Број 3024  среда, 01 јули 2009
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Претходен број


Site Meter
Втора страница

Канал 5 прибежиште за новинарите од А1

Во изминативе пет години дури 12 новинари преминаа од едната во другата телевизија

Светлана Унковска

Големиот трансфер на дури шестмина новинари од А1 и А2, кои од денеска веќе и официјално преминаа во Канал 5 телевизија, во јавноста предизвика низа шпекулации. Заменикот-уредник на А2 и водител на емисијата „Код“ Снежана Лупевска, заедно со новинарите Елизабета Галевска, Маја Јовановска, Миомир Серафиновиќ, Емилија Јовановска и Мирјана Мирчевска решија да го напуштат медиумот, во кој некои од нив почнаа да работат уште од самиот почеток на А1 телевизија.

Дали единствената причина за големата преселба на новинарите е поради, како што и самите изјавуваат, подобри услови, или, пак, во прашање се некакви поинакви мотиви и сценарија со кои и порано се соочувала оваа телевизија, но сега со друг актер. Она што меѓу новинарите се говори е дека како една од главните причини за заминувањето на новинарскиот тим е оти тие биле незадоволни затоа што веќе подолг период морале да ги исполнат поставените норми од минимум 20 до 25 прилози месечно, но како последен отворен притисок за нивно заминување било и намалувањето на платите. И доколку сето ова беше единствената причина се' ќе беше во рамките на сопствените одлуките на новинарите, но, сепак, поинтересниот дел од целата приказна е дека трансферот на овие шест новинари има и поинаква позадина.

Сопственикот на А1, Велија Рамковски, потврдува дека нивното заминување ќе биде голем удар за телевизијата затоа што си заминуваат новинари кои со години работеа таму. Тој додава и дека вакви потреси неговиот медиум доживувал и пред пет години кога поради слични политички сценарија се случи првиот голем трансфер на новинари.

Во 2004 година од А1 телевизија заминаа главниот уредник Ацо Кабранов, Васко Попетрески, Лидија Јанчовска и Соња Петрушевска. И она што е особено интересно во овие новинарски преселби е тоа што тука постои една единствена рута - од А1 во Канал 5. Пред да го најават своето заминување шестемина новинари, од телевизијата на Рамковски си заминаа уште двајца новинари, Горан Момировски и Весна Велкова, и повторно Канал 5 беше телевизијата каде што преминаа.

„Една група на чело со Снежана Лупевска си оди и, колку што можев да сфатам, тоа е поради поголеми плати. Во секој случај тоа се добри новинари, но А1 има доволно кадар и големи капацитети да го надмине и тоа. Можеби потежок удар беше трансферот на новинари што се случи во 2004 година кога на власт беше Црвенковски и тогаш групата на чело со Кабранов замина во Канал 5. Тогаш Стојменов беше во коалиција со СДСМ, но сега кога Груевски е на власт, тој повторно се врати со ВМРО-ДПМНЕ и сега ниеден новинар кој премина во тоа време не остана“, изјави Рамковски за „Утрински весник“.

Тој не сакаше отворено да зборува дали и во овој трансфер на новинари има некакви политички мотиви за медиумско ослабување на неговата телевизија, само додава дека и овој пат се повторува истото сценарио. Рамковски негира дека ова би можело да го загрози опстанокот на А2 и тврди дека не се точни информациите кои се пуштаат во јавноста дека има намера да ја згасне оваа телевизија и затоа вршел притисок врз некои новинари да си заминат.

Ова го потврдува и главниот уредник на А1, Младен Чадиковски, кој овие случувања во телевизијата го затекнаа додека е на годишен одмор.

„Мене навистина ми е жал што многу вредни репортери и новинари си заминуваат, но тоа, сепак, е нивна одлука. Нивното заминување нема да влијае на опстанокот на А2, таа и натаму ќе функционира, ќе има емисии, дебати и ние брзо ќе ги санираме овие состојби“, изјави Чадиковски.

Неофицијално се вели дека по одлуката на Рамковски да ја смени политиката на медиумска поддршка во однос на решавањето на спорот со името и антиквизацијата, кое се случи пред изборите, настана еден вид „студена војна“ меѓу него и премиерот Никола Груевски. Факт е дека оттогаш наваму во ниту еден момент не се случи директен фронт меѓу нив двајцата, но, сепак, Рамковски остана маркиран од страна на власта како еден од оние кои не им е благонаклонет и ги критикува. Така и овој групен трансфер се толкува како еден од обидите на власта да му зададе медиумски удар.

