СДСМ ја обвини партијата на Груевски дека го партизира празникот, додека партиите од десницата ја критикуваа ВМРО-ДПМНЕ дека го узурпира историското име
Опозицијата го бојкотираше и годинашното одбележување на државниот празник 23 октомври-Денот на македонската револуционерна борба, кој во саботата помина во знакот на партиските поделби и препукувања.СДСМ ја обвини партијата на Груевски дека го партизира празникот, додека партиите од десницата ја критикуваа ВМРО-ДПМНЕ дека го узурпира историското име.
И додека владејачката партија се поклонуваше пред новоспоставените споменици на Гоце Делчев и Даме Груев на Плоштадот, лидерот на Обединети на Македонија, Љубе Бошкоски со соработниците положи цвеќе пред споемникот на Гоце во Градскиот парк.
Претседателот на државата, Ѓорге Иванов во своето обраќање по повод празникот, побара да се престане со дневно-политичките поделби.
" Само единствени и обединети околу стратешките цели ќе истраеме на нашиот пат. Пат кој води до целта која ги обединува граѓаните на Република Македонија, независно од нивната верска, етничка или политичка припадност", рече Иванов на свечена академија во Македонска опера и балет. Тој нагласи дека ниту еден државен празник не е пра��ник само на една политичка партија, ниту само на една вера или етникум.
Сите празници, рече тој, го симболизираат континуитетот на македонскиот стремеж кон слободата, а секој од овие празници е посветен на едно од скалилата по кои нашите предци се искачуваа за да го достигнат вековниот идеал, да живееме во слобода.
СДСМ во реакцијата по изјавите во врска со чествувањето на 23 Октомври, ја обвини владејачката партија за партиска прослава.
"Јавноста е повторно сведок на партиска прослава која промовира поделби на македонскиот народ, но и поделби во самата политичка десница која очигледно меѓу себе се натпреварува во присвојувањето на историските придобивки од овој датум, се наведува во писмената реакција.
СДСМ, како што се посочува, ниту во минатото, ниту денес, ниту во иднина нема намера да учествува во партиските прослави на ВМРО - ДПМНЕ.
На денот на ВМРО-ДПМНЕ, отровни стрели кон Груевски упатија екс претседателот Љупчо Георгиевски и лидерот на Обединети за Македонија, Бошковски.
Тие го обвинија Груевски дека го користи ВМРО за профитерство и ја брише неговата историја.
"Некој сака да ја избрише и новата историја на она што значи воскреснување на ВМРО-ДПМНЕ. Тоа веќе гледаме дека е тренд во последните две-три години, посебно кога станаа значајни за силата и основите на оваа партија. Се надевам дека Македонија ќе најде демократски капацитет, да зборува не само за формата туку и за содржината", изјави Георгиевски во Битола. Тој објави дека од 5-ти ноември почнува масовни средби со граѓаните, а ќе иницира измени на законот за територијална организација за нови општини во западна Македонија.
Љубе Бошкоски од Градскиот парк,пак, најави дека со бунтот на 7-ми ноември ќе почне пресметката на ВМРО со ДПМНЕ.
"Оваа групација ВМРО очигледно го користи само за маркетинг, оваа групација ВМРО го има како занает, како занимање за нивно профитерство, за профитерство нивно и на нивната фамилија", рече Бошкоски.
Премиерот Никола Груевски одби да ги коментира поранешните сопартијци. (П.Р)
Po povod praznikot Predsedatelot mu dodeli orden na Republikata na Cento. Moeto prasanje e slednoto: Cento ne sakal makedonskata vojska da se bori na Srem protiv germancite tuku da ja obedinuva Makedonija i da odi vo Solun. Zosto denesnava vlast, koja go velica Cento, ja praca vojskata vo Avganistan da se bori protiv talibancite a ne ja praca da ja obedini Makedonija. Ne se malku licemerni i kukavici?
Од: ФЕЛИКС
Датум: 25.10.2010 13:07:29
Опозиционерите без пренемагање и глуматање може да положат барем една роза на споменикот на Гоце,Даме и било кој друг.Не тоа не им оди од рака оти историјата почнува за нив од 1941 год.А можеби се на висински припреми за следното патувачко востание. Некако не им оди од рака востаниево,по се изгледа имаат борба со внатрешните скриени востаници кој спремаат свилен гајтан за некого.
Од: Јован АН
Датум: 25.10.2010 13:11:01
Кој е крив што опозицијата не сака да слави д р ж а в е н празник?Ако веќе не сакаат да слават,зошти ги користат бенефициите на тие празници?И после “партиски се делеле?!?“
Од: gragjanin
Датум: 25.10.2010 13:20:42
Kako prvo i najvazhno se slaveshe na pogreshen datum! 23. oktomvri po noviot kalendar e 4-ti noemvri po vazhechkiot. I Oktomvriskata revolucija bila vo oktomvri ama ja slavea na 7. noemvri. Vo nashata drzhava site praznici gi slavime po noviot kalendar. Ova ne e crkoven praznik pa da se praznuva po stariot kalendar. Bruka ili tolku im seche!
