Број 3376  понеделник, 06 септември 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Хороскоп
Што прават денеска

Site Meter
Втора страница

Поглед

Опомената на „Илинден“

Соња Крамарска

Бродот „Илинден“, што потона лани на 5 септември во Охридското Езеро, е побрз од македонските државни институции. Овој брод потона за три минути, повлекувајќи во смрт 15 бугарски туристи, а еве, една година по несреќата, се' уште е актуелен. Македонските институции кои ја истражуваат несреќата имаат брзина на полжав. Никако да ја забрзаат работата и да го доведат случајот до епилог.

Оваа бродска несреќа се случи затоа што некој, во трката за поголема заработка од турата за прошетка по езерото, ги игнорирал техничките ограничувања и наместо 43 патници, качил 56. Откако се случи „бродоломот“, дознавме и дека сертификатот за техничка исправност и пловна состојба, бродот го добил со гледање низ прсти.

Но, ако некој мисли дека и сега, една година по инцидентот, работите се поправени, се лаже. Бугарскиот јавен обвинител јавно ги прозива македонските власти дека не може се' уште да ги добие извештаите од аут��псијата на загинатите. Ако веќе процесот се одолжува пред македонските судови, бугарските институции сакаат кај нив да добие разрешница. Тие, за разлика од нас, веќе ја казниле организаторката на патувањето, бугарската газдарица на туристичката агенција.

Прашање на време е кога ќе заврши соседската пристојност и Бугарија ќе почне да ја прозива Македонија за бавноста на институциите околу овој случај низ бриселските коридори. Ниту Охрид, кој претендира да биде туристичка дестинација од европско реноме, а ниту Македонија не смеат да дозволат да се случи такво нешто. Туристичкото компромитирање на Охрид, едноставно, мора да престане. Затоа, македонските институциите треба да ги забрзаат своите дејства. За Македонија се работи.


#
Статијата е прочитана 1465 пати.

Испрати коментар


Најди! во Утрински
Втора страница
Мајка Тереза е патоказ на мирот и љубовта
Вербатим
Балканот во ЕУ дури во 2023 година?!