Што прават денеска
Сашко Коцев
актер
Денеска ја имам претпоследната проба за сезонава на „Опера за три гроша“. Одморот веќе сериозно наближува, од понеделник, па вечерва се олабавувам, ги собирам другарите од Куманово и тргнуваме во акција да „запалиме половина град“. Се разбира, метафорички!
Сања Шутевска
кореографка
Задоволна сум од успешно завршената годишна ревија на „Академија Италијана“, која се случи во средата, а во која професионално многу се вложив, па денеска одморам во семејниот мир. Се разбира, колку што дозволуваат децата. И можеби ќе заминеме за викенд во Охрид.
Горан Алачки
музичар
Јули и август се период од годината кога во моето Музичко училиште во Скопје ми доаѓаат ученици од светот, кои сакаат да ја изучат македонската народна музика. Сезонава треба да дојдат 55- 60 ученици. Паралелно, со учениците од Шведска го подготвувам концертот што ќе го изведеме во Бугарија, на почетокот од август. |