Хороскоп
ОВЕН
Повторно настапува желбата да се дружите и да бидете видени на ексклузивни места. Под услов да имате пари, ќе ги остварите своите замисли. Во спротивно, ќе најдете задоволство во малите работи. Она што ве одделува од другите е способноста да уживате во малите нешта.
БИК
Како и секогаш, несебично се трошите себеси кога работата е во прашање. До кога тоа ќе ве држи е неизвесно? Не се грижите доколку се изморите брзо, ќе заздравите бидејќи сте навикнати на пресврти. Љубовта ве повикува, а партнерот е нерамнодушен. Посветете му време и поразговарајте околу проблемите.
БЛИЗНАЦИ
Сите работи ги извршувате бавно, но темелно. Не сте свесни дека од своите проблеми тешко може да се оддалечите. Тие се на ниво на личноста и влијаат на потсвеста. Одлучувате да посетите лекар иако тоа не ви е по волја. Размислете за патување, можеби надвор од земјата кај некој пријател.
РАК
Убавите нешта ги доживувате на погрешен начин. Тоа вас ве прави незадоволни. Како да не умеете да уживате. Многу припадници на овој знак имаат проблем да се олабават и да уживаат во она што моментите им го нудат. На партнерот му е потребно вашето внимание. Препуштете се и уживајте во љубовните мигови.
ЛАВ
Влеговте во криза предизвикана од наглиот пад на имунитетот. Ви недостига волја и сила да се изборите со моменталните проблеми. Многу фантазирате, но е извесно дека половина од тоа нема да го реализирате. Она што е повеќе од веројатно е склоноста кон вирусни инфекции.
ДЕВИЦА
Немате потреба однапред да се грижите за нешто што допрва треба да се случи. Ваше е да дадете се' од себе, што не значи дека во потполност можете да влијаете на конечниот исход. Морате да прифатете и победа, но и пораз. Зголемете ја самодовербата.
ТЕРЕЗИЈА
И натаму сте во фаза на вљубување. Бидејќи не можете да се контролирате, сакате да дојдете до некој не размислувајќи за последиците. Можноста за повреди е евидентна, па би требало да внимавате. Не се исклучени ни здравствените проблеми поврзани со срцето. Мора да ја совладате својата нетрпеливост.
СКОРПИЈА
Бидејќи долго работевте напорно, сакате да се олабавите и да уживате. Никој во тоа не може да ве спречи. Денес фантастично се чувствувате и се препуштате на нешта што ве прават задоволни. За некои тоа е љубов, а за некои пријатни моменти поминати во друштво.
СТРЕЛЕЦ
Полни сте со елан и желба да ги решите вашите животни проблеми. Оптимист сте, но не претерувајте во тоа. Бидете свесни за тоа дека се' уште не е добар моментот на нешто да ставите точка, да повлечете линија �� да тргнете од почеток. Трпението е пожелно во оваа ситуација.
ЈАРЕЦ
Емотивни сте и духовно инспирирани. Во секоја работа се обидувате да ја внесете вашата душа. Тоа колку сте сфатени од околината почнува да ве оптоварува. Свесни сте за себе и за сопствените квалитети. Не откажувајте се, иако знаете дека до успех ќе дојдете со големи маки.
ВОДОЛИЈА
Мора во се' да го активирате разумот. Срцето почнува да ве издава и да ве доведува во ситуација, која ни малку не е завидна. Кога ќе сфатите дека сте излажани, може да биде премногу доцна. Често го менувате расположението, но таквиот пристап е од минлив карактер. Бидете внимателни во комуникацијата со околината.
РИБИ
Работите се под контрола. Интуицијата ви говори дека сте на вистински пат и дека проблемот ќе го решите со разум и со трпение. Новите работи не ги извршувате лесно, иако ги нема, но затоа успешно се борите за нешто што одамна сте го започнале. Здравјето ви се подобрува.
|