Број 3625  петок, 08 јули 2011
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Онлајн вести

Насловна








Site Meter
Македонија

Контрасти околу мостот во Гостивар

Едната страна на кејот е рај за шетање и за уживање во попладневните часови, додека на другата врие од камиони и смет

Киро Кипроски


ГОСТИВАР - Мостот на реката Вардар кај Основниот суд Гостивар е меѓник на убавиот и лошиот дел на кејот. Над мостот во должина од околу 400 метри од двете страни на реката кејот е уреден во современо шеталиште. Пред неколку месеци беа поставени бехатон-плочки, на средината има зеленило и цвеќиња што се одржуваат, а новите канделабри во вечерните часови го осветлуваат кејот и му даваат посебна убавина. На повеќе места се поставени клупи за седење и канти за отпадоци. Уредувањето на кејот беше завршено пролетва и претставува одлично место за одмор �� рекреација. Гостиварци од сите возрасти, особено во попладневните и во вечерните часови шетаат на кејот.

„Секое попладне сме тука, се среќаваме со познаници со кои разменуваме мислења и неколку часови минуваме во прошетка и разговори. Ем се забавуваме ем на убав начин го исполнуваме слободното пензионерско време. Убаво би било и кејот под мостот на реката да биде уреден, со што сликата целосно ќе се комплетира и градот ќе добие во убавина“, ни вели брачната двојка Бундалевски.

За жал, левата страна на кејот на реката под мостот, кој пред неколку години беше поплочен, место за шеталиште, претворен е во дрварница. Секој ден над дваесетина камиони натоварени со огревни дрва се паркираат и се продаваат. Неретко се случува тука да се врши пилње и цепење на дрвата. Камионџиите на кејот вршат и поправки на возилата, менуваат масло на моторите и заменетите делови ги оставаат на местото, како и испуштено масло кои ја загадуваат околината. На оваа појава реагираат станарите на станбените згради и на куќите што се наоѓаат во непосредна близина. Тие се жалат до надлежните за нередот што се прави со години и за ѓубрето што го нагрдува кејот.

Десната страна на кејот под мостот на реката е во уште позагрижувачка состојба. Откако беше изградено коритото на реката Вардар пред четириесет години, ништо не е преземено за негово уредување. На повеќе места површината е со големи вдлабнатини и по врнење дожд, се полнат со вода, а со зголемување на температурите се шири непријатна реа. На целиот простор има отпадоци и дава грда слика на овој дел. Граѓаните реагираат на оваа појава, а надлежните во општината како причина за непреземање активности за менување на состојбите го посочуваат немањето парични средства.


#
Статијата е прочитана 710 пати.

Испрати коментар

Од: Dosta so tie "otode reka scenarija"!
Датум: 08.07.2011 02:26:27
Ne veruvam deka i do GOstuvar e otiden sindromot na DPMNE "otode Vardar", ta neli Gostvar e "otode Grupcin"? Osven ako sekoj grad i "otode Grupcin" treba da ima "otode reka"...kako na primer Tetovo...?

Најди! во Утрински
Македонија
Совети за најблиските туристички дестинации
ТЕЦ „Неготино“ може да се храни и на јаглен
Истражување на МЦМС за меѓуетничките односи

"""