СДСМ треба да се престрои за да стане сериозна конкуренција на власта и за да може да отвoра важни дебати во општеството
Александра М. Митевска
Преминаа од позитивна кон негативна кампања, излегоа на протести против Владата, ги анимираа ранливите социјални групи, се здружија во широк фронт, дури и ја сменија розата на своето лого, но во опозицискиот двор се' уште не цветаат рози. Последните мерења на пулсот на граѓаните, навистина, покажаа одреден пад во рејтингот на власта и извесно поместување кон подобро кај СДСМ, но тоа се' уште не е доволно за да се сфати сериозно намерата на опозицијата да издејствува смена на власта на предвремени избори.
Сепак, во раководството на СДСМ велат дека се релаксирани по последните анкети, бидејќи евидентни се падот кај ВМРО-ДПМНЕ и порастот кај опозицијата. „Ние и така не очекувавме рејтингот на власта да падне преку ноќ. Очигледно е дека се влошуваат сите трендови што се однесуваат на власта, а тие трендови не се инверзибилни, така што ќе паѓаат уште повеќе“, коментира еден опозициски функционер, оценувајќи дека кога би се одржале избори во почетокот на следната година, поразот на власта бил извесен.
Во, меѓувреме, социјалдемократите се решија на уште еден потег за м��билизирање на членството. Повикаа на „востание“ на 11 Октомври во Прилеп, со што и индиректно ќе и' пратат порака на власта дека неправедно запоставува еден значаен период од македонската историја. Потоа во нивната агенда се предвидени промоции на уште неколку проекти што би ги реализирале кога би дошле на власт и поголемо присуство на терен.
По четири години опозициско дејствување и неколку промени на лидерската позиција, СДСМ се' уште не успеа да и' го земе приматот на ВМРО-ДПМНЕ на листите на популарноста, иако на владејачката партија и' се припишува одговорноста за влошувањето на животниот стандард, за назадувањето во демократските процеси, за оддалечувањето од ЕУ и од НАТО... Перцепцијата на граѓаните дека сега се живее полошо отколку пред смената на власта пред четири години, очигледно, не е доволно силен аргумент за симпатиите повторно да се насочат кон партијата што беше на власт до 2006 година.
„Треба да помине уште време додека да се залечат раните од минатото, да се заборават старите импресии. Секоја партија заминува од власт со тежок товар. Мицотакис и Караманлис во Грција, на пример, си заминаа поради скандалите што ги потресуваа нивните влади“, коментира универзитетскиот професор Ѓорѓи Тоновски. Тој посочува дека премиерот Никола Груевски се' уште има адути што би можел да ги искористи во наредниот период за да го запре падот на рејтингот на власта и да ги осуети плановите на опозицијата.
Ако се суди според настапите и дејствувањето на опозицијата, враќањето на Бранко Црвенковски на лидерската позиција беше потег што го мобилизира и го обедини сдсмовското членство и резултираше со помирување меѓу раскараните струи во таборот на левицата. Антивладиниот митинг во јуни беше најдобар доказ дека на опозиционерите им се враќа ентузијазмот. Но, последните анкети покажаа дека тоа, сепак, не е доволно за да се привлечат големиот број неопределени гласачи.
„Многу индикативно е тоа што на опозицијата се' уште слабо и' оди, и покрај тоталната хаварија на власта. Кога огромен процент граѓани не се наклонети ниту кон една политичка опција, тоа е знак дека граѓаните немаат избор“, резонира професорот Мерсел Биљали.
Комуникологот Петар Арсовски, пак, наведува дека СДСМ мора да го реформира начинот на кој комуницира со гласачите и се бори за поддршка. Според него, најголем проблем на социјалдемократите е отсуството на професионална и ефикасна маркетинг-стратегија, така што, опозицијата е заглавена - без суштински реформиран имиџ, со старо-нова структура и без решение како да се промовираат сопствените решенија.
Последните 12 месеци (по конгресот на кој беа промовирани „Решенија за Македонија“) беа период на значајни промени во главната опозициска партија, која помина низ кадровски, организациски и програмски реформи, што многумина ги доживеаја и како обид да се копира ВМРО-ДПМНЕ. Но, ако се анализираат модалитетите на дејствување на ова раководство на левицата, тешко се повлекува паралела со активностите од опозициските денови на Никола Груевски, кој за четири години ја врати ВМРО-ДПМНЕ на власт. На тој чин, пак, му претходеа серија штрајкови и демонстрации како врв на незадоволството што се разгоре околу референдумот за територијалната организација, зад кој стоеше широк фронт од невладини организации и политички субјекти, предводени од сегашната владејачката партија.
Социјалдемократите, пак, во изминатата година повеќепати осцилираа од позитивна кон негативна кампања и обратно. А, во меѓувреме, правеа компромиси со власта за прашања од кои зависи меѓународната позиција на државата, веројатно, сметајќи дека ним, едноставно, не им личи радикализација. Последниот компромис што го направија - за собранискиот Деловник и за координациите кај спикерот, очигледно, немал влијание врз рејтингот на партијата!
