Стразбур - Идната недела вниманието ќе биде свртено кон Стразбур, каде што се одржува есенската сесија на Парламентарното собрание на Советот на Европа. На сесијата ќе учествуваат претседателот на Владата на Македонија, Никола Груевски, и министерот за надворешни работи, Антонио Милошоски, а обраќање пред парламентарците ќе има и германскиот шеф на дипломатијата, Гидо Вестервеле, со кого се планира и средба. На неа треба да се разговара за евроатлантските интеграции на земјата спроти претстојните самити на НАТО и на ЕУ од кои Македонија очекува членство и почеток на преговори. Како што беше случај и при неговиот прв настап на јунската сесија, на македонскиот шеф на дипломатијата повеќе од сигурно е дека ќе му бидат поставени прашања за односите, поточно за нерешениот спор со името што го имаме со Грција.
На истата тема сигурно дека ќе биде испрашуван и премиерот Никола Груевски, кој според програмата ќе говори в четврток. Груевски е трет македонски премиер што ќе говори во Стразбур пред ПС на СЕ.
Одговорите и ставовите што ќе бидат изнесени од највисоките македонски претставници идната недела од говорницата во Стразбур, ќе дојдат само десетина дена по настаните во Обедин��тите нации во Њујорк, каде што грчката страна го прикажуваше проблемот со името како регионален, а не како билатерален. Настапите на Груевски и на Милошоски се очекува да бидат проследени со големо внимание, но истовремено не се очекува многу од Советот на Европа.
Стразбур околу овој проблем се држи настрана, иако некои негови претставници зазедоа непринципиелни ставови во однос на користењето на придавката „македонски“, кои одат и против принципите и нормите на организацијата задолжена за заштита на човековите права. Претседавањето на Македонија со Комитетот на министрите од самиот почеток беше критикувано од страна на Грција, која бараше претседавањето на нашата земја да не го носи терминот „македонско“, туку според називот со кој земјата е примена во оваа организација, а тоа е поранешна југословенска Република Македонија. Проблемот со името изби во прв план на медиумските извештаи и не остави многу простор за останатите активности.
Види богати нашиов премиер во друштво со германскиот шеф на дипломатија во Стразбур.Значи Феличита имало активности вакви или онакви на премиерот (кој е трет наш премиер кој ќе говори во Стразбур)во странство.Инаку мора да се признае да ептен поголема важност има за нашата земја кога се сретнуваат експреседатели а пензионери, зарем не Феличита.
Од: До ФЕЛИКС
Датум: 02.10.2010 13:48:36
ФЕЛИКС патетико, кога ќе разбереш дека твојот премиер во Стразбур, а и било каде надвор од оваа земја го доживуваат како дворски шут? Да го сметаа за сериозен до сега ќе направеше чуда. Џабе се шета само, со нашите пари.
Од: trpe od gradcko
Датум: 02.10.2010 14:40:33
Najdete nekoe resenie, dota samo so kurtoazni formalni sredbi...kazete ednas kade ke odi idninata na Makedonija, dosta vo izolacija i vo neizvesnost, ja imate celata vlast...za Makedonija se raboti
Од: "vodolija"
Датум: 02.10.2010 17:39:43
Feliks, znae, kakvo kompromisno resenie ke se donese za imeto na Makedonija, kako ke zavrsi ovaa Vlada, sto ponatamu so Gruevski ,so Dpmne i t,n. SAMO NESAKA NA NARODOT DA MU KAZE!! PA NARAVNO , NE E COVEKOT " OBICEN KODOS"
Од: ПРОБЛЕМ НЕ Е ИМЕТО
Датум: 03.10.2010 09:51:20
Проблем не е името туку македонскиот народ. Советот на Европа т.е. ЕУ се гледа колку се демократски. Еден дом на културата во ЕУГрција уште не е регистриран. А кога Европо мислиш ОМОПирин да го регистрираш. Ве мразам недемократски и бирократски институции.
Од: Stojko
Датум: 03.10.2010 11:02:27
Ne mu uspea ubeduvanje so Pepublika Makedonija - Skopje, a sega sto ke ponudi na Evropa (normalno , posle ke vika deka ne e on).