Трамвајот е во рацете на унгарско-англиска компанија
Консултантот треба за една година да направи студија, проект и да најде ��онцесионер за изградба на трамвајот
Унгарската компанија „Вијалто консалтинг“ и Британците од „ЕЦ Харис ЛТД“ ќе ја изработат студијата, која ќе ја покаже оправданоста на проектот трамвај во Скопје. Од седум пристигнати понуди, Градот ја избра оваа заедничка понуда за која ќе плати 200.000 евра. Согласно со договорот, консултантите имаат рок од една година за да направат студија и проект и да најдат фирма концесионер што ќе го гради трамвајот.
„Ќе се работи фазно, а во првата фаза треба да се изработи целосна студија за концесинирање на трамвајскиот превоз. Во втората фаза ќе се изработува тендерската документација за концесионирање и ќе се ангажира на деловна афирмација на проектот во меѓународни рамки.
Во завршната фаза фирмата ќе се ангажира околу изборот на концесионер, изработката на договор за концесионирање, како и за неговото склучување“, објаснуваат градските власти.
Англиско-украинската студија, всушност, ќе биде втора студија што ја нарачуваат градските власти за проектот трамвај. За време на мандатот на претходниот градоначалник, Трифун Костовски, беше нарачана физибилити-студија, но, според Коце Трајановски, таа не е соодветна за реализација на целиот проект со оглед на фактичката состојба со инфраструктурата во градов.
Од Град Скопје информираат дека „ЕЦ Харис“ е една од доминантните англиски консалтинг-групации во областа на шинскиот превоз што досега проектирале и реализирале повеќе меѓународни проекти. „Вијалти консалтинг“, пак, е една од водечките компании на унгарскиот пазар за проектирање и изведба на шински линии. (Б.Ш.)
Do koga novinarite ke pisuvaat samo plasirani informacii, dokolku se proveri web-siteot na Vialto: http://www.vialto.hu/?akt_menu=2 moze slobodno da se vidi deka nemaat nikakva ekspertiza za proektiranje i izvedba na sinski linii, a kamo li da bidat lideri vo taa oblast.
Pred bilo sto da se objavi, proverete za sto stanuva zbor.
Од: robert
Датум: 24.11.2010 00:12:25
Auuu ne tramvaj, najekoloski se pajtonite. Em stocarite nesto kje kjarat, em kje imame konjski kolbasi na krajot. Em moderni se konjovite, Tramvajot e od 18ti vek i e pregolem za skopskata guzva... Samo pajton mu e majkata, a na konjite, po edna kjesa pod gazot. Denes se prazni kjesata na travnjakot na partizanska, utre na ilindenska, pa posle tamu konjte kje pasat. 100% ekologija. Svetot leta po vselenata a makedonija, troci po cetvrt milion evra za da i kazat kako da tramvajzira samo eden grad so tehnicko cudo od vremeto koga nikola tesla bil vo osnovno skolo