Број 3655  сабота, 13 август 2011
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Стил








Site Meter
Скопје

Живи врби среде Вардар ќе го раззеленуваат „Скопје 2014“

Министерството за култура бара фирма што ќе ја изгради конструкцијата за дрвјата во вид на саксии

Деспина Трајковска

Освен палмите, фонтаните и двата нови моста, Вардар ќе го красат и три живи врби поставени среде. Ќе се издигнуваат од водата благодарение на бетонски конструкции слични на саксии. Овој одамна најавен, па речиси заборавен проект, дефинитивно, ќе се реализира. Министерството за култура веќе бара фирма што ќе ги изведе градежните работи. Извесно е дека новата декорација загадениот Вардар ќе ја добие до крајот на годинава иако неколкупати досега експертите укажуваа дека проектот е реално изводлив, но не може да се даде гаранција за сигурноста на дрвјата и на другите придружни елементи поради непредвидливиот Вардар. Истовремено, некои потенцираа дека избраната локација нема соодветна подлога за поставување на конструкциите и виреењето на растенијата. Сепак, надлежните не се откажаа од намерите.

„Овој проект е дел од проектот за поставување 35 скулптури во централното градско подрачје, а идејното решение кое ќе се реализира беше избрано на конкурс во 2008 година. Станува збор за проект на авторката Искра Димитрова“, информираа вчера кусо од ресорното министерство, без да одговорат колку пари се предвидени да се потрошат за оваа намена. Истовремено, дополнија дека врбите и портата се единствени скулптури што останаа да се постават како дел од проектот за 35 скулптури што почна да го реализира Министерството пред две години.

Според објаснувањето на авторката Димитрова, трите врби е замислено да се постават на бетонски конструкции слично на саксии. „Со моето идејно решение предвидов врбите поставени во бетонски конструкции да се наоѓаат паралелно на кулите лоцирани до ГТЦ. Бетонските основи би биле така изведени да личат на саксии, широки по два метра“, објасни Димитрова за „Утрински весник“ кога јавноста беше информирана за целиот проект на Министерството. Таа објасни дека токму футуристичката нишка на овој проект, од една страна, и предвизикот во центарот на градот да се даде печат на вегетацијата која се' помалку ја има во централното градско подрчаје, биле предизвик за неа при изработката на проектот. Напомена дека ги избрала врбите како синоним на реката, а Вардар како белег на Скопје, кој, всушност, ќе претставува природна средина за дрвјата. Димитрова потенцираше дека со идејното решение за врбите, кое е еден вид споменик, ќе се оддаде почит на вегетацијата на Скопје.

„Сакав да создадам нешто да има свој израз и автентичност за градот, сето тоа на еден посовремен начин. Во проектот, бетонот како суровост на урбаниот материјал го спротивставив на романтичниот аспект на врбите. Притоа водев сметка тие да не го попречуваат погледот на Камениот мост, бидејќи тој е еден од главните симболи на Скопје, а сепак да дадат доза на веселост на урбаниот пејзаж“, дообјасни Димитрова за „Утрински“.


#
Статијата е прочитана 4611 пати.

Испрати коментар

Од: зачуден
Датум: 13.08.2011 00:55:26
нека нарачаат и мајмуни и лавови, едните да рипаат по врбите и палмите а другите да лежат и да уживаат под сенките. а може и некој крокодил да пуштат по вардар, не е и тоа лоша идеја
Од: ниту срам ни перде ДПМНЕ
Датум: 13.08.2011 03:26:44
Нема ранициза глшпститеа римитивните политичари а ПМН од типот аоце Трајаов...имаат ли чувство з срам и за својата глупост?
Од: da_mi
Датум: 13.08.2011 04:25:22
Nekogas se potrebni mali raboti i zafati, za da se predizvika voodusevuvanje! Odlicna ideja, koja ne povlekuva golemi finansiski sredstva, a vo kombinacija so fontanite i novite mostovi, ke mu dade sosema nov lik na Vardar vo tecenieto niz centarot!
Од: јана
Датум: 13.08.2011 09:39:26
“Генијална идеја“, ха, ха, ха. Кога веке булеварите во центарот се соголија да го пошумиме Вардар. Браво за генијалците!!!
Од: sto stana
Датум: 13.08.2011 10:09:19
sto stana more Koce so palmite. ne se fanaja. sega vrbi ce sadis. tie ce se fanat posto vardaro e poln so gomna i ce imaat hrana. nego me interesira kako bese na svetskite plazi kakabana 1 i 2. nesto nema na MRT.
Од: Leroy
Датум: 13.08.2011 10:57:45
Porano starite velea - Budalite nemaat rogovi po sto ke gi prepoznaes.- No ideava mi lici epten na rogovi.
Од: general midi
Датум: 13.08.2011 11:04:59
hahaha, na gluposta i nema kraj...
Од: urba
Датум: 13.08.2011 11:08:20
Kakov beskraen idiotizam od sekoj aspekt.
Од: alek
Датум: 13.08.2011 13:00:21
samo kako mozna ideja: da se postavi zicara, moze i skele od plazata do vrbite i okolu vrbite da se napravi katna garaza za velosipedi. a penzionerite da parkiraat besplatno.
Од: Трпе
Датум: 13.08.2011 18:22:59
Од оваа убаина поголема здравје.Кич до кич,уште фали фенери да се стаат на кејот и нашите функционери од актуелната власт,кои мора на сопругите да и купат чадори и шпки и да шетат по кејо.И после некој нека каже дека РМ била сиромашна држава и дека имало криза.А и много убаво мириса покрај Вардаро.Милина за шетање.
Од: Жални сте како врбиве
Датум: 13.08.2011 23:42:12
На тераса да си ги садат ова функционериве од власта. Добро барем знаеме дека фантазијата име бујна !!!
Од: macor
Датум: 13.08.2011 23:48:24
.....vrbi, kalemeni so lozje, sto bi kazale "brakata" srbi, na vrba da se rodi grozje....ulava rabota....nenormalni,,,
Од: malo crnice
Датум: 14.08.2011 08:37:24
Taman da pomislam deka go dostignavme vrvot na gluposta koga ete demant od vladata na RM. Decki neverojatni ste so ideive, sto li piete i jadete za volku brilijantni idei da imate?
Од: trajko
Датум: 14.08.2011 09:34:11
dobro ostana li covek so pamet vo makedonija i skopje?sto ne posadat vrbi pokraj vardar...znaat i vardar e zagaden i smrdi znaci i vrbite ce smrdat...sto ne napravat nesto za geto naselbite kako gazibaba,cair,naselba lisice,mazdari,djorce,pritor,divite kuci pokraj prugata vo aerodrom,debarmaalo,mdzarmaalo.....
Од: Janaa
Датум: 14.08.2011 11:43:51
Na lugevo ocigledno nisto ne im odgovara ne gradi gi nema parite gradi zosto se gradi , ocigledno ne sakaat da imaat nesto ubavo vo gradov , ednostavno se vi smeta !!!
Од: caro na HUNZITE
Датум: 14.08.2011 14:08:04
...Janoo, mori, kutra Janoo...

Најди! во Утрински
Скопје
Телефонски побарај да ти асфалтираат дупка
Злато и на мостот „Гоце Делчев“

"""