Број 3655  сабота, 13 август 2011
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Стил








Site Meter
Скопје

Телефонски побарај да ти асфалтираат дупка

Дупките по скопските улици ќе се поправаат по пријава лично од граѓаните. Така барем ветуваат градските власти, односно Јавното претпријатие „Улици и патишта“ кое најчесто интервенира кога се во прашање ситни поправки на градските и општинските улици. Планираната акција веќе се рекламира и по билборди.

Порака „пријави дупка на 15300 !“ деновиве среќаваат скопјани по „Илинденска“ и по неки други локации. Иако телефонскиот број веќе е во функција, теренците се' уште не почнале со реализација на акцијата. Се очекува пополнувањето на дупките по пријава од граѓаните да стартува за десетина дена.

Засега, на телефонскиот број љубезно ја објаснуваат постапката и порачуваат дека од понеделник се' ќе биде дефинирано. Тогаш ќе се знае точно за кои улици граѓаните ќе можат да побараат интервенција, дали ќе има потреба само од затворање на дупка, или, пак, екипи на „Улици и патишта“ ќе вршат и покрупни зафати. Детаљите за акцијата, како што најавуваат од претпријатието од идната недела ќе бидат објавени и на неговата в��б-страница. Таму ќе биде наведена и листата на улици за кои ќе може да се побара одреден зафат.

Граѓаните што веќе се информирани за акцијата позитивно ја оценуваат најавената кампања. Особено оние од Кисела Вода велат дека сега конечно ќе имаат каде да се пожалат на раскопаните улици во населбата. Сепак, дали и тие се на списокот за можна интервенција, ќе се знае од наредната недела. Надлежните треба да разграничат дали кампањата ќе ги опфати сите улици низ Скопје, односно дали градското претпријатие ќе интервенира само на градските улици, на оние по кои поминува автобус, или и на собирните, односно на општинските. (Дс.Т.)


#
Статијата е прочитана 1439 пати.

Испрати коментар

Од: Milos
Датум: 13.08.2011 13:51:54
pa so ke prijavuvame na sekoj cekor ima dupki ..neka prosetaa malce .....debar malo e celo iskopano pozadi univerzalna cela iskopana e isto taka.... ne se samo dupki propadnati sahti ili loso zakrpeni odnosno propadnati asvalti!
Од: aerodrom
Датум: 13.08.2011 20:44:56
a kade da prijavam divi kucunja mi e strav da izlezam nadvor..........

Најди! во Утрински
Скопје
Живи врби среде Вардар ќе го раззеленуваат „Скопје 2014“
Злато и на мостот „Гоце Делчев“

"""