaovca.mk дојдовме до сознание дека станува збор за сајтот fakeawish.com, кој објавува исклучиво лажни вести, а на него може и сами да си составите лажна вест.

Сител ја имаше веста и на својот веб-сајт (малку по 21 часот), од каде што ја презеде forum.com.mk, наведувајќи дека дознава од Сител. А1, и покрај тоа што го отвори дневникот со веста, не ја стави на својот веб-сајт. Откако сфатил дека направил голем превид, Сител ја извади веста од својата архива, но не и „Форум“.

И покрај реалната опасност од грешки на дневните редакции на медиумите, ова беше настан кој разоткри една лоша навика во македонското новинарство: да се препишува без контрола, а патем и без да се објавува изворот. Доколку кој било од споменатите медиуми „прошеташе“ по Интернет, ќе заклучеше дека никој, освен тие самите, не ја објавува веста, а доколку подлабоко истражеше, ќе дојдеше до веста на сајтот што постои само за да насанка некого. Еве и линк до „оригиналната вест“. (З.Р.)

Update: Во текот на денешниот ден преку коментар стигна линк до текст во кој „Форум“, вчера, објавил за превидот на Сител.


#
Статијата е прочитана 3463 пати.

Испрати коментар

Од: Игор
Датум: 30.06.2009 21:58:35
Ова е уште еден доказ за мизерноста и затуцаноста на македонските телевизии. Никакви стандарди... Никаков квалитет. Само импровизација. Од полуписмени новинари до спикери кои ниту имаат дикција ниту глас за да бидат водители.
Од: goko
Датум: 01.07.2009 00:15:10
Koga e Sitel vo prasanje ne e nisto cudno , tamu raboti Latas i Sitel sekogas prv doznava i gi informira gragjanitepa taka i ovoj pat.
Од: Slavica
Датум: 01.07.2009 00:16:41
Koga ja slusnav vesta od Ivona Talevska vo nieden moment ne pomisliv deka e toa vistina, svezi se secavanjata na nejzinoto kvazi novinarstvo pod patronat na brat Latas. Moram da priznaam me razocaraa i A1 sto se istrcaa po niv a nieden od niv ne zavrti barem kablovska ako ne internet. I sega veruvaj im na novinarite, sramota i bez izvinuvanje sto dolzno so vninamanie gi sledime.
Од: Racionalen
Датум: 01.07.2009 00:58:41
Mene me interesira kako uspevate vakvi raboti da gi fatite, slikate i reproducirate vo celost za da gi vidime, no koga stanuva zbor za izjavi od Bakojani, ili pak informacii koi bi gi diskreditirale vesnicite i politikata na vladata od nashiot juzen sosed za informacii koi gi objavile i podocna smenile ili trgnale, gi dobivame samo na "rekla kazala" nachin.
Од: Ljubotan
Датум: 01.07.2009 03:03:41
Za srasm, navistina ste nazad. Eve ce vi dadam , So Bukvi TIP ,zosto ste bukvi!. Vo sekoja seriozna News Media ima Covek zadolzen da gi prati najnovite svetski ; Hot News! ABC,BBC,NBC,NPR,CBC,CNN, Rojter, i mnogu drugi.. i za eden sekond Vestite ce bidat .Confirm
Од: hahahaaaa
Датум: 01.07.2009 05:58:14
Hahahaaaa pa neli Latas "prv doznava prv objavuva" hahahaaa.... Kolku se negovite doznavanja i objavuvanja TOCNI ete vi DOKAZ ziv primer za toa. Epa kolku sto ni e poznato vakvi objavuvanja Latas DAVA i vo vrska so Vladata so politikata na Gruevski. Znaci FAKT E deka Latas odnosno "Sitel" SVE LAZE i na toj nacin SAMO mu go kreva rejtingot na Gruevski. Ete se uveruvme sami.
Од: Sale
Датум: 01.07.2009 07:54:33
Pa koj veli deka Sitel e televizija. Osven prosto mnozzestvo na na nekolku ludje sa Latasom na chelo, na kogo nekoj im kupil TV predavatel i studiska oprema tie ne se nishto drugo.
Од: ivan
Датум: 01.07.2009 09:18:57
Zar iam lugje vo ovaa drzava sto gledaat i mu veruvaat na SITEL ????
Од: МИСИОНЕР ВО КОНГО
Датум: 01.07.2009 09:22:45
Дозволете да направам споредба помеѓу А.Џоли и НАТО.Имено во написот за критиките што ги спрема НАТО во разни области заврши ,, медениот месец,,.Дневник денес објавува дека Македонија ги исполнува СИТЕ критериуми од ПАРП-процената на НАТО,и што е најважно ниедна земја нема замерки кон Македонија.Се надевам дека им верувате на своите колеги од дневник.Чие наседнување има поголема тежина.
Од: kosmopolit
Датум: 01.07.2009 09:53:23
Ne e problemot Latas, za mene postrasno e toa sto go gledaat i mu veruvaat. Dotamu sme stasale, tugo tugo, da mu veruvas na novinar kojsto ne pravi razlika ( so siot respekt i pocit- veli) megju respekt i pocit (sinonimi) znaci nesto ne e vo red so mentalnite sposobnosti na negovite "verni' gledaci.
Од: Novinar
Датум: 01.07.2009 10:03:55
Sramota! Vakvi primeri se bruka za celata novinarska fela i za site onie sto cesno i odgovorno si ja vrsat novinarskata rabota. Pa uste Ivona Taleska se zaleta kao mlad majmun da ja procita "ekskluzivata" za koja ke videse deka blage veze nema, samo da otvorela barem eden svetski agenciski sajt. No toa e toa...kraen diletantizam, amaterizam, ne znam veke sto da kazam... zalno, zalno, se sramam sto sum novinar
Од: JAS
Датум: 01.07.2009 10:58:06
kakvo novinarstvo be lugje...so isklucok na nekolku kvalitetni novinari za koi simnuvam kapa ostanatoto e prepis..smesno. istrazuvacko novinarstvo ne postoi vo makedonija a za tao e krivo i obrazovanieto
Од: b
Датум: 01.07.2009 11:11:10
Сител и се е можно! Вака се објавуваат и вестите за и околу Македонија.
Од: Пабло
Датум: 01.07.2009 11:54:58
http://forum.com.mk/#_tools/article/4927/view Кога објавувате нешти треба да го објавувате во целост!
Од: joco
Датум: 01.07.2009 12:18:37
ај што латас и компанија си препишуваат глупости, ама до кој степен на народот им е испран мозокт па тоа е трагично. Колку дискусии се јавиај и сите почнаа да дискутираат за веста. Како тогаш за вестите дека во Македонија се е супер да не му веруваат. Да не пуштаат хипнотички бранови овие.
Од: Ајван Доктор
Датум: 01.07.2009 12:37:43
Уште еден доказ за тоа дека оние од Ресавската школа, можат да им Позавидат на нашите „врвни“ новинари. Од тука се гледаат и главните причини за фамозниот „трансфер“ на новинарите!
Од: manta
Датум: 01.07.2009 18:06:04
Мееееееее...овци...се друго е џабе потрошен збор...

Најди! во Утрински
Втора страница
Иван Поповски
Канал 5 прибежиште за новинарите од А1
Карикатура
Известувањата во медиумите за корупциските скандали се со краток здив
Verbatim
Монструмот во УБК