Што прават денеска
Зоран Џорлев
дир. на ДМБСУ „Илија Николовски - Луј“
Веќе започнаа подготовките за новата учебна година, па претпладнево сум ангажиран со директорските обврски во училиштето. Затоа попладне најлесно ги поднесувам жештините во семејниот амбиент и настојувам да не излезам од дома.
Ѕвезда Ангеловска
актерка и режисерка
По кусиот престој во Битола, Охрид, Струга и посетата на Девич, сега сум веќе во Скопје. Преку ден работам на мојата докторска теза, а доцниве августовски горештини ме мотивираат да си останам дома. Дружењето со пријателите е најпријатно навечер, со пијалак во Старата чаршија или во Дебар Маало.
Ламбе Алабаковски
пејач
По успешниот концерт и сите летни настапи, втората половина на август ја минувам во родната Преспа. Уживам и се одморам во друштво на семејството и на старите пријатели. Овој домашен престој ми е неопходен за полнење на батериите со енергија, што ми е толку потребна за претстојните обврски. |