Хидраулични столпчиња на „Кеј 13 Ноември“
Градот од утре на „Кеј 13 Ноември“ ќе воведе ограничен режим на сообраќај за сите моторни возила, и тоа во периодот од 2 до 10 часот. Режимот на сообраќај ќе се контролира преку активирање на пневамтско столпче што е поставено на „Кеј 13 Ноември“ до паркингот на хотелот „Холидеј ин“. Веднаш по подигнувањето на столпчето, во 10 часот ќе биде забранет сообраќајот за моторни возила, а забраната ќе трае до 2 часот. (Сн.К.) |