Хороскоп
ОВЕН
Доколку продолжите да функционирате со иста динамика, прво на удар ќе биде вашето здравје, кое во моментов е многу чувствително. Обидете се на секој начин да го санирате овој проблем. Најлесен начин да работите на себе е да го пронајдете духовниот мир и да постигнете внатрешна рамнотежа.
БИК
Вашето здравје е на одреден начин загрозено. Причините за тоа има безброј, но ако подобро погледнете ќе сфатите дека не е се' така црно како што ви изгледа на прв поглед. Можеби и претерувате кога пред себе си поставувате цели што не може да ги завршите во зададен рок. Не важи секогаш правилото дека биковите можат се'.
БЛИЗНАЦИ
Многу припадници на овој знак ќе се соочат со проблеми за кои нема да можат да го најдат соодветно решение. Бидејќи природата ве создала како големи оптимисти, а околината ве сака, нема да ви биде проблем да успеете да најдете соодветно решение.
РАК
Се наоѓате во елемент, што значи дека вредно работите и љубоморно ја чувате тајната на успехот само за себе. Како соработник сте навистина корисни и соработниците уживаат да бидат во ваша близина. Штом ќе се постави прашање за престиж, не сакате да ги откриете вашите адути. Имате право тајната да ја чувате за себе.
ЛАВ
Сознанието дека некој ве измамил се' уште остава болни траги за вас. Се' уште не може да ја прифатите ситуацијата, но соочувањето е најголема доблест што лично ја поседувате. Меѓутоа, планетите ветуваат дека наскоро може да очекувате позитивни промени и на расположението и на хармонијата со себеси.
ДЕВИЦА
Се' укажува на тоа дека на моменти знаете да бидете вистински мазохисти кон другите. Постојано се стремите да ја надминете баналноста и просечноста кај вас и кај луѓето. Мора да разберете дека не се сите предодредени да бидат број еден каде и да се појават или што и да направат.
ТЕРЕЗИЈА
Доколку и понатаму брзате кога станува збор за работата, лесно може да го исцрпите организмот, па дури и да му наштетите на здравјето. Непријатности ве очекуваат од многу страни. Може да се случат проблеми со законот, кои се, пред се', финансиски, а ќе ви наштетат. Бидете повнимателни во се'.
СКОРПИЈА
Ве очекува успешен ден на сите полиња, па дури и кога станува збор за најпроблематичниот дел во вашиот живот, финансиите. Работата и љубовта се на чекор до свое конечно разрешување, па освен задоволството со соработницит��, ви се овозможува и да проживеете убави мигови со партнерот.
СТРЕЛЕЦ
Средувањето на односите со околината и решавањето на емотивниот проблем ќе бидат основите работи што ќе ви го обележат денот. Конечно, ќе се одлучите да направите еден чекор повеќе од предвиденото и со тоа да го забрзате процесот на решавање на она што ви создава мака во изминатиов период.
ЈАРЕЦ
Се нервирате и повеќе отколку што треба. Бидејќи ситуацијата во која се наоѓате бара од вас да го намалите темпото на живеење, а би било подобро да се осврнете на друг вид активности кои, пред се', ќе направат да се чувствувате посилни. Доколку успеете да се изборите со тврдоглавоста, резултатите ќе дојдат побрзо.
ВОДОЛИЈА
Моментално се' ви поаѓа од рака, и љубовта, и парите. Внимавајте како варирате со тежината и обидете се да внесувате што е можно повеќе здрава храна. Незаборавни моменти ќе го одбележат денот и ќе влијаат да се чувствувате одлично во друштво на саканото лице.
РИБИ
Желбата за доминација е нешто од што ќе се водите во текот на цел ден. Околината ќе се обиде да ве игнорира кога се буди шефот во вас, но вие умеете да се изборите за она што го сакате. Свесни сте дека располагате со голем квалитет, но тоа не мора секогаш да значи дека треба да се натпреварувате со другите.
|