„Во претстојните недели и месеци ќе се обидеме да реагираме како посредник“, изјави Летерм
Белгија вчера се промовираше како можен посредник во спорот за името, заедно со медијаторот од ОН, Метју Нимиц. Белгискиот премиер во заминување, Ив Летерм, по средбата со македонскиот премиер Никола Груевски, кој се наоѓа во посета на Брисел, изјави дека „Белгија како претседавач со ЕУ, во координација со Нимиц, ќе се обиде да посредува за решавање на спорот за името“.
„Во претстојните недели и месеци ќе се обидеме да реагираме како посредник во соработка со медијаторот Нимиц и се надеваме дека со искрени иницијативи и од белгиска страна ќе успееме да промовираме решение“, рече Летерм.
Белгискиот премиер порача дека неговата земја има големо искуство во решавањето на ваквите чувствителни досиеја и оти притоа ќе се однесува со почит кон двете позиции, како кон онаа на нашата земја, така и кон грчката влада.
„Длабоко сум уверен дека ќе најдеме решение, мислам дека народот го заслужува тоа и Европа го заслужува тоа“, изјави Летерм, надополнувајќи дека иднината на нашата земја е во Европа, но и оти ЕУ нема да биде е целосна без Македонија.
Македонскиот премиер по средбата со Летерм изјави дека Македонија дава максимум за да се најде решение, но дека, сепак, тоа не зависи само од македонската страна.
„Сепак, ова прашање не зависи само од нас и само од Нимиц, туку можеби во голема или најголема мера зависи и од напорите што ќе ги презема во иднина грчката влада“, изјави Гуревски. Според него, со тоа македонската Влада не сака да каже дека е ниту оптимист ниту песимист, туку дека сака да продолжи преку процесот на посредникот Нимиц да се бара решение кое ќе ги нормализира односите со Грција и кое ќе ја деблокира земјата. Како што порача македонскиот премиер, нашата страна сака тоа да биде решение што би било прифатливо за двете страни и особено за граѓаните на Македонија.
Пред само две недели медиумите ја пренесоа изјавата на белгискиот шеф на дипломатијата, Стивен Ванекере, дека белгиското претседателство со ЕУ има сигурни информации оти спорот за името ќе се реши за неколку недели. Ванекере тогаш изјави дека имал контакти со важни луѓе од областа на надворешните работи и дека на сите им е јасно дека дискретните преговори меѓу Македонија и Грција можат да доведат до решение на спорот.
„Но, треба да бидеме дискретни, ова е нешто што би требало да се реши во следниве седмици, нема да давам изјави кои би можеле да му наштетат на процесот, но мислам дека ќе се изнајде решени“, изјави тогаш белгискиот министер за надворешни работи.
Посетата на Груевски на Белгија, која е возвратна на онаа на Летерм на Македонија пред неколку месеци, според двајцата премиери ги потврдила одличните билатерални односи, што резултираше вчера и со заемно потпишување Договор за избегнување двојно оданочување.
Летерм и Груевски разговарале и за прашања поврзани со економската соработка, при што двајцата премиери искажале, пред се', подготвеност за засилена економска соработка во иднина и белгиски инвестиции и во Македонија.
Латерм разговарал со Груевски и за реформскиот процес во земјава на патот кон ЕУ, при што, како што пренесува МИА, тој му честитал на Груевски и на Владата за „импресивната работа што ја направија“. За него особено импресивни биле реформите од областа на правосудството, економијата и образованието.
„Во однос на реформите во правосудството, Владата на Груевски работи многу поефикасно од многу земји во Западна Европа, а особено од белгиската влада“, изјави премиерот на Белгија. (Т.Г.)
vmro samo glumi da proadja vreme da im bilo gajle za maked ce potpisaa ustye vo dekemvri.....vaka na golemo moze da kradat mdejidr so gradbite spomenici i sekakvi glupavstini....vo eu ima revizori se se znae za sekæoj denar toA E GLAVNA PRICINA STO VMRO NE SKA EU
Од: Iskusen karieren diplomat od MNR
Датум: 07.07.2010 01:28:47
Gruevski, pak zgreshi! Samo preku Megunarodniot sud, na linija RM-OON, mozhe da se reshi problemot so imeto! Samo preku sovetodavnoto mislenje na Megunarodniot sud vo Hag. Vaka povtorno pagash vo stapicata na EU i grckite sojuznici ili istomislenici!
