Известувањата за корупциските скандали со краток здив
Резултати од мониторинг на пет печатени медиуми во земјава
Известувањето за корупциските скандали е жежок костен за медиумите. Тоа се сведува на кратки вести и информации, пласирани од официјалните институции. Најголем дел од текстовите се произволни, без ниту еден извор, без доволно докази и поткрепени сознанија. Со тоа медиумите не само што не ја остваруваат својата улога во општеството, туку и создаваат погрешна и искривена слика во јавноста за состојбата со корупцијата во земјава.
Ова се дел од сознанијата добиени со мониторингот на пет печатени медиуми во земјава („Дневник“, „Утрински весник“, „Вечер“, „Време“ и „Факти“), спроведен во текот на 2008 година, од страна на Центарот за граѓански комуникации. Текстовите се' почесто излегуваат без потпис на новинарот, со иницијали зад кои не се знае кој стои, поради што ваквите текстови многу често се објавуваат на страниците Хроника и немаат доволно тежина за да бидат објавени на насловните страници.
Од 1.039 објавени текстови за корупција, 43 отсто не се најавени на насловните страници, за 69 отсто од текстовите не е познат авторот или е наведен со иницијали, а во 92 процента од случаите станува збор за теми кои се иницирани од дневни настани. Само осум отсто од текстовите се резултат на самостојни истражувања на новинарот, а најзагрижувачко е сознанието дека дури 65 проценти од текстовите немаат никаков извор или се базираат на сознанија на само еден извор.
„Само едната страна од приказните е застапена во 52 отсто од текстовите, а во 72 проценти од текстовите актерот во корупциските скандали не е консултиран, со што се нарушува едно од основните правила во новинарството за професионално известување“, вели Герман Филков од Центарот за граѓанск�� комуникации.
Според него, недостасуваат веродостојност и кредибилитет на темите кои се третираат површно.
Според Вања Михајлова, антикорупциски експерт, подобро е неколку случаи да се разотријат до крај, отколку да се известува за повеќе, за кои нема да има никаква судска разрешница. Според професор Никола Тупанчески, квалитетното истражувачко новинарство е подобро од неквалитетната Антикорупциска комисија. „Истражувачкото новинарство треба да влезе во категоријата на ’посебни истражни органи’, кои можат да помогнат во откривањето на коруптивните скандали“, вели Тупанчески. (Д.Т.)
Истражувачкото новинарство е ,, шпанско село,, за новинарите,од причини што кај нас нема независно новинарство.Скандалите што се случувале порано и сега се опсервираат од новинари кој се брифираат од штабовите на партиите било од власта или опозицијата, и затоа се ,,кратког даха,,.Место да се тргне од местото на скандалот,да се истражи,да се дојде до релевантни докази за скандалот,се добива сигнал од партискиот штаб и почнува писание во стилот,,се слуша или зборува тоа и тоа,,.После новинарите се тужат за клевета,па се бара замислете од скандал-мајсторот да достави документи за својата вина,оти новинарите немале пристап до нив.Да нее смешно би било трагично.Многу од новинарите стануваат потпароли во министерствата во сите влади и почнуваат да ,, верглаат ,, за партиските бои.Долг е списокот на забелешкино новинарите го знаат.
Од: bramoni
Датум: 01.07.2009 09:48:33
Nezavisni mediumi vo Makedonija -NEMA! Koga novinarot ke otvori svoj nezavisen (materijalno) medium, bez da mu se stavaat sopki na pazarot, bez pritisoci, togas ke imame nezavisen medium. Zasega site mediumi si imaat gazdi, koj feudalni, koj primitivni kapitalisti, nacionalisti itn. zatoa ke imame i takov mediumski prostor.A od druga strana, pak, nekoi novinari, mnogu samobendisano se uvereni deka tie ja krojata politikata... Odi, begaj...Mi se losi.
Од: Ајван Доктор
Датум: 01.07.2009 12:33:55
Независни медиуми нема, ниту во светот, а уште помалку кај нас! Целта на медиумите е да шират одредена пропаганда. Се поставува прашањето дали гово``от на Г``уевски е толку навлезен во новинарската фела, па ги унапредуваат според гово``от? Наскоро Р-то ќе го исфрлиме од употребата во Македонскиот јазик!