Хороскоп
ОВЕН
Важните случувања се под контрола, но, сепак, вам ви останува да направите нешто повеќе. Одлично функционирате и редите само успеси. Одличен е периодот за склопување договори и финансиски трансакции. Уметничките склоности се силни, партнерот ве обожава.
БИК
Некој ви пречи да донесете одлука. Личноста за која станува збор се вплеткува се' повеќе во сферата на вашиот живот, па морате да и' дадете до знаење до каде може да оди. Ако продолжи со ова темпо, односите ќе се претворат во нешто што не се. Денот е одличен за духовни искуства.
БЛИЗНАЦИ
Тежок ден што бара максимална концентрација и многу одрекувања. Кога се наоѓате во слична ситуација, вие сте вистински мајстор и да излезете од неа. Работите до бесвест, иако резултатите не се баш видливи. Сепак, чувајте се, уморот може да влијае врз здравјето.
РАК
Уживавте и си поминувавте одлично, крајно време е да се фатите во костец со сериозните проблеми. Сите лоши нешта ќе ви се одразат на здравјето. Ова посебно се однесува на претерување во храната, пиењето и цигарите. Пожелно е да останете на диета.
ЛАВ
Пред вас е успешен период во сите сегменти на животот. Ако ја избегнете опасноста, како што се суетата и пречувствителноста во комуникацијата со околината, ќе биде одлично. Немате причина лошо да се чувствувате, па не измислувајте. Патот до внатрешниот мир е индивидуален.
ДЕВИЦА
Почнете да размислувате за штедењето токму сега кога изворите се' уште не ви се пресушени. Пари имате доволно, иако ги трошите во голема мера повеќе отколку што ви дозволува реалноста. Со партнерот ги смиривте страстите, па уживате во мирна атмосфера. Уметничките склоности се нагласени.
ТЕРЕЗИЈА
Се' изгледа напорно и крајно опасно. Негативниот став е последица на обврските за кои мислите дека не сте способни да ги исполните. Покрај срамежливоста, на списокот негативни особини што треба да се променат е и скромноста. Прифатете го предизвикот на еден Јарец.
СКОРПИЈА
Не знаете колку сте среќни. Се ви оди од рака. Дури и некои работи од кои дигнавте раце. Не претерувајте во барањата што му ги поставувате на партнерот, почнавте да го заморувате. Саканото лице ќе посака на момент да се дистанцира дури и од вас. Ништо алармантно.
СТРЕЛЕЦ
Со Биковите соработката ви е проблематична. Бидејќи сакате да доминирате, а не сте свесни со кого се фативте во орото, ќе имате неволји. Не ги користете слабостите на Бикот за да ги постигнете своите цели. Ако сакате да го менувате, ќе се сврти против вас.
ЈАРЕЦ
Сакате да се мрднете од мртва точка. Ќе завршите некои одамна започнати работи и ќе ја стекнате изгубената самодоверба. Бидејќи сте брзи на дело, останува време и за старите пријатели. Тие никогаш не се и нема да бидат заборавени, под услов трпеливо да се борат против вашиот намќорлак.
ВОДОЛИЈА
Не ви е тешко да работите, дури не ви паѓа тешко ни тоа што за трудот не сте адекватно наградени. До лудило ве доведува околината што седи со скрстени раце и држи предавања. Луѓето околу вас залудно се расправаат и ги оспоруваат вашите квалитети.
РИБИ
Ви се случуваат многу убави работи. Тоа се однесува на љубовта, креативноста, работата, заработката. Единствено можете да направите грешка ако во нешто претерате. Опасноста на денот лежи во неумереноста, пожелно е да бидете мудар и да запрете кога е најслатко.
|