Дополнително се тврди дека покрај новинарските трансфери на А1 и се задаваат удари со тоа што ги губи правата за емитување на најзначајни и најгледаните емисии, шоуа и спортски натпревари, кои се откупуваат од Сител и од Канал 5 по два пати или три пати повисоки суми. Така А1 ги изгуби преносите од англиската Премиер лига и други емисии, што и покрај високите суми што треба да се платат за правата за емитување, кои не се покриваат со рекламите, односно носат загуби, сепак, тие се откупуваа затоа што и' носеа голема гледаност. За натпреварите на Премиер лигата, која пет години ја пренесуваше А1, за 400.000 евра годишно сега правата ги откупи „Сител“ за сума од над 600.000 евра.

Серијата „Опстанок“ за која А1 плаќаше по 30.000 евра за тримесечен период, ги откупува повторно „Сител“ по неверојатна сума од 350.000 евра. Во секој случај, ова се подразбира како еден од посериозните удари врз А1 телевизија, кој практично се сведе на пренесување на домашен фудбал. Ваквите притисоци се само дел од приказната дека Рамковски треба да се „фрли на колена“, но според познавачите на состојбите, тој е научен да опстојува со притисоци од власта и за да се совлада, сепак, ќе биде потребно многу време.

 


Статијата е прочитана 3103 пати.