Потполно треба да се разбере опозицијата која вели да има евидентен напредок во својот рејтинг,кој само таа го евидентира додека другите како неависните опозициски медиуми и другите а посебно електоратот не го гледа ово евидентен напредок.Да не должиме многу и со фудбалски жаргон да опсервираме.Неможе тим четири пати катастрофално да изгуби а да се менуваат играчите а тренерот мува не го лази.Знаеме да секогаш е обратно.
Од: jovan
Датум: 02.10.2010 14:09:30
Opozicijata e vo "haos"od pricina sto nemaat luge/kadri koj mozat da se nosat so momentalnive predizvici."Seljacite" od VMRO gi pregazija od prosta pricina sto na narodov mu ponudija raznorazni gradbi koj se komentiraat vo stilot:"Barem ovie nesto pravat".Toa sto "ovie" pravat go pravat so zadolzuvanje.No obicniot narod toa ne go svaka,pa od dve zla go bira ona sto vo momentov poveke mu nudi."Fraerite" od SDSM se uste se edinstveno podobri od "seljacite"od VMRO po toa sto podobro ralikuvaat sto e La Costa a sto e Luj Viton, a i znaat vo koj "kafiki" da izlevat. Drugo nisto ne znaat sto da ponudat, zatoa i se "zateceni".Znaci SDSMovci,ako imate namera da "rintate" i da se zrtvuvate(a nekoj ke mora,drzavava e potrosena)povelete.Ako i ponatamu mislite da se setkate po ulica Makedonija, togas ne zamarajte narod so gluposti, a i vie ne se zamarajte samite sebe
Од: tihi
Датум: 02.10.2010 16:03:21
Mnozinstvo od narodot saka vo EU .Ama istoto toa mnozinstvo ne saka po sekoja cena.Mnozisto od narodot smeta deka porano poubavo ziveele , ama koga ke ja vidi alternativata na ovaa vlast istoto toa mnozinstvo smeta deka i ne e tolku loso.A vie seuste nemozete da svatite zosto e toa taka.
Од: Сергеј
Датум: 02.10.2010 16:07:34
Не залажувајте се: секогаш кога власта почнува да глуми „загриженост“ за опозицијата преку разни „комуниколози и политиколози“ таа само се обидува да инсталира таква „опозиција“ која само на име ќе биде опозиција, а во се’ друго само нејзина клапа. Кога власта заговара „кадровска“ промена во опозицијата - таа таму подготвува пуч. И нема зошто опозицијата да се обидуува да биде конструктивна на ваква фашизоидна и дефинитивно одлепена власт. За ваква власт е потребна само таква опозиција која на секој чекор и во секој миг ќе ги разобличува портокалово-роматичните фабрикувани лаги на власта. ( http://otpor.log.ph/ )
Од: nacional-patriot
Датум: 02.10.2010 17:35:37
Pred lokalnite i pretsedatelski izbori vo 2009 godina se pravea predizborni anketi od relevantni agencii kade sto SDSM imase okolu 15%.I togas tie zboruvaa deka nivniot rejting raste,no na tie lanski izbori SDSM osvoi 200 000 glasovi i ubedlivo izgubi.I sega vistinskata tezina na SDSM e okolu 200 000 glasovi.
Од: девичанецот
Датум: 02.10.2010 21:02:02
Ова раководство на СДСМ, поготово со патријархот на чело..си го има кажано своето.
Народот два пати го насамарија...е по трет пат богами...не ќе да биде.
На секој паметен и мудар Македонец, Европа по секоја цена не му е потребна.А секој македонец е доволно паметен и мудар...гледајќи низ какви тешкотии Европа поминува..и што добија нејзините нови членки...
Во сите од нив, анкетите покажуваат дека во претходниот систем народот подобро живеел.
Да ги набријам само: Бугарија, Романија, Чешка, Словачка, Словенија, Полска...
Од: Trpe
Датум: 02.10.2010 21:39:39
Za da vladees so narodot, drzi go vo strav. Ovoa e najdobriot odgovor zosto se takvi anketite. Sekoj graganin na Makedonija stravuva za nesto. Nasekade nesigurnost, globi, kazni i sto li se ne. Istoto go ima praveno i Hitler ama najgolemata steta od negovoto vladeenje ja imaa samite germanci. Samo so toa sto segasnata vlast e mnogu posofisticirana i ima posovremeni Gebelsi, koj uporno go ubeduvaat narodot deka mu e podobro, iako toj e se posiromasen
Од: Izvleci pouka
Датум: 03.10.2010 08:20:46
Poradi stravot kaj ludjeto od prislusuvanje, rejtinzite se nerealni. Sepak, ako rejtingot na glavnata opoziciska partija raste, a na nejziniot lider ostanuva ist, treba site opozicioneri, a osobeno liderot da izvlecat pouka!
Од: Stojko
Датум: 03.10.2010 11:05:11
@Feliks > Moze , i te kako moze! Eve Grujo 4 godini ne se poveke zakopuva, a muva ne go lazi. Ama za 'vakov narod....