Број 2732  среда, 09 јули 2008
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Време
Хороскоп
Што прават денеска
Фељтон

Претходен број


Site Meter
На прво место

ЕУ ќе ја следи радикализацијата на Балканот

Брисел - Европската унија ќе го следи шверцот со оружје и производството на експлозивни средства во Западен Балкан, како дел од пакетот антитерористички мерки кои се дел од новите политики на Брисел. Иако се оценува дека Западен Балкан не е терористичка закана за Унијата, сликата за состојбата во регионот и натаму е црна, што не е голема препорака за визниот режим, ниту пак за изгледите за членство.

Во заклучоците донесени вчера од Европскиот совет во Брисел стои дека Балканот е една од главните рути за транзит на дрога, дека е извор на шверц со оружје како резултат на вишокот воени арсенали по конфликтите во деведесеттите, дека во државите има недоволна контрола на експлозивните средства и на објектите во кои се складираат тие и, како најсилно, дека организираните криминални групи во регионот се инволвирани во низа сериозни криминали со други организирани меѓународни криминални структури.

Затоа, ЕУ најавува ангажман околу натамошното јакнење на безбедноста против тероризмот во регионот, за да спречи радикализација и регрутирање на терористи, да оневозможи илегален пристап до оружјето и да ги ограничи криминалните врски. За почеток ЕУ ќе ја следи редовно состојбата околу користењето експлозиви произведени во Западен Балкан, степенот на радикализација на регионот, како и можните врски меѓу организираниот криминал и тероризмот, особено поврзани со шверцот на дрога како можен финансиски извор. За да се зголеми безбедноста и складирањето на оружјето ЕУ ќе даде експертска помош на земјите од регионот со која ќе се зголемат безбедносните стандарди. (С.Ј.)


Статијата е прочитана 615 пати.

Испрати коментар

Од: Georgi
Датум: 09.07.2008 03:14:40
Pa dragi gospoda Evropejci, pratete ja radikalizacijata na Balkanot za koja ste direktno vinovni. Toa e se posledica od getoizacijata na odredeni drzavi na Balkanot, izolacija koja trae eve 20god. Normalna posledica e da se radikaliziraat lugjeto koga nemozat da odat da setaat, rabotat i ucat vo EU. Nema sto da se cudat, premnogu e jasno. Uste pa i ne e nekoja preporaka za vizniot rezim, mizi da te lazam!!
Од: huhu
Датум: 09.07.2008 03:32:46
Tie sto ja sozdadoa ovaa "nestabilnost" seka ke ja sledele situacijata oh mori majko pateticno......Vo Evropa centar na nestabilnost otsekogas bil Brisel i EU tie bea ti sto ne gi pocituvaa preporakite na Badinter tie bea koj sozdadoa fantomska drzava- Kosovo....tie se istite koi i go negiraat osnovnoto Demokratsko pravo na Makedonija a toa normalno e imeto na nacijata i Drzavata...tie bea tie koi dozvolija vo imeto na "demokratijata" da se sozdade mafijaska drzava-Kosovo koja zivee od Droga sverc belo robje ...i sega ke monitorele da ne bese zalosno ke bese smesno
Од: velesanec
Датум: 09.07.2008 12:16:10
mislam deka brisel ima pravo sto kaza vaka!da ne zaboravime se i sesto sto ni se slucuva vo drzavava!i van drzava!normalno e eu oti vaka reagira nie sme diviot narod koj se naseli pred 720godini na balkan,a sme dojdeni site od karpati nie krademe lazeme ubivame koruptirame nesme voopsto cesni i dobri na evropa,samo ke i nastetime na nea! a samo znaeme da barame nesto od nea,mislam deka so ovoi specificen problem najubavo ke ni bese i voopsto da ne komunicirame so eu,sami da si ziveeme i sekoj sto ke dojde kaj nas od eu trebe da bide deportiran nazad nikoj ne ni treba!

Најди! во Утрински
Барај со НАБУ
На прво место
ДУИ и ВМРО-ДПМНЕ ја смируваат топката
Хелсиншки го осудува јавниот линч на Танески