Лондон викендов се крена на нозе по најавите на владата дека ќе крати половина милион работни места во јавната администрација. Колку неадминистративци ќе отидат како колатерална штета откако куповната моќ на семејствата ќе опадне – не е познато, но во најава е најголемиот штрајк во историјата на земјата.
Во Франција, Саркози вртоглаво ја губи довербата по наметнатиот пензиски пакет што ќе ги натера Французите да работат две години повеќе за пензиски стаж. Грција веќе подолго е во агрегатна состојба на континуиран штрајк поради мерките за стегање на ременот, кои мора да донесат пари за враќање на огромниот надворешен долг. Шпанија и Португалија се во очекување на масовни штрајкови, имајќи предвид дека инерцијата од кризата во зоната на еврото никако не може да ги заобиколи, како што не ги заобиколи ни Романија, Унгарија, прибалтичките држави.
Економската криза создава несакани последици. Во стара Европа нараснуваат национализмот, ксенофобијата и почнуваат демонстрации на расна, национална и на антиимигрантска основа... Аналитичарите предвидуваат дека протерувањето на Ромите или азилантскиот бран се дел од комплексот проб��еми што творците на ЕУ не ги предвидоа.
Во Македонија, се разбира, е мирно. Земјава, се' уште чека препорака за влез во европското семејство, по што за очекување е дека ќе ги прифати европските проблеми, но и стилот на изразување на незадоволство преку протести.
Дотогаш, преку проблемите што постојат ќе се минува на начин опишан од момците од К-15 - дека кај нас не може да се организира протест, бидејќи сите брзаат да заминат дома за да не ги фати шпицот...
Навистина чудно!Ние немаме ниту половина од платите на Грците,уште помалку од платата на Англичаните,Французите,Португалците...Цените се секако за половина погоре од оние во посочените земји...Народот залудно чека препорака за влез,а владеачката каста се радува дека европското семејство ќе се распадне!Мирен народ ниту трошки не може да рони,а не,пак,Брег!Нам ни е среќата во минатото-некој ќе се сеќава на поубавите времиња,а некои и’се радуваат на новосоздадената „наша“антика!За тоа време,ни пропаѓа јавното здравство,образованието ни е во колапс,администрацијата воопшто не функционира,не функционира ниту правниот систем...Но затоа...Гордо ќе си ги лечиме комплексите седнати (комирани) поред кич-фигурините и поред псеудобарокните квазимодо-„палати“!
Од: deli
Датум: 25.10.2010 13:58:21
EU nee nekakvo spasitelno udruženie, si ima svoi problemi, svoi raboti, što se za čudenje a ne za voshit, a toa ne malku, raboti, koi što nema smisol tuka da se specificiraat. Toa e na dolgo. No ako čovek ke razmisli, što e podobro, dali da se bide ili ne vo EU, moj pogled e, deka podobro e vo sekoj pogled. Državata a znači i samite žiteli na nekoj način se razvivaat, decata steknuvaat čustvo deka pripagjaat na edna pogolema celina, na sklop državi, od koi nešto može da se nauči - jazici, način na život, da ne se živee izulirano. Verovatno, EU edneška ke se raspadne, kako bezbroj slični udruženija do sega (napr. Juga..) ama pridones - deka nee samo moja država, moj narod, ima ogromna cena. Izolacija i bienje v gradi - gledajte me, čudete se, koj sum ja, nikade nevodi.
Од: jas
Датум: 26.10.2010 05:10:35
kakva ti eu! jugoslavija so 6 republiki ne mozese da proraboti i da iztrae, kako ke iztrae eu so 30 plus drzavi? a sto bi nie mozele da naucime od niv, vrednosti i nacin na ziveenje?? jas imam vrednosti i nacin na ziveenje, si gi sakam mnogu, i negledam podobro na zapad ili kade bilo drugo mesto. mk treba samata da si pomogne za podobra idnina. kade sto ima sloga ima boga i bog mu pomogva na onie koj ke si pomognat sebe si. treba pamet i rabota. pozz od mene na zapad.