Испрати коментар

Од: Ok
Датум: 01.07.2009 00:10:41
Ok, no me interesira dali sledniot premin ce bide Sitel-kanal5?
Од: realen
Датум: 01.07.2009 00:23:11
Nisto strasno. Bez sekogo se moze, no vpecatokot e poveke od mizeren, osobeno za nekoi bivsi A1 novinari. Sepak, utesno e sto ne preminale vo SITEL. Uste eden dokaz deka seoj moze da se kupi, kako na plasticarskata ulica.
Од: zane
Датум: 01.07.2009 00:58:54
uste eden dokaz deka A1 ima odlicni novinari i e rasadnik na taa profesija
Од: Vlach
Датум: 01.07.2009 01:07:42
Изненаден сум со оглед на тоа дека А1 е многу поквалитетна ТВ куќа од Канал 5. Повеќе од очигледно е дека пари се во прашање. Жално. Затоа би сакал да упатам поздрав до тие новинари и до газдата на канал 5 со песната СРЕЌАТА СО ПАРИ НЕ СЕ КУПУВА.
Од: Iskra
Датум: 01.07.2009 01:08:11
Mene ne me cudi sto novinari preminuvat od edna vo druga TV ili vesnik, me cudi sto kvalitetnite novinari kako sto se ovie odat vo TV koj se epten poslusnici, a i od A1 bea trgnati na strana vo Studio 2 kade sto nikoj ne gi gledase, no zatoa lepoticata Tatjana vecno kako ikona ke ja gledame na vestite i taa e glavna so Velija, a pak onaa Zdravkovska nema vrska od prezentacija na vesti, samo gresi, i taa e issutirana od FON, i na kraj zamisli koj im e glaven i odgovoren urednik Lidija koja nema blaga veza od urednistvo na vesti.
Од: milko
Датум: 01.07.2009 02:01:04
nisto cudno i dvete se soros odnosno antimakedonski kako i vie
Од: ???
Датум: 01.07.2009 08:10:15
Добро,врши ли некој контрола во Сител па да се види од каде им се толку пари за откуп на разни права,дали имаат платено данок на тие пари,или инспекциите се само за дуќанчињата кои што имаат се на се роба во вредност од 2000 евра?
Од: Новинар
Датум: 01.07.2009 09:04:50
Вистина е дека Велија барал премногу од новинарите, но сигурно е дека Грујо пак платил добро, да се замолчат ( иако Лупевска и молчењето не одат заедно) ... Сега Васко и Лидија се на потег - да се вратат во А1.
Од: jovan
Датум: 01.07.2009 09:39:49
Do onoj sto se cudi(so prasalnicite) Sitel e sopstvenost na Zingo, a Zingo e "sopstvenikot" i na Gruevski i segasnoto VMRO. Zatoa tamu ne smee nikoj da pripari.
Од: sasko
Датум: 01.07.2009 10:03:44
zatoa ne treba da se zakaca so vlasta da se vregate edni so drugi toa ne cini eve kako odposle se pojavuvat problemite.Za edna dobra televizija koja postoi odamna zalno e da se slusat vakvi muabeti za nejze i da go gubi rejtingot
Од: xxl
Датум: 01.07.2009 10:28:48
Vrska nemate Sledigo patot na parite i se ti e jasno. Velija dava plati po simpatii.Nekoj mu gradel rejting 16 godini a sega rezultatot ke go zbiraat lesinarite dojdeni od MTV. Toa se istite tie novinari koj mu go perea mozokot na narodot dodeka Branko i Ljupco ja kradea drzavava.Sega barem sme na cisto A1=MTV1 A2=MTV2
Од: Читател
Датум: 01.07.2009 11:24:36
Публицитетот што се два и на овој трансфер на новинари ја потврдува позицијата на „седмата сила“ во општеството. Уште само да се преиспитаат најголем дел од новинарите колку се објективни, колку се марионети во нечии раце, а се прават објективни и правични. Не гледам некои позабележливи придвижувања во насока на напуштање на партиски ровови уште помалку на слепо, дури глупаво, да не кажам ѕверско настапување од тесни партиски или лични интереси на одредени сопственици на партии и телевизии. Чест на исклучоците, но тие се само исклучоци.
Од: Ајван Доктор
Датум: 01.07.2009 11:41:11
Продолжуваат матните игри на колегите на Берлускони (оној „невиниот цар“ на медиумите во Италија). Квалитетот на нашите „новинари“ е дискутабилен во секој поглед. Нивното „основно училиште“ - МРТВ - е одамна пред распаѓање, поради истиот врвен псеудоквалитет (секоја чест на малиот број исклучоци). Преминот е најверојатно поради Пари, кои во догледно време и во Канал(изација) 5, како и во А(низа)1 нема да се исплаќаат. Секако во целиот овој шоу има и политичка Претстава, за инфантилните набљудувачи.
Од: pravda
Датум: 01.07.2009 11:43:13
Ne znam zosto se kreva takva prasina okolu ovoj slucaj,pa sosema e normalno vo novinarstvoto da ima vakvi transferi,sekoj saka podobri uslovi za rabota i povisoki plati zosto mora politikata da ima vrska so se,neka im e so sreca na novite rabotni mesta,dali ke bide kako sto ocekuvaat samite ke se uverat a vie forumdzii dosta od se pravevte politikanstvo
Од: liberal
Датум: 01.07.2009 12:04:52
Mislam deka sepak A1 i ponatamu ke go gledame, barem jas licno, za razlika od toa sto uklucam Sitel i koga go vidam Latas, ne mi teknuva nedela dena da se povratam na ovaa televizija, iako i tamu ima i dobri i cesni novinari. A navistina kade se Kabranov, Vasko i Lidija, mozebi ke izrazat zelba da se vratat vo A1. Vasko bese eden od najdobrite.
Од: Европска Македонија
Датум: 01.07.2009 13:22:42
Ова е дел од стратегијата на Груевски да се ослабне секој медуим кој не му е наклнонет. А1 беше единствената моќна ТВ која не влезе во сојуз со владата и остана објективен медиум на кој сите му веруваме.Со голема финансиска помош од владата про-владините К5 и Сител купуваат новинари и гледани емисии од А1 да и ја презедат гледаноста за да потоа полесно се манипулира јавноста со перење мозок дека СДСМ се предавници(антимакедонци) а ДПМНЕ се патриоти(прави македонци).Прочитајте го уште еднаш коментарот на milko и се ќе ви биде јасно.
Од: kris
Датум: 01.07.2009 13:28:12
Кај ли ќе оди Латас царот??????? Кај тој што ќе му даде џип???
Од: dimi61
Датум: 01.07.2009 13:53:00
ништо чудно , уште пред еден месец Макрадули изјави во парламентот дека г Груевски му го купува на Сител англиското првенство.Значи хајката против секој кој ја критикува власта е почната уште пред 3 години. Прашање е само кој кога ќе дојде на ред. И затоа фалете го фирерот оти оде глава.
Од: janev
Датум: 01.07.2009 14:41:32
A1 ke se pretvori vo edna tretoklasna televizija. Uste koga pocna so raspravata pomegu Zingi i Velija pocna da pagja ugledot na A!. Se prtvori vo reklama na FON i koga urednickata politika ti ja kreira TATE Velija nwe ni cico sto mu zaminaa site novinari
Од: Cento
Датум: 01.07.2009 15:45:13
Sutraci bedni ste vie sto se politizirate. Vo svetov za pogolema plata i podobra atmosvera mesto go menuvaat od cistac do menager. Ako nekoj moze podobro da zaraboti za istata rabota zosto da ne ja smeni firmata????

Најди! во Утрински
Втора страница
Како Анџелина Џоли ги насанка нашите медиуми
Иван Поповски
Verbatim
Карикатура
Известувањата во медиумите за корупциските скандали се со краток здив
Монструмот во УБК