Број 3420  понеделник, 01 ноември 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Фељтон
Вести








Site Meter
Политика

Балевска ќе била администратор, а не дипломат

Маја Балевска ќе работела како администратор, односно лице за врски во Канцеларијата на ЗЕЛС во Брисел и во никој случај нема да има дипломатски позиции. Вака вчера се огласи Заедницата на единиците на локалната самоуправа на Мaкедонија откако ова кадровско решение предизвика силни реакции во јавноста.

„Позицијата на лицето што ќе работи во канцеларијата на ЗЕЛС е утврдена како администратор, односно лице за врски и е многу далеку од споредувањето со дипломатските позиции. Сите споредби на оваа функција со дипломатска и со амбасадорска се несериозни“, се вели во соопштението од ЗЕЛС.

Од Заедницата уште дополнија дека сите одлуки ги носат заеднички, меѓу градоначалниците од сите политички партии. „ЗЕЛС е асоцијација каде што членуваат сите општини во Македонија. Тоа, воедно, значи дека сите политички партии, претставени на локално ниво, како и припадници на различните етнички заедници, членуваат во ЗЕЛС. Фактот што сите одлуки во телата и органите на ЗЕЛС се донесуваат со консензус, говори за единственоста и посветеноста на претставниците на општините, но и за нивната посветеност и неразличитост кога е во прашање развојот на локалната самоуправа. Сите донесени одлуки му се претставуваат не само на членството туку и на пошироката јавност преку нашето списание и преку веб-страницата“, велат од ЗЕЛС.

Единствена цел на Канцеларијата во срцето на Европската унија, Брисел, била претставување, застапување и лобирање во име на македонските општини пред институциите на ЕУ. „За вработување лице што ќе работи во таа канцеларија, ЗЕЛС распиша конкурс. Единствена пријавена на наведениот конкурс беше Маја Балевска“, потенцираат од ЗЕЛС.

Оттаму уште потенцираат дека Маја Балевска има 28 години, а во 2004 година дипломирала на Универзитетот „Вебстер“ во Виена, на студиите за меѓународни односи, додека во 2008 година магистрирала на истиот Универзитет на студиите за меѓународни односи. Работела на неколку проекти во земјава, додека во последните 15 месеци живее и работи во Брисел. Балевска зборува англиски, германски и француски јазик. (Д.Р.)


#
Статијата е прочитана 1635 пати.

Испрати коментар

Од: barbiUsa
Датум: 01.11.2010 12:48:52
Ima i poobrazovani od nea,i so poveke iskustvo ama curava ja butka nekoj,ajde neka ja pratat doma,dosta pisuvate za nea,dosadna e veke
Од: gragjanin
Датум: 01.11.2010 13:13:56
super shto zboruva tri EU jazici, a da posveteshe malku vnimanie na makedonskiot...!
Од: Професорка
Датум: 01.11.2010 13:38:53
“Лицето Балевска“ воопшто не ми смета. Барем е убаво, споредено со булументата која е испратена во нашите амбасади. Ионака ниту еден од нив не е пратен дека знае јазици, има дипломатско искуство и е шармантен за комуникација. „Дапаче“ би рекле Хрватаите.
Од: jovan
Датум: 01.11.2010 14:16:44
A ako ispratat nekoj drug mislite poaren ke bide. Se e toa edno isto, bitno e da si necii.
Од: ANA
Датум: 01.11.2010 16:08:10
Zzenskata e top za taa pozicija,za Brisel tokmu takva treba ,za vrski i komunikacii.Dosta so toa diplomatski statut,diplomatska pozicija ,za toa mesto ne treba nishto od toa, dosta e da e komunikativna.A, pa vashite Ambasadori shto gi prakate po svetot sachuvaj bozze,neznaat da odazt pô asfalt, se sopinjaat- sirotite se simnati od planina,pa koga bile borci za chovekovi prava.Aj ve molam< ostavete go devojchete na mira .Za kancelarija na ZEVS shto treba Klinton da go barame.Bez zanesuvanje
Од: Dejan
Датум: 01.11.2010 19:36:04
Taa moze da napise sto saka vo svojata biografija, se somnevam deka znae i eden od navedenite jazici so ogled deka makedonskiot go znae pomalku od prvooddelence. Ne mi e poznata taa skola vo Viena - ne e cudno da e nekoe vecerno skolo. Vo sekoj slucaj nevidena sramota.
Од: Mitre od dolnodupeni
Датум: 01.11.2010 20:44:39
Да не биде ќе има работно место...некое...но и не мора да работи...нема да има столче...или нешто ќе си измислат овие...недокваканиве...
Од: bogitheman
Датум: 02.11.2010 02:03:24
Zgodna e nema sto, Mata Hari na makedonski nacin. Oni nas so diplomatija nie niv so ljubov. Pravi samaricani sme, svrti go i drugiot obraz. Bas se prasuvam, ne samo za Maja, sto intelektualni kapaciteti nie makedoncite ke bevme koga so 28 godini sme magistri a veke so 30 doktori na nauki. Bez objaven naucen trud, edinstveno meritorno vo svetot na naukata.
Од: R..
Датум: 02.11.2010 03:18:56
Polemikata oklu ovaa licnost trae od poodamna, odkako taa bese ispratena vo Brisel kako dopisnik na MIA. Nekoe vreme bukata se smiri, za da zapocne denovive na novo, poradi novata funkcija koja i bila dodelaena na ovaa diskutabilna licnost. Sega izleze deka e takareci poliglot i so poveke diplomi,za sto onie koi ja poznavaat , ne se bas na toa mislenje. Nejse, devojceto ke se nauci da raboiti, ima vreme bidejki sega , neli ke bide samo OBICEN SLUZBENIK., NE DIPLOMAT.. Makedonija mnogu cekala i e poznat kako trpeliva nacija ,pa nema da bideme razocarani ,sto i ponataka ke si prodlzime kako do sega, da si cekame so mnogu nadez... A i ne e nejzina vina, sto e izbrana na volku odgovorna rabota,kade ke mora vistnski da se maci i da 'rlba bidejki samo ona se prijavila na konkursot. A KOGA BESE TOJ JAVEN KONKURS, KOLKU PATI BESE OBJAVEN I KOLKU VREME TRAESE TOJ, VE MOLIME?

Најди! во Утрински
Политика
И платите на учителите - на ачик?
Продолжуваат вложувањата
Еден кандидат за градоначалник






No-confidence vote in Kosovo government leads to snap elections
Serbian president on historic visit to Croatia
Bulgaria least competitive country in the EU