Број 3468  вторник, 28 декември 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Фељтон








Site Meter
Мислења

Мислења

„Децата на комунизмот и црвената буржоазија“

Слободан Најдовски

Зад денешните припадници на власта, таканаречени критичари на црвената буржоазија, се кријат вистинските деца на комунизмот

Во втората половина на осумдесеттите години од минатиот век новинарот Миломир Мариќ ја издаде книгата „Децата на комунизмот“. Добро се сеќавам, тоа беше книга за дисиденти или критичари на политиката во поранешниот југословенски систем, а потекнуваа од семејства на видни функционери на партијата, односно на КПЈ. Се сеќавам и на една провокативна фотографија од тоа време со познатиот режисер Љубиша Ристиќ, син на носител на висок чин во безбедносните структури со петокрака во забите, кој бил учесник во студентските протести. Деновиве прочитав дека таа книга доживеала и второ издание. Да се потсетам на оваа книга ме натераа некои пишувања на оваа тема, на блогови и статии во медиуми во државите од поранешната заедничка држава. Но, најмногу ме поттикнаа пишувањата и зборувањата на оваа тема, која во колумни и дискусии ја обработуваат политичари од ВМРО-ДПМНЕ, а котираат прилично високо во партиската хиерархија. Тие се' повеќе го употребуваат терминот „децата на црвената буржоазија“. Не само што не би имал против, туку и би ги поддржал кога низ таквиот пристап нивната намера би била институционално да се исправат голем број грешки и неправди од претходниот систем, но и од транзицијата. Сепак, дека немаат таква намера, особено помладите лавови, потврдува што тие зборови ги упатуваат исклучиво кон политичките противници од опозициските табори. Стилот им е ист како на членовите на Комунистичката партија, кои своевремено, како денешниве патриоти, ги дисквалифицираа и „диференцираа“ сите оние што имаа различни ставови од тогашната партија.

Да го оставиме настрана фактот дека ако не беа некои „деца на комунизмот“, демократските промени во Македонија немаше никогаш да дојдат, но време е овие високи политичари од власта да објаснат што подразбираат и на кого мислат кога зборуваат или пишуваат на оваа тема. Гледајќи на кого алудираат, тоа би требало да се однесува, пред се', на луѓето што или биле на позиции во социјализмот или се потомци на родители што заземале високи позиции во поранешната држава. Но, на првиот чекор се сопнуваат, бидејќи доколку се завртат околу себе, во своите редови, не ќе можат да ги добројат не само децата на комунизмот, туку и децата на црвената буржоазија создадена во транзицијата. Во нивно најтесно опкружување има многу деца на оние што ги сатанизираа оние што ќе се обидеа макар и вербално да го критикуваат поранешниот систем, а да не зборувам што им правеа на оние што ќе помислеа на самостојност на Македонија. Околу себе ќе ги видат и децата на оние што до последен момент жилаво се спротивставуваа на промените на крајот од осумдесеттите и во почетокот на деведесеттите години. На средбата, која премиерот пред десетина дена ја одржа со коалициските партнери, на една маса беа многумина од татковците и децата, но и внуците на комунизмот, а за транзициската црвена буржоазија да не зборуваме.

Сега тие деца на комунизмот, кои се во новите униформи на патриотската власт, како во најцрните времиња на поранешниот систем повикуваат режисери и артисти во своите кабинети за да им кажат што смее, а што не смее да содржи една театарска претстава, да им кажуваат дека ако сакаат да добијат пари од Владата треба јавно да се откажат од некои луѓе. Во денешно време го менуваат обликот на плоштадите исто како што децата на комунизмот ги уриваа старите градби за да држат говори и да го покажат доаѓањето на новото време.

Што, всушност, се крие зад изреката за црвената буржоазија и за децата на комунизмот што се' повеќе се употребува од денешните наводни реформатори. Под таа синтагма подразбираат поголеми или помали патриоти и ја продлабочуваат внатрешната поделеност, исто како што комунистите ги делеа граѓаните на подобни и неподобни. На пат се, кога веќе го детектираа надворешниот непријател, да го маркираат и домашниот и да влезат во одлучувачка битка.