Од: pameten
Датум: 07.07.2010 06:22:45
сигурни информации оти спорот з�� името ќе се реши за неколку недели. I FYROM morashe da bide vo upotreba za nekolko nedeli... Sporot ne mozhe da se reshi so dodavka, toku so razjasnuvane ne istorijata. Sekoja drzhava ima pravo sama da si go izbere imeto, no ne mozhe da si go promeni potekloto. A antichkite civilizacii pripagjat na site. "Moi" se i Akropolot i Machu Picchu. Narodite ne se otsekogash za sekogash. Makedonskiot narod, kako i Avstraliskiot, se formirale vo 20 vek, no imat istoto pravo na idnina kako i najstarite narodi. Inako idninata na Makedonija so Albancite kje bide kako taa na Belgija. Mora da sme spremni i za ovoj razvoj.
Од: Mitre od dolnodupeni
Датум: 07.07.2010 07:32:03
Македонија има искусен дипломат од кариера.? Дека прават кариери е сигурно но дека се успешни тоа е несигурно.А ова политиката ќе се решавала на суд? Ајде ве молам.Да било така зошто советот на безбедност чека одлука т.е. решение од преговорите, а и ветото што постои е законски и правно.Па со него во ОН се покриваат многу неправедни постапки.
Од: marija
Датум: 07.07.2010 07:43:17
Zosto Gruevski nemal sredba so premierot na Belgija, tuku so premier koj e "na zaminuvanje", a pofalbite koi mu gi dal za impresivna rabota i "vidlivi " rezultati vo oblasta na pravosudstvoto,ekonomijata, pa samo makedonskiot narod gi znae tie rezultati i kakov zivot denes zivee, a ne pemierot "vo zaminuvanje"....
Од: Ајван Доктор® -До: Премиерот на Белгија
Датум: 07.07.2010 08:58:11
Господине, Ајде да се менуваме! Јас ќе дојдам да живеам во вашето зло, а Вие, Повелете во мојот Рај!
Од: нерон
Датум: 07.07.2010 09:15:50
белгија сака да научи како се прави бајрам сам со себе, како што прават овие фанатазери на вмро........
Од: gledac
Датум: 07.07.2010 09:23:24
Господинот чија влада падна си бара ново работно мест, па затоа го фали нашиот `реформист` за постигнатите резултати.
Од: Трпе
Датум: 07.07.2010 09:28:45
Со обеќање куќа не се гради.Треба убаво да се засукат ракавите,ако се сака вистински да се заврши работа.Присетете се на секојдневни примери,кога некој пријател,роднина или комшија го снашла несрека,сите првиот ден обеќат дека ке им помогнат и не ги остават сами.Се тоа е време да си мине,да си мине и да се заборави.
Од: Daliborka
Датум: 07.07.2010 10:12:31
Treba da se iznajde resenie, no ne po sekoja cena.Ako nasite juzni sosedi imaat svoi baranja i crveni linii i nie imame.Zatoa ovoj problem koj e seriozen treba da se resi na Megunarodniot sud vo Hag, i da se sprovrede referendum 100% makedonskiot narod ke saka da si go zadrzime imeto R.MAKEDONIJA toa e naseto ime se slozuval nekoj ili ne.Se drugo e farsa.Doagaat stranski delegacii ne tapkaat po ramo ke se resi, sakame da se rsi se e toa iluzija...
Од: b
Датум: 07.07.2010 10:22:17
Страмота за белгискиот Премиер. Па зар може да прима човек кој во својата земја не ги почитува институциите на својата земја?
Од: Saso Germanija
Датум: 07.07.2010 10:31:16
Gospodin Gruevski, ako go prasas makedonskiot narod, koj so puska vo raka ja sozdavase Makedonija za vreme na Vtorata svetska vojna, toj
ke ti odgobvori deka najdobro resenie za imeto e
da ne se donse nikakvo resenie. Imeto ne podlega
pod diskusija. Znaci nema resenie, toa e veke
reseno 1943 za vekovite. Ne se be lazi sebesi i
narodot, ako ovoj e tvoj.
Од: Cairska banda - Smrk
Датум: 07.07.2010 12:00:33
Breeeeeeeeee, ke se sretnat dvajcava B.C. i N.G. nekade vo EU, ke si ispazarat, ke se napijat kafence, ke si rucaat (na drzavna smetka) i ke se dogovorat za sto sledno ke se karaat (ova poslednovo na srpski - za narodot)