Број 2860  петок, 12 декември 2008
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Фељтон

Претходен број


Site Meter
Македонија

Учебниците за шесто некомплетни

Шестоодделенците се' уште чекаат да се докомплетираат новите учебници откако нивното излегување претходно се пролонгира поради процедурите во ресорното Министерство. Родителите на шестоодделенците се жалат дека секој ден трчаат во книжарници за да проверат дали излегол некој нов учебник.

„Од училиштето ни велат дека треба да ги фотокопираме старите учебници ако не можеме да ги најдеме додека не излезат нови. Самите наставници не знаат да ни објаснат кои нови учебници се пуштени во продажба“, вели еден родител. Тој смета дека е скандалозно што пред самиот крај на првото полугодие купуваат учебници кои децата ќе ги користат само три или четири месеци.

Од издавачките куќи велат дека не добиле одговор на дел од нивните поплаки, па се прашуваат дали воопшто нивните жалби поминале на Второстепената комисија во Владата.

„Имаме и законска можност да се жалиме и до Управниот суд, а како да ја искористиме таа шанса кога не сме добиле одговор по жалбите, а учебниците веќе се продаваат?“, прашуваат во „Табернакул“.

Според родителите, досега во продажба се излезени повеќе учебници, а се чека да излезе учебникот по информатика, додека по македонски јазик учениците ќе го користат стариот учебник. (Ж.Х.З.)


Статијата е прочитана 174 пати.

Испрати коментар

Од: s.m
Датум: 12.12.2008 00:15:13
prvoto polugodie zavrsuva za dve nedeli ! zarem ne e glupost da se kupuvaat novi ucebnici za samo 4 meseci nastava vo vtoroto polugodie ? vo naseto obrazovanie vladee totalen haos na sekoe pole . kako sakame da ,,vadime ,, dobri generacii koga ne umeeme da pruzime kvalitetno obrazovanie ! dali nekoj pokraj sleduvackite novogodisni i bozicni troskovi moze da odvoi i uste 2-3 iljadi den. za novi ucebnici ?
Од: vale
Датум: 12.12.2008 08:47:18
Istiot komentar go imam, zarem ne moze nastavnicita da najdat nekoe najbezbolno resenie za ucenicite i roditelite,na primer da se kupi edna kniga pa da se isfotokopira, da se podelat trosocite zaednicki. Zatoa sto vo ova vreme, morame site da razmisluvame kako samite da si pomogneme i olesnime zivotot. So zaednicki sili da odime napred. Nastavnici, od vas ocekuvame organizacija, a tuka sme i nie da pomogneme ako treba.

Најди! во Утрински
Барај со НАБУ
Македонија
Струмица го прослави патрониот празник
Меморијалниот споменик за Тоше може да се гради
Делчевски семејства шест години не можат да се вселат во становите
Првачиња знаат и за „добар ден“ и за „мир минѓеси“
Најмногу пари за Кумановскиот регион, а најмалку за Скопскиот
Барања за покуси рокови за враќање на ДДВ
Розови рецепти за фондовските лекови
Пазарџиите се бунат против тројно повисоките казни