Број 2742  понеделник, 21 јули 2008
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Фељтон
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Време
Хороскоп
Што прават денеска

Претходен број


Site Meter
Хроника

Поранешниот директор на „Злетовица“ пронајден мртов

Штип - Илјадници граѓани на Пробиштип вчера напладне се простија од својот угледен и примерен сограѓанин, поранешен директор на хидросистемот „Злетовица“ Мирослав Нушевски, кој во саботата напладне, под засега се' уште неразјаснети околности, смртно настрада во близина на Лесновскиот манастир. Иако се шпекулира дека 58-годишниот дипломиран земјоделски инженер извршил самоубиство, скокајќи од највисоката карпа на асфалтниот пат што води до манастирот, надлежните органи се' уште не даваат конечен одговор за начинот како настрада Нушевски. Имало индиции дека причина за неговата смрт би можел да биде и несреќен случај, односно тој да се лизнал од карпата висока дванаесетина метри.

Луѓето кои го познаваат велат дека во последно време Нушевски имал навика сам, без друштво, да оди на прошетки во околината на градот и тоа, главно, на теренот на кој завчера смртно настрада. Кобниот ден околу 9 часот бил виден во близина на селото Крупиште, оддалечено петнаесетина километри од Лесново. Два часа подоцна, Нушевски бил виден како шета во околината на манастирот, а во 12,30 часот еден од монасите од монашкото братство во манастирот го забележал неговото безживотно тело и веднаш го пријавил случајот во локалната полиција.

Нушевски пред осум години беше директор на ХС „Злетовица“, токму во времето кога имаше идеи проектот да се конзервира за некое друго поповолно време, а вработените да си одат дома. Пробиштипјани велат дека тој најмногу се борел проектот да продолжи и успеал во тоа. Никогаш и ниту една афера не била врзана со неговото име иако раководел со голем проект. Подоцна бил сменет од функцијата, но останал на работа. Откако се вклучија Јапонците во овој проект, ја добил одговорната задача да раководи со подготовките за втората фаза - наводнувањето на 3.100 хектари плодни ниви, на што целосно бил предаден. Во рударскиот град не се памети Нушевски со некого да бил скаран или некому да должел нешто и, всушност, немал непријатели. Овој угледен граѓанин зад себе остави невработена сопруга, дипломиран социјален работник, и две ќерки, една средношколка, а другата студентка на стоматологија. (И.Б.)


Статијата е прочитана 844 пати.

Испрати коментар

Од: graGjanin na RM
Датум: 21.07.2008 01:28:33
Neka pociva vo mir nasiot sogragjanin, tatko i soprug, uste edna zrtva na mracnata tranzicija. Rajot i svetlinata neka bidat negov vecen dom.

Најди! во Утрински
Барај со НАБУ
Хроника
Опасниот хлор извлечен од Кочани и складиран во ОХИС
Убиство поради крвна одмазда во скопско Семениште
Момче од Скопје се удави кај Драч
Уапсен Македонец кој продавал дрога во Србија
Гостиварец тешко повреден во тепачка
Деца играле со рачна бомба во Тетово