Водњански канал ќе се покрие со бекатон плочи
Водњанскиот кана�� целосно ќе биде покриен со бекатон-плочи, а претходно ќе се постават цевки за атмосферска канализација, најавуваат градски власти, кои го реализираат проектот заеднички со Општина Центар. Покривањето на каналот, кој е поделен на два дела со вкупна должина од 400 метри, ќе се врши во две фази. Во тек е првата фаза од реализацијата на проектот, односно се поставуваат цевки за атмосферска канализација со профил од 1.000 милиметри. По изведбата на канализацијата, коритото на каналот ќе се поплочи со бекатон. Целиот проект чини седум милиони евра, пари обезбедени од општинскиот и од градскиот буџет. (Дс.Т.) |