Од: ace od radisani
Датум: 25.10.2010 13:22:05
Navistina se prasuvav sto li praznik e vo minatata sSabota.Ce mi prostat tie koi ce sakaat da me kritikuvaat.Se raboti za pojmot na NAVIKNUVANJE na novi praznici.Bez nikakva namera da omalovazuvam,navistina ne uspeav da ovoj den go zapametam.Mozebi za nekoja godina podocna ce mi se vreze vo pametov ta nema da zaboravam.Vprocem MORA da pametam vakvi datumi.Vo 1903 godina mojot pradedo bil vo bitkata vo Krusevo.Vo 1944 godina vo edna bitka za sloboda na Makedonija pogina mojot striko.Ovie dve pricini mora da mi se vrezat vo akalot oti navistina se (barem za mene) sveti periodi na naseto bitisuvanje.A ovie politicari koi pokusavaat da soberat poeni i ednite i drugite se isti.Razlika nema,veruvajte mi.
Од: nekoj koj si ja saka drzavata
Датум: 25.10.2010 13:55:18
vo Makedonija za zal se e vozmozno,vakvi izrodi ne mi se veruva deka tuka se rodile
Од: Потсетување
Датум: 25.10.2010 14:03:28
На 23 октомври 1893 година е основан БМОРК (Б’лгарско македоно-одрински револуционерен комитет.Статутот го напишале Даме Груев и Гоце Делчев.Во него ,меѓу другото пишува :„Член на БМОРК може да биде всеки Б’лгарин,без разлика на пол и возраст,којто нап’лнил 20 години“.
Од: Ози
Датум: 25.10.2010 14:55:06
Вистинската македонска историја почнува од 1941 година. Пред тоа се било бесполезно и килаво млатење празна слама.
Од: Koки
Датум: 25.10.2010 15:17:11
Во сабота инспекциите вршеа таргетирана контрола на фирми. Пријателските фирми (оние блиски до власта) можеа да работат. Останатите драстично ги казнуваа.
И после празникот бил за сите, како да не, приказни за мали деца!
Од: јас
Датум: 25.10.2010 15:59:38
„Празникот“ во саботата , НАМЕТНАТ од неписменава власт , НЕ БЕШЕ И МОЈ ПРАЗНИК !!!! На 23 октомври 1893 година е основан БМОРК (Б’лгарско македоно-одрински револуционерен комитет).Самото име кажува СЕ’..Тоа не е празник на македонскиот народ , ами на оние кои се трудат да ја уништат Македонија...Затоа и пред некоја година , сосила го наметнаа тој празник...
МОРАВ и јас да го празнувам со затворање на мојата фирма , бидејќи контролите тој ден беа мошне ригорозни и тоа ЗАВИС КАКО ЗА КОГО !! Оние кои имаа портокалови пријатели или книшки , си работеа како и секогаш без гајле или некакви инспекции..
Од: некој кој си ја сака државата и знае зошто
Датум: 25.10.2010 16:03:25
Начинот на кој некој сака да создаде држава Македонија по свој терк е погубен и предавнички. Полуписмени љуѓе кои не прочитале ниту една книга во животот расправаат за историја и политика. Ако зборуваме за ваква Македонија каква сега ја гледаме тогаш единствен празник е АСНОМ . Тогаш за првпат и никогош пред тоа нема СЛУЖБЕНО , ЗАКОНСКИ ,Македонски јазик, Македонски Народ и Македонско (се со големи букви а не македонци ,македонско и слично како територија).Ние 1944 сме на страната на победниците , се пред тоа е магла и од тоа не треба да се срамиме туку да се гордееме. Тoа е горда Македонија!
Од: Stojko
Датум: 25.10.2010 17:43:18
@feliks> Be znam za istorrija, ama drzavotvornosta na Makedonija pocnuva od 1943. Ako gresam, ispravi me, ama so fakti.
Ic da ne sekiras za opozicija. glej si go to gazdata sto te plaka.
Од: karokan "gambit"
Датум: 25.10.2010 18:05:48
Ete,jas denes pominuvajki pokraj spomenikot na Goce Delcev,ostaviv edna fatka (grst) esensko cvece,
ona sto e malku pootporno na niski temperaturi i slana!!!!!!!
Mi se vazi li toa,Felix ili uste sega da pripremam
za dogodini.
Daj ti ckrtni mi vo spisokot deka sum stavil cvece,
se nadevem deka ne e grev sto toa e storeno
ne bas na potenciraniot den.
Ace od Radisani,ti uste utre da trknes i da polozis
i toa na dvata spomenici (Goce i Dame) i toa direktno vo race,da ne ne Felix ti zbrcka nekoja deka cveceto vsusnost si go polozil na konjite,a ne
na licnostite.