Голем број од денешниве се кријат зад таа изрека за да се оправдаат пред оние луѓе што во 1990 година застанаа на кандидатските листи на ВМРО-ДПМНЕ. Многумина од денешниве, барем во Битола, се вистински деца на главните градски фаци во комунизмот, а до неодамна беа членови на СДСМ, ЛДП, ВМРО-МНДС итн., а денес се главни патриоти и реформатори! Во 1998 година трчаа од еден штаб до друг за да ги видат резултатите за да знаат каде да го дочекаат крајниот резултат. Ако толку сакаат да зборуваат на оваа тема тогаш време е еднаш да проговорат чии деца се голем дел од сегашните високи функционери од власта. Изречена од голем дел актуелни владини политичари не е далеку од сознанието дека таа ништо друго не значи освен избегнување да се разговара за вистинските проблеми. Заклучокот е едноставен - ВМРО-ДПМНЕ кога нема аргументи д�� им се спротивстави на критиките на нивното владеење прибегнува кон тоа дека на некој му е погрешно закопчана кошулата и тргнува во напад.

Не е ли доста да се делат децата на тие и некои други или на наши и ваши? Зошто само врз основа на припадност на „стадото“ да се донесуваат заклучоци за личностите? Само индивидуалните способности и погледи ја даваат вистинската слика за човекот. Важно е тие деца, а некои забраздиле и во петтата деценија од животот, што и како денес си играат. Отсекогаш ми пречело тоа што само фактот што некој е дете на некого мора да биде успешен, или обратно, поради тоа што некој е нечие дете мора да биде неуспешен и шиканиран. Жално е што некои деца никогаш не пораснуваат и постојано си играат. На голем дел од таквите денес главна играчка им е државата. Припадноста на деца на комунизмот треба да се определува врз основа на практицирање на власта, а врз таа основа во оваа власт има многу деца на комунизмот од најтврдокорен ков.

Да се вратам на почетокот на текстот. Голем беше бројот на оние што велеа дека тогашните непрогонети дисиденти, деца на комунизмот, се фарса што треба да покаже пред светот дека југословенскиот социјализам се разликува од системите во останатите комунистички држави.

Се' повеќе сум убеден дека и зад денешните припадници на власта, таканаречени критичари на црвената буржоазија, се кријат вистинските деца на комунизмот. Голем број од нив станаа составен дел од црвената буржоазија. Тие го афирмираат и продолжуваат тоталитаристичкиот систем на владеење, а наводната борба со децата на црвената буржоазија ја користат само за да се пресметуваат со идеолошките неистомисленици.

(Авторот е поранешен пратеник)