Patem ,bezvredno ti e spomnuvanjeto na dedo ti i striko ti (ne za mene se razbira-slava im),
koga istorijata pocnuva so ckrapanjeto na Felix po tastaturata.
Se nadevam deka nema i da zavrsi so zavrsuvanjeto na negovoto skriptrerstvo!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!
Од: 3G
Датум: 25.10.2010 18:07:30
Stom i Premierot se zalaga za sustinski pregovori i resenie na problemot so novo ime, jas preku sootveten sud i direktno od OON ke pobaram ne obestetuvanje(bidejki stetata od ovoj teror sto go pretrpev i trpam e nenadomestliva) da bide povlecena kratenkata BJRM(koja e moja licna tvorba) i da bide zameneta so novodogovorenoto ime-vzaemno prifatliv razumen kompromis. Za taa cel predlagam vo sostavot na makedonskiot pregovaracki tim pokraj oficijalniot pregovarac i premierot da bidat i Gorge Ivanov, BC, Ljubomir Frckoski, Vlado Buckoski, Denko Maleski, Radmila Sekerinska, Stojan Andov, Risto Nikovski, Branko Geroski, Zoran Andonovski i Todor Petrov. Za da ne ispadne deka jas imam monopol vrz imeto na Makedonija kako sto vlasta ima monopol da go sprecuva coveckoto pravo na referendum za imeto i so toa da ja krsi i narodnata volja.
Од: PRILEPCANEC
Датум: 25.10.2010 18:33:40
Почитувани ГРУЕВСКИ,ИВАНОВ и сите што мислите како нив,НИЕ НЕ го СЛАВИМЕ 23 Октомври,Празници на ПРОБУГАРИ и ОДНАРОДЕНИ МАКЕДОНЦИ како ТатаРчев,Христо Матов,ВанЧо Михајлов,Борис Сарафов ние не признаваме. Ние сме МАКЕДОНЦИ ,а не БУГАРИ,тоа на секого да му биде јасно.ЉУБЧО И ГРУЕВСКИ СЕ ИЗЈАСНИЈА ШТО СЕ АМИН
Од: Дете бегалче - во сопствената земја
Датум: 25.10.2010 19:37:31
Попрво ќе го славам Карпушовото востание,отколку формирањето на Бугарски Револуционерен Комитет!
Од: Сергеј
Датум: 25.10.2010 21:52:46
Целата своја „мегапопуларност“ партијата ДПМНЕ ја спечали бесрамно претставувајќи се како „наследник“ на македонската револуционерна организација (која патем, се самораспушти непосредно по Младотурската револуција?!). Тоа се случува две децении на назад, тоа се случува и сега. А „правото“ да го коистат ова име (од било кого) е обична узурпација. ВМРО не е политика, тоа е историја. Доста, „патриоти“, со минатото, зафатете се со сегашноста и иднината! ( http://otpor.log.ph/ )
Од: Turli tava
Датум: 25.10.2010 22:10:08
Se soglasouvam so mislenjata na nekoi prethodni komentari. Mnogu raboti na ovaj praznik se nakaradno postaveni i netocno intrepretirani. Najprvo datumot e 23. oktomvri po star kalendar, odnosno treba da se slavi na 4 noemvri po vazeckiot kalendar. kako vtori , na osnovackiot sobir voopsto ne e spomnato imeto VMRO no se formira BMORK. i kako treto na eden komentator Goce Delcev voopsto ne bil vo osnovacite na organizacijata , toj se priklucil pokasno po nagovor na Damjan Gruev. Dajte prestanete so iznesuvanje na lazni fakti,bideci so lagite samo podlaboko se zaglibuvame, a za se ova ima avtenticni pisani dokumentii svedocenja
Од: nacional-patriot
Датум: 26.10.2010 04:56:17
Do 3G.Nema da ima novo ime i se posakuva referencata da bide zameneta so vistinskoto ime Macedonia.Dokolku ima nov predlog od nadvor i e prifatliv za Atina,ke ima referendum vo Makedonija i predlogot ke bide odbien.Najverojatno nema da ima nov predlog,bidejki pregovorite se odamna vo kjorsokak.Sto se odnesuva za borbata na Makedoncite za svoja drzava,osven partizanite vo vtorata svetska vojna,Makedoncite vodele borbi i pred toj period.Tie borbi bile vo razloveckoto,kresnenskoto,ilindenskoto,i drugi vostania,gemigiite,VMRO,...
Од: Граничарот од Дебармаало
Датум: 26.10.2010 08:22:31
Море, незналици, кои себеси се крстите „Феликси“, за Гоце, Даме, Ѓ.Петров и другите вистински Македонци, џелати им беа Вмровци, како нашиве, кои работеле за својот Џеб. 2001, таквите, граница ставаа, за нашава Македонија на Групчин. Сега, 2010, истите (со нови фаци), границата, преку Буџетот, ја ставаат на Вардар, во Скопје.