#
Статијата е прочитана 1747 пати.

Испрати коментар

Од: eu
Датум: 28.12.2010 12:32:00
avtorot e vo pravo videte site zakoni sto gi donesoa se komunisticki i site exju zakoni vazat nisti nee napraveno so harmonizacija na zakoni so eu...videte i se tuzat politicri za kleveti primer grujo dobil 30000evra od frskovski....pa zakoni za franje pikavec i sl...no i samoto odnesuvanje na politicari e komunisticko gledajte pretsedatel ivanov stroga partiska linija nesmee da zuzne so sopstveno mislenje...isto kako i vo rusija,belorusija,ukraina...zatoa i sme ekonomski slicni so ovie zemji t.e. mnogu bogati i opsta siromastija nema paei za nisto...no i stavoto za resenieto za imeto t.e. pridavka e strogo komunsiticko partisko odnesuvanje nikakov kompromis nikakvo sopstveno mislenje t.e. se kolnav vo partija,grujo,narodot haha isto kako se kolnam vo imeto na tita,partija,nadodot....toa li e transformacija i povecepartiski sistem i blagosostojba.....
Од: НИКОЛА
Датум: 28.12.2010 12:37:17
Црвената буржоазија како што се нарекува каква таква се грижеше за народот но сегашната да ја наречам ЦРНА буржуазија го осакати и го исцица на цело народот и дали имаат храброст сегашните колумнисти да пишуваат за неа за нивните црни сценарија што ги прават во денешно време.
Од: Професорка
Датум: 28.12.2010 13:00:58
Кога овие од ДПМНЕ зборуваат за “црвена буржуазија“ пред се мислат на своите комплекси дека никогаш не ги читале книгите кои требале да ги прочитаат во детсвото, никогаш никој не ги дружел, а богами имаат и сомнителни провинциски факултети со врски. Во Скопје кое го редизајнираат по својот провинциски вкус, никогаш не биле на ниту една градска журка, концерт, литературно читање. Така ��а тие немаат поим од идеолошката матрица на “црвената буржоазија“ но имаат болка и фрустрација во душата. И нивните татковци не биле никој и ништо. Само ситни профитери и кодоши. Чиста генетика. Што се однесува до практицирањето на тоталитаризмот, тука го надмашиле стариот режим. Тогаш студентите излегуваа на протести, и тоа масовно, па полицијата не се криеше зад платени табатори да ги тепаат. И да се чудиш, студентите се изборуваа за своите права.
Од: kaktus
Датум: 28.12.2010 13:06:58
Не се тоа само деца на “црвената буржоазија“ како се нарекуваат во текстот туку ДЕЦА НА УДБА. Ако само се погледаат биографиите на сегашните судии,обвинители, директори на јавни претпријатија, банки и раководители на државни органи, партиски вморонски и сдс-овски функционери,барем во Битола, а познавам и во Скопје, Охрид и Прилеп, нема да ги именувам, самите презимиња кажуваат доволно, ќе се види дека се деца на удбаши, или можеби дури и внуци и снаи на удбаши, поранешни шефови во СВР, Комитетот на СК, Општински претседатели и извршни совети, а и тајни соработници на УДБА. УДБА не само што беше, туку за жал СЕУШТЕ Е НАША СУДБА. Последиците од тоа ги гледаме и чувствуваме на своја кожа.
Од: jovan
Датум: 28.12.2010 13:10:58
Pa tokmu tie deca se denes na vlast i go maltretiraat ovoj narod. Negledam sto dobro napravile tie deca za demokratijata, osven sto si ja prisposobija za svoj potrebi.
Од: R.R.
Датум: 28.12.2010 15:24:53
Opozocijata nikako ne moze da se pomiri so faktot deka narodot gi nauci kakvi se pa zatoa sega na sekoj mozen nacin sakaat da ja kritikuvaat vlasta.Daj boze vaka da rabote site Vladi predhodno.Pozdrav
Од: BELOMOREC 3
Датум: 28.12.2010 16:44:06
Gospodine Najdovski,Vasiot tekst e ;sakam kazam neznam recam;Clenovi na VMRO pretezno se deca na poranesni goneti dedovci i tatkovci za Nezavisna Makedonija,koi sekogas pripagale na srednata klasa na gragani vo socijalizmot,za razlika od clenovite na SDSM se deca na kremot na Makedonija,dobro situirani,udbasi i elitata na makedonija vo periodot do 1990 godina.Ovoj podatok provereto go vo nivnata dokumentacija ili vo nivnite dosieja i mnogu raboti ke vi se razjasnat
Од: ivan bitolja
Датум: 28.12.2010 17:57:58
EEE koj najde da napaga sto nisti ne storil za drzavata i istite se tie koj ja promenija bojat vo plav bez zivotna.
Од: anonimus
Датум: 28.12.2010 20:40:24
pozdrav do site so ja kritikuvaat kolumnata samo neka znaat deka ne se vo prava i tie neka si gi proverat podatocite deka tie ne se deca od srednite klasi deka polovina od niv se udbasi a polovina poranesni clenovi na demokratska partija, liberalna ili pokasno veke segasna liberalno demokratska parti a pr: Goran Taskoski iden ambasador, Tome Adzijev pretsedatel na komisija za lustracija, Lupco Bosevski poranesen pretsedatel na VMRO-Bitola segasen direktor na JP strezevo i tn.SEPAK VISTINATA E TAA KOLKU I DA BOLI.
Од: Go sakam Skopje
Датум: 28.12.2010 22:18:46
Od gorniot tekst i od komentarite na citatelite se gleda deka makedonskiot narod e sé uste duhovit. taa duhovitost go krepela so vekovi, pa ke izdrzi uste malku.. Samo , zalno e sto na moeto Skopje mu ja zede dusahta, ne prirodniot zemjotres, tuku politickiot i alcnata raka na arhitektite i nivnite naraciteli. Pa do tolku li postanaa arhitektive drpaci sto ne mislat deka idninata ke se potsmeva so nim?! Neli ke bea pobogati i poceneti, ako odlucno kazea " NE" na vakvi kuc naracki koi ne se niti ubavi za naseto podnebje niti se NASHI! Mojot grad bese ubav od dvete strani naVardar,so"evrejskoto mostce i teatarot, so prekrasnite kukji i kejot so drvoredite i dukjanot na cuveniot sivac Despotov,. Gi nemase onie rugli od novi nedovrseni gradbi na VMRO, i ostanatoto, no imavme grad so DUSHA! Komu mu preci dusata na Skopje i srekniot zivot na skopjanite koi sirokogrudo,sekogo prifakjaat vo sakaniot grad? Moite deca i vnuci sakam da ziveat vo ubavina i mir, bez teror istrav kako denes
Од: Mediokriteti
Датум: 28.12.2010 23:59:37
Decata na crvenata burzuazija se teska hipoteka na SDSM, no, isto taka i na vladejackata partija. Toa se vsusnost deca na patizantsko-komunistickata elita od Vodno, koi uzivaa maksimalni privilegii: pari, diplomi bez ,,zagrevanje na stolot,, ili so mimalno ucenje, rabotni mesta po zelba, skapi avtomobili, letuvanja i zimuvanja vo mondenski letuvalista i zimski centri itn. itn. Na prsti od ednata raka mozat da se izbrojat decata na crvenata burzuazija koi javno nastapuvaat i koi nudat resenija za teskite problemi so koi se soocuva drzavata i gradjanite na RM! Ovie mediokriteti po 1990 godina ,,po difolt,, se naredija vo SDSM i pretstavuvaat teska hipoteka od koja ovaa partija seuste ne moze da se oslobodi. Mnogu od niv, poradi privilegiite sto gi ovozmozuva vlasta, partiite gi menuvaat kako corapi! So vakvi ludje Makedonija ne moze da napravi ni eden, a kamoli 100 cekori napred! Vprocem problemot so medio go kaza i poranesniot amerikanski ambasador Batler pred negovoto zaminuvanje od R
Од: aca
Датум: 29.12.2010 02:25:23
Bravo Najdovski...laserski precizen profil na iskompleksiranite podanicki i poltronski dusicki sto tolku ja ljubele vlasta,sto ako ne mozele da i se priblizat,ja kritikuvale neargumentirano,se do momentot dodeka ne vlezat vo nea..Toa e profilot na denesnite "Vmro-ovcinja"...nemaat ideali,nemaat sovest,imaat samo zelba da stanat "nekoj i nesto" vo malata ni drzavicka.Od pusti "patriotizam",vo minatite vreminja bea glavnite kodosi,a sega se glavni egzekutori na tie za koi kodosea...izgubeni vo prostor i vreme...zalosno
Од: sv diitrija
Датум: 29.12.2010 05:51:55
Ova e lichno do profesorkata .A shto vi se chineshe profesorke koga za jajca davafte preodni otceni ?Vo Makedonia mislam za ovaa propast se naj krivi Profesorite i profesorkite koj na sekoj nachin prodava otceni na Uchenisite i Studentite . Se dobivaa i univetzitetski diplomi na kilo ,bez znaenje e toa drugarke denes e davit drzavata . se pravat grubi greshki kako onaa koga se prifati da se zboruva za imeto na nashata zemja i sve se zakochi i taka e eve 20godini SLABI STUDENTI, SLABI POLITICHARI i NARAVNO SLABA DRZAVA .A seto ova se soveduva so korumpiraniot prosveten sistem.

Најди! во Утрински
Мислења
Уште една изгубена година
 

What will 2011 bring for the Western Balkans?
Last news update on WAZ.EUobserver
Croatia moves closer to concluding EU